Синот на Синди Крафорд е кремиран неколку дена по ненадејната смрт - Канал 5

Синот на Синди Крафорд е кремиран неколку дена по ненадејната смрт

Пресли Гербер беше кремиран неколку дена по неговата ненадејна смрт во рехабилитациски центар во Санта Моника, според неговата умреница до која дојде  TMZ. 

Синот на Синди Крафорд е кремиран неколку дена по ненадејната смрт

Според документот, кремацијата се случила во погребалниот дом „Роуз Фемили“, а неговата пепел ќе се чува во домот на неговите родители, Синди Крофорд и Ренде Гербер, во Малибу.

Официјалната причина за смртта сè уште се чека

Иако обдукцијата е завршена и телото кремирано, сè уште се чекаат резултатите од токсиколошките тестови, кои треба да помогнат во утврдувањето на официјалната причина за смртта. Затоа, причината за смртта сè уште не е утврдена.

Во меѓувреме, семејството го подготвува последното збогување, кое треба да се одржи оваа недела во тесен круг на семејство и најблиски пријатели. Според достапните информации, сè уште не е одлучено дали церемонијата ќе се одржи на гробиштата Форест Лоун или во Презвитеријанската црква во Малибу.

Тој се борел со зависност со години

TMZ првпат објави дека Пресли бил пронајден мртов во својата соба во луксузен рехабилитациски центар во неделата. Извори на тој портал тврдат дека кога пристигнал во институцијата, се однесувал како да е под дејство на опијати. Тие исто така наведуваат дека не е невообичаено луѓето кои се борат со зависност да консумираат дрога веднаш пред да започнат со третман.

Според истите извори, Пресли со години се борел со зависност од кетамин. Наводно му го препишал лекар, на што неговото семејство остро се спротивставило.

Извори блиски до Герберови тврдат дека семејството е „целосно уништено“ од смртта на Пресли и дека нивните долгогодишни пријатели Џорџ и Амал Клуни се со нив. Според TMZ, Клуни редовно ја посетуваат сестрата на Синди Крофорд и Пресли, Каја Гербер, за да ја покажат својата поддршка.

Додека се подготвуваат за последното збогување, според изворот, најважно за семејството е да останат заедно и да се справат со загубата на приватноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Муцунски чита некој друг извештај

Муцунски чита некој друг извештај, ЕК вели дека состојбата со правосудството и медиумите е катастрофа и постои висока корупција во Владата.

СДСМ: Муцунски чита некој друг извештај

Муцунски вели дека ЕК потврдува видлив напредок во повеќе области. Кој извештај тој го чита?

Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок во слободата на изразување.

Нула напредок во спроведување на јавните набавки. Судството и медиумите се под политичка опсада.

Корупцијата е на високо ниво и останува широко распространета и сериозна причина за загриженост.

Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост.

Муцунски вели - „тоа не се критики, туку насоки“.

Во најважниот кластер - Темели, има чиста нула. Во девет други области оценката е пониска од лани. Тоа не се насоки. Тоа е дијагноза за пропаѓање.

Реформите во правосудството и борбата против корупцијата „не зависат исклучиво од извршната власт“, вели Тимчо.

Да, зависат од тоа дали власта ќе престане да врши притисок, да дава нарачки и да ги држи предметите во фиока.

Извештајот токму тоа го нотира: политичко мешање, провокативни изјави за „чистење“, лични критики кон судии и обвинители.

Муцунски бара „сигурен и предвидлив европски пат“. Патот е блокиран токму затоа што правосудството е под опсада, корупцијата е недопрена, а Алта банка покажа како се донесуваат сомнителни пари под нос на граѓаните.

Извештајот не лаже. Сè е полошо и полошо. И ќе станува се полошо додека бандата ја држи касата и ги блокира истрагите.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Болоњезе шпагети

Во петок (30.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Срна Шекерова.

„Гответе со Дракче“ - Болоњезе шпагети

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 морков

1 главица кромид

400 мл. доматно пире

400 гр. мелено месо

3 чешниња лук

3 лажици маслиново масло

половина чаша црвено вино

100 гр. пармезан

сол, бибер и босилок

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одреден притвор за девет припадници на МУП на Србија осомничени за насилство

Судијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите им определи мерка притвор.

Одреден притвор за девет припадници на МУП на Србија осомничени за насилство

На осомничените Игор Жмириќ и други им е одреден притвор поради опасност од попречување на постапката и вознемирување на јавноста.

Судијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите Игор Жмириќ, В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В. и М.В. им определи мерка притвор, која според таа одлука може да трае најмногу 30 дена.

Притворот за обвинетите В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В., И.Ж. и М.В. е определен врз основа на законски причини пропишани во одредбите од член 211, став 1, точки 2 и 4 од Законот за кривична постапка, односно поради постоење посебни околности кои укажуваат дека обвинетите, доколку се на слобода, ќе ја попречуваат кривичната постапка преку влијание врз сведоците.

Исто така, земено е предвид постоењето на основано сомневање дека сториле кривично дело со елементи на насилство, за кое е пропишана казна затвор во траење подолго од пет години, при што начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело предизвикале вознемиреност кај јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка.

Против наведената одлука е дозволена жалба до кривичниот вонрасправен совет на Првиот основен суд во Белград, во рок од три дена од денот на приемот на одлуката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер