Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
2Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
3Прифатена предлог-резолуцијата на ДОМ за регулиран развој на дата-центрите од Европската зелена партија
2 Три едноставни начини да го победите стресот - стручни техники што може да ги применувате секој ден
МакедонијаПремиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОНПремиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време. Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници. Премиерот вчера остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ: На средбата разговаравме за актуелните состојби во регионот, значењето на добрососедските односи, унапредувањето на соработката и заедничките интереси кои придонесуваат за стабилност, развој и просперитет на нашите народи - објави премиерот Мицкоски на фејсбук. Тој во објавата наведува дека продолжуваат со отворен дијалог и конструктивна соработка во насока на јакнење на регионалното поврзување и европската перспектива на Западен Балкан. Мицкоски вчера присуствуваше и на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година.. Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на нато членките, во знак на солидарност со САД..Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаТрајков: Европската интеграција останува стратешки приоритетЗаменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков синоќа учествуваше на 25. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија- Европска Унија.Во рамки на дискусијата заменик-министерката ги презентираше актуелните процеси и приоритетите на Владата во европската интеграција на земјата, со посебен фокус на реформите, владеењето на правото и исполнувањето на обврските поврзани со пристапниот процес. „Нашата европска перспектива не е само политичка цел, туку процес кој бара континуирана, координирана и посветена работа од сите институции. Токму ваквиот институционален дијалог со европските партнери е важен за да ги претставиме постигнатите резултати, но и отворено да разговараме за обврските што ни претстојат“, истакна заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков. Таа порача дека целта на Владата е преку отворен дијалог со европските институции и со Собранието да придонесеме кон забрзување на реформскиот процес и напредокот на Македонија на европскиот пат. “За Македонија, токму ова е значењето на процесот на европската интеграција: реформи дома, интеграција со Европа и опипливи подобрувања во секојдневниот живот на нашите граѓани. Во исто време, геополитичката средина нè потсетува дека проширувањето не е само економски проект. Посилен, поинтегративен и поотпорен европски континент е сè поважен за нашата заедничка безбедност и стабилност. Западниот Балкан е дел од Европа – географски, историски и стратешки “– нагласи Трајков. Во рамки на синоќешната сесија се разговарашеза односите меѓу Европската Унија и Македонија, тековните активности во процесот на европска интеграција, како и за клучните реформски области од значење за напредокот на земјата. Особено внимание во агендата беше посветено на владеењето на правото и борбата против корупцијата, области кои се меѓу значајните теми во процесот на пристапување кон Европската Унија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ФудбалДебито на Клоп на германската клупа. Еве како светските медиуми го опишаа неговото враќањеДебитантскиот натпревар на трофејниот Јирген Клоп на клупата на германската репрезентација во Амстердам заврши без победник. Германија водеше во поголемиот дел од мечот, но голот на Коди Гакпо во судиското надополнување ѝ донесе реми (1:1) на Холандија во натпреварот од Групата 1 на Лигата А во Лигата на нации. Овој натпревар беше и деби за Чави Ернандез како нов селектор на Холандија, а предизвика и бројни реакции во светските медиуми. Дел од медиумите го насочија вниманието кон однесувањето на Клоп покрај теренот. Англискиот весник „Телеграф“ истакнува дека тој ги „полни батериите“ откако во јануари 2024 година најави заминување од Ливерпул поради замор. Весникот го опишува како енергичен тренер кој страсно слави, мавта со рацете и постојано комуницира со играчите во обид да го врати статусот на Германија како фудбалска велесила. „Гардијан“ додава дека Клоп го добил она што го предвидел – „бурно“ деби и борбена игра, но во рамките на еден „чуден, неповрзан и понекогаш вознемирувачки хаотичен натпревар“, кој исто така донесе нова загриженост поради повреди. Францускиот весник *L'Équipe* го опиша натпреварот како „забавен дуел што потсетуваше на боксерски меч, во кој противниците немилосрдно разменуваа удари“. Според нивната анализа, секој тим имаше свои рунди и моменти на слабост, а во одредени периоди и двете екипи беа „на работ на нокаут“. *L'Équipe* заклучува дека, доколку победникот се одредуваше на поени, Холандија ќе триумфираше. Швајцарскиот весник *Blick* го нарече натпреварот „лудо дерби“, истакнувајќи дека тимот на Клоп имал многу среќа, иако на крајот сепак ја испуштил победата. Повеќето медиуми се согласуваат дека конечниот резултат бил реален одраз на случувањата на натпреварот. Холандскиот весник „AD“ пишува дека поразот за новиот тренер Чави долго време изгледал неизбежен, но дека голот на Гакпо бил „целосно заслужено израмнување“. „De Telegraaf“ се согласува со тоа, истакнувајќи дека ерата на Чави започнала со „целосно заслужено реми“. Италијанскиот „Corriere dello Sport“ накратко наведува дека „новата ера за двете репрезентации започнала со поделба на пленот“. И шпанските медиуми истакнуваат дека Холандија заслужила повеќе. „AS“ пишува дека „Клоп го преживеал Чави“ на натпревар на кој домашниот тим требало да победи, но успеал да го совлада голманот Тер Штеген дури во завршницата. „Sport“ додава дека на дебито на Чави „недостасувала само победа“, бидејќи домаќините доминирале и успеале да ги надминат одбраните на Тер Штеген, ВАР-системот и контроверзниот гол на Нмеча. „Marca“ заклучува дека голот на Гакпо во 92. минута „го разубавил дебито на Чави против Клоп“. Австрискиот „Kronen-Zeitung“ пишува дека „Холанѓаните ја расипале забавата на Клоп“, додека „Le Figaro“ забележува дека „Холандија ја фрустрирала Германија на Клоп“.Тагови: Јирген Клоп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураМакедонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола. „Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија, во чиј фокус се борбата за вистината, слободата на новинарството и обидот да се зачуваат личниот и професионалниот интегритет во општество во кое политиката, криминалот и медиумите се длабоко испреплетени. Сместен во корумпиран режим каде што се појавува компромитирачко видео за автократ, филмот следи двајца новинари во движење - бркани од сенките и од времето. Приказната се одвива без ред, при што времето се искривува повеќе од притисок отколку од стил -каде што вистината е морално двосмислена, а правдата е главно прашање на тајминг. Во свет, во кој, секој има тајни за криење, поседувањето на туѓата тајна претставува нова валута, со која, може да се тргува и обезбеди нечија пропаст. Меѓутоа, во играта со оган, ретко кој останува неизгорен. Идејата за филмот е на Срѓан Јаниќијевиќ, а сценариото го потпишуваат Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски. Главните улоги ги толкуваат Никола Ристановски и Дарја Ризова, а во актерската екипа се и Сашко Коцев, Сара Сандева и Оливер Митковски. Директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер е Mартин Иванов, композитор и автор на музиката е Игор Василев Новоградска, дизајнер на продукција Иван Бартлинг, костимограф Лидија Георгиева, дизајнер на филмска шминка Снежана Ангеловска Живковска, а дизајнер на звук е Дарко Спасовски. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Извршен продуцент е Сашо Пешев, а реализиран е во продукција на „Ново македонско видео“ и „Њу момент“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook