Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината - Канал 5

Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 22 часот и 18 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција

Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 22 часот и 18 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9.

Земјотресот беше почувствуван во југозападните делови на Републиката, Битола, Ресен и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме јавете се на 112.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ. Во обраќањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ тој  повика на сплотеност, меѓусебна доверба и заедничка работа.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ

-Не мора секогаш да мислиме исто. Не мора секогаш да се согласуваме. Но мора да знаеме што нè спојува. Тоа се нашите принципи, одбраната на социјалдемократијата и борбата за достоинствен живот на граѓаните - порача Герасимовски.

Повикот за сплотување доаѓа откако вчера претставниците на платформата „Разговори за иднината во 12:05“, поранешните функционери на СДСМ – Игор Ивановски, Никола Ќуркчиев, Андреј Петров, Емилијан Станковиќ, Гордан Георгиев и актуелната пратеничка, а поранешна министерка, Славјанка Петровска најавија дека почнувајќи од следната недела, пред лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ќе биде претставен план за консолидација на најголемата опозициска партија и за окрупнување на опозицискиот фронт во кој еден од условите ќе биде и негово повлекување од лидерската позиција.

Доколку Филипче не го прифати ова, тогаш ќе следуваат други решенија.

Филипче, синоќа пред седницата на Централниот одбор на партијата на новинарско прашање за повикот од членовите на партијата за негово повлекување и одговорност, Филипче им порача да се вразумат, бидејки според него не станува збор само за иднината на СДСМ, туку во прашање е и иднината на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија ги забрани бурките и никабите во училиштата и воведува ограничувања за странските студенти

Италијанската влада донесе уредба со која се забранува носење бурки и никаби во училиштата и се ограничува бројот на ученици со слабо познавање на италијанскиот јазик во поединечни паралелки.

Италија ги забрани бурките и никабите во училиштата и воведува ограничувања за странските студенти

Премиерката Џорџа Мелони ги опиша новите мерки како „разумни алатки што не создаваат поделби, туку всушност помагаат во интеграцијата“.

Во видео објавено на Инстаграм, Мелони ја образложи одлуката. „Прво, забраната за бурки и никаби во училиштата. Да бидеме јасни, не станува збор за марама за глава, туку за облека што го покрива лицето. Во училиште се оди со откриено лице. Никој во Италија, во име на каква било вистинска или наводна традиција, не смее да има право да принудува девојче да се крие“, изјави премиерката.

Забраната се однесува исклучиво на бурка – превез од едно парче што го покрива целото тело и лицето, често со мрежа преку очите – и на никаб, превез што го покрива лицето, но остава отвор за очите. Носењето хиџаб – марама што ја покрива косата, но го остава лицето видливо – и понатаму е дозволено.

Министерот за образование Џузепе Валдитара нагласи дека забраната за никаб и бурка е прашање на родова еднаквост.

Премиерката Мелони додаде дека станува збор и за безбедносно прашање. „Всушност, такви правила постојат во разни европски земји, а ќе ви кажам и повеќе – дури и некои земји со мнозинско муслиманско население ги имаат“, рече таа, како што пренесе Би-би-си.

Уредбата исто така воведува ограничување од 30 проценти за бројот на деца кои немаат италијанско државјанство или имаат слабо познавање на италијанскиот јазик во паралелките од прва година во основните и средните училишта.

Целта, според Мелони, е „да им се даде на овие деца вистинска можност за интеграција“ и да се избегне создавањето на „гето-паралелки“, објасни министерот Валдитара.

Според податоците на истражувачката фондација ISMU, странските државјани сочинуваат 11,6 проценти од учениците во италијанските училишта. Ограничувањето ќе се применува различно во зависност од нивото на образование. Во основните училишта, тоа ќе се однесува на странски државјани кои не се родени во Италија или не посетувале италијанска градинка најмалку две години. Во средните училишта, правилото важи за ученици без италијанско државјанство кои немаат завршено најмалку три години школување во рамките на италијанскиот систем.

Локалните училишни власти ќе имаат обврска порамномерно да ги распоредуваат учениците со слабо познавање на јазикот меѓу блиските училишта. Таму каде што тоа не е можно, ќе се прават исклучоци, но ќе биде задолжителна дополнителна настава по италијански јазик.

Според нацрт-законот за кој известува новинската агенција ANSA, училиштата ќе бидат должни да ги пријавуваат до социјалните служби случаите во кои јазичните бариери на родителите ја попречуваат интеграцијата на детето. На родителите кои не можат да комуницираат со училиштето поради недоволно познавање на јазикот, ќе им бидат понудени бесплатни курсеви по италијански јазик до ниво А2.

Предвидени се санкции за оние што ќе изостануваат од наставата без оправдана причина откако претходно добиле предупредување.

Мерката беше усвоена како уредба со законска сила, што значи дека стапува на сила веднаш, иако Парламентот мора да ја ратификува во рок од 60 дена. Забраната за покривање на лицето во училиштата ќе се применува почнувајќи од учебната 2026/2027 година, додека ограничувањето на бројот на странски студенти ќе стапи на сила од учебната 2027/2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време.

Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници.

Премиерот вчера остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ: На средбата разговаравме за актуелните состојби во регионот, значењето на добрососедските односи, унапредувањето на соработката и заедничките интереси кои придонесуваат за стабилност, развој и просперитет на нашите народи - објави премиерот Мицкоски на фејсбук.

Тој во објавата наведува дека продолжуваат со отворен дијалог и конструктивна соработка во насока на јакнење на регионалното поврзување и европската перспектива на Западен Балкан. Мицкоски вчера присуствуваше и на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година..

Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на нато членките, во знак на солидарност со САД..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер