СДММ: „Твоја држава, твоја шанса“ - за младите: 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан
2СДММ: „Твоја држава, твоја шанса“ - за младите: 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан
3Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
МакедонијаПазарната инспекција минатата недела казнила 56 угостителски објекти и казина во кои се пушелоНад 100.000 евра ќе се слеат во државната каса од казните на кафеаните и казината во кои инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, во текот на минатата недела, затекнале пушење цигари внатре, на недозолено место. Највисоката казна е 4.500 евра, а најмалата за овој прекршок е 2.000 евра, па ако се направи група математика со најнискиот износ кој треба да го платат околу шеесетина објекти во кои инспекторите утврдиле непочитувања, тоа се 112000 евра. Од Државниот пазарен инспекторат за Канал 5 информираат дека минатата недела низ Македонија инспекции имало во вкупно 200 објекти, а прекшувања се утврдени во 56. Оттаму најавуваат засилени контроли, па апелираат и до граѓаните да внимаваат во кој дел од кафеаните палат цигара, бидејќи за нив казната е од 100 до 300 евра. -Заради зголемениот број на пријави од страна на граѓаните за пушење во јавните простории, напоменуваме дека пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично). Казните се високи, па токму затоа даваме апел и известување до правните субјекти врз кои се врши контролата, законот да се почитува, а граѓаните доколку забележат прекршувања да го искористат своето законско право поднесувајќи пријава до Државниот пазарен инспекторат.-ДПИ. Во меѓувреме, дел од угостителите кои ги контактиравме не сакаа да говорат јавно, но во телефонски разговор признваат дека во голем дел од кафеаните, законот не се почитува. Оние пак кои тврдат дека се придржуваат до правилата, сметаат дека треба да се отвори дебата да им даде можност на угостителите право на избор, па тие да одлучат дали ќе се дозволи пушење на цигари во целиот објект, односно да има кафеани во кои ќе се пуши и такви во кои пушењето воопшто нема да биде дозволено. Сепак ни тие не сакаат да говорат во камера, а со став не се одважуваат ниту од комората на угостители. Пред четири години, во 2018, кога СДСМ дојде на власт го смени Законот за заштита од пушење, па се дозволи пушење на цигари во затворени стакларници на кафеаните и кафулињата што само наликуваат на тераси. Со ова се отвори можност да се манипулира со навидум затворени делови на објектите. Инаку, со првичниот Закон, донесен кога премиер беше Груевски, терасите на рестораните и кафулињата не смееја да бидат целосно затворени. Сега, кафулињата кои речиси и не инвестираат во соодветна вентилација, повремено ги луфтираат просториите преку отворените покриви во импровизирани тераси, кои всушност се црвста градба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24
СветАларм на Балтикот: Руски авиони забележани во близина на ШведскаШведските вооружени сили соопштија дека два пара борбени авиони „JAS 39 Gripen“ полетале за да пресретнат руски борбени авиони во областа на Балтичкото Море, во близина на шведскиот воздушен простор.Според соопштението на војската, инцидентите се случиле во јужните и северните делови на Балтичкото Море, при што шведскиот воздушен простор не е нарушен, објави порталот „Nordic Defence Sector“. „Gripen“-ите биле испратени да идентификуваат и следат руски авиони. Се вели дека вклучените руски авиони се „Su-24“ и „Su-34“, додека сојузничките борбени авиони, исто така, учествувале во операцијата за да се обезбеди регионот. Вицеадмиралката Ева Скуг Хаслум оцени дека руското однесување претставува „сериозен и повторувачки модел“ што ја загрозува безбедноста и територијалниот интегритет на Шведска и нејзините сојузници од НАТО, наведувајќи дека авионот реагирал „брзо и решително“. Шведските вооружени сили соопштија дека поради зголемената активност во регионот, го зголемиле своето присуство и нивото на готовност во областа на Балтичкото Море. Извор: Б92Тагови: Балтикот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДММ: „Твоја држава, твоја шанса“ - за младите: 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв станВистина е дека младите сакаат да ја напуштат Македонија.Правично е да добијат шанса во својата земја, да останат, да работат, со добро платена работа, сопствен дом и систем. СДСМ во својата Платформа “Твоја држава, твоја шанса“ има мерки кои создаваат шанса за младите да живеат и градат кариера во својата татковина: -2.000 евра ваучер за секој матурант за обуки во програмирање, вештачка интелигенција и зелени технологии - за да имаат пристап без финансиски трошок до најдобро платените работни места. -Целосно бесплатни студии на државните универзитети - знаењето не е привилегија, туку право. - Затоа гарантираме работа, пракса или обука во рок од четири месеци за секој млад човек од 18 до 25 години. Праведно е младите да бидат поддржани веднаш по завршување на образованието. -30.000 евра грант за отворање сопствен бизнис за младите кои ќе се вратат дома - за да градат кариера тука и да придонесуваат во домашната економија. Целосно ќе го укинеме данокот на промет за млади до 35 години при купување прв стан. Првиот дом не смее да биде луксуз. Евтини станбени кредити со фиксна камата од само 1% во првите 10 години и 5.000 достапни станови за изнајмување за младите семејства и младите кои сакаат самостоен живот. Така се гради иднина за младите. Праведно е Македонија да стане држава во која младите остануваат, напредуваат и веруваат. Твоја држава, Твоја шанса! Прес конференција на СДММ, Бојан ЦветаноскиТагови: СДММ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушкиЛицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 12.06.2026 во 23:45 часот на патот помеѓу с.Шишево и с.Грчец на подрачјето на општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Н.С.(54) од с.Сарај и Р.С.(58) од с.Крушопек. При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ловечки патрони и други предмети. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook