МакедонијаМеџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден ЧаирОпштина Чаир продолжува со инвестициите во подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура. Од денес започна поставувањето на 100 нови контејнери на територијата на општината, на локации каде што потребата е најголема, со цел поефикасно собирање на отпадот и подобрување на чистотата во различни населби на Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека инвестициите во јавната хигиена остануваат еден од приоритетите на општината. „Континуирано инвестираме во создавање подобри услови за граѓаните. Поставувањето на 100 нови контејнери и проширувањето на мрежата на подземни контејнери се дел од нашата посветеност за почист, поуреден и пофункционален Чаир за сите,“ изјави Меџити. Истовремено, Општина Чаир продолжува и со проширување на мрежата на подземни контејнери. Досега се поставени 15 подземни контејнери, а по обезбедувањето средства преку Програмата за урбан развој, активностите ќе продолжат и на нови локации на територијата на општината. Општина Чаир останува посветена на реализација на проекти кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот и создавање почиста и поздрава животна средина за граѓаните. Општина ЧаирТагови: Општина Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПанел-дискусија посветена на органодарителствотоШеста по ред јавна панел-дискусија посветена на органодарителството во Македонија.Организаторите упатуваат благодарност до сите панелисти, еминентни професори, координатори за трансплантација, трансплантациски тимови, донори, приматели, верски заедници и невладината организација Хуманитарно Здружение Мајка како и до Општина Куманово за коорганизацијата на овој настан. Тагови: органодарителство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВрачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“Во време на општото сеедно, треба да сте храбри за да ја остварите вашата визија.Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ на Београдско драмско позориште, синоќа беше спуштена завесата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Публиката го наполни гледалиштето на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“, дојде да им оддаде почит на најдобрите според жири-комисијата, но и да ја проследи една претставите за кои особено се зборува во изминатите три месеци. Жири-комисијата во состав Снежана Коневски-Руси, претседател Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ ги оценуваа претставите. Руси синоќа ги соопшти наградените, а уметничката директорка на фестивалот, Ана Стојаноска, им ги врачи. Според оценките на публиката, со просечна оценка од 4.75, ајдобра претстава беше прогласена „Амадеус“ од Питер Шефер, во режија на Андреј Цветановски, на Турскиот театар. Тие и минатата година ја добија оваа награда за претставата „Слепци“ на Ќендрим Ријани. Осман Али, директор на Театарот и се заблагодари на прилепската публика. Наградата за најдобра сценографија ја доби Валентин Светозарев, кој го цитираше Хамлет: -И да ме затворите во ореова лушпа, ќе останам крал во ореова лушпа. Се надевам дека нареден пат нема да бидам во ореова лушпа. Наградата за најдобар млад актер „Трајко Чоревски“ ја прими Јеткин Сезаир за улогата на Моцарт во „Амадеус“. Тој им се заблагодари на публиката во Прилеп, на фестивалот и жирито, на режисерот Андреј Цветановски што му ја додели улогата и на целиот Турски ансамбл за поддршката. Сара Спиркоска по втор пат ја доби наградата за млада актерка. -Огромна чест ми е што по втор пат ја добивам оваа награда, овојпат не е потврда само за мојот напредок, ама е потврда и дека сум уште млада. Годинава настапив со три претстави, од вкупно пет колку што ги имав во сезоната. Голем е предизвикот за млад актер, којшто и не е вработен да се задржи активен и да напредува, но се радувам дека постојат луѓе што го ценат и вреднуваат тоа. Наградата ја делам со режисерите Дејан Пројковски, Тамара Стојаноска и Шенај Мандак, кои се дел од мојот пат - рече Спиркоска. Примајќи ја наградата за машка споредна улога за Симoн во „Мачкина глава“ на Драмски театар, Александар Степанулески ги поздрави актерите што оставија голем печат во македонскиот театар - Кирил Ристоски, Благоја Спиркоски - Џумерко... Слаѓана Вујошевиќ ја доби наградата за главна женска улога за Констанца во „Амадеус“. Таа не можеше лично да ја подигне наградата, но со порака ја поздрави публиката и посебно истакна дека и нејзината улога немала да биде така успешна да не беше нејзиниот колега Јеткин Сезаир. Димитар Ѓорѓиевски ја доби наградата за најдобра машка улога за Фезлиев во „Црнила“ на Прилепскиот театар, која од годинава го носи името на Кирил Ристоски. Тој им се заблагодари на своето семејство, на неговиот втор дом Народниот театар „Војдан Чернодрински“, на своите колеги. -Постои посебна врска меѓу мене и публиката. Имаме магична публика, ова е сон од кој не сакам да се разбудам, ова е бесценето - рече Ѓорѓиевски. Примајќи ја наградата за најдобра режија, Дејан Пројковски истакна: -„Црнила“ ја започнавме по неколку месеци од затврањето на театарот и тоа е една од малите вежби дека е важно и во тешки времиња да не заборавиме дека луѓето се најважни во театарот, се надевам дека наскоро ќе можеме да работиме во нова зграда на Прилепскиот театар. Наградата за уметничко остварување на претстава во целина ја доби „Страв и надеж“ во режија на Татјана Ригонат Мандиќ. Од име на Македонскиот народен театар, наградата ја прими актерот Александар Микиќ. Биљана Драгиќевиќ-Пројковска е наградена за најдобра споредна женска улога за Марија во „Мачкина глава“, но поради изведба на претстава не можеше да присуствува на церемонијата. Наградата за костимографија ја прими Марија Пупучевска за „Црнила“. Наградата за најдобра музика ја доби Ирена Поповиќ-Драговиќ за „Страв и надеж“. Четири награди годинава не беа доделени - за рекламен материјал, кореографија и сценски движења, за современа сценска драматизација и за современ драмски текст. Фестивалот му ја додели и наградата за најдобар волонтер на Стефан Петрески, кој четири години посветено го помага фестивалот. Публиката ја поздрави Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот која го водеше фестивалот во изминатите четири години. Таа се наврати на сработеното и на предизвикот да се води најголемиот и најзначајниот театарски фестивал во Македонија. -Решив таа моја програма да ја наречам „Враќање дома“, ја поврзав со моето фактичко враќање дома, со Чернодрински и со драмата „Чернодрински се враќа дома“ на Горан Стефановски. Решив да ја креирам мојата слика за театарски фестивал која ќе биде современа, храбра и која ќе оствари комуникација со сите гледачи, независно на која возрасна или која и да е групата на која ѝ припаѓаат. И еве, четири години до денес, фестивалот стана мојата препознатлива слика, местото каде што живее театарот во јуни и театарските уметници и публиката. Дека еден човек не може да направи фестивал, се покажа и со мене. Затоа јас го имам најдобриот тим. Но, истовремено овој фестивал немаше да биде тоа што е и без моите најсакани волонтери, без вас драги мои ова ќе беше само обична манифестација. Поминавме многу патеки, се соочивме со многу предизвици, ги ширевме границите на сопствената комоција. Попатно многу недоразбирања, конфликти, забелешки, критизерства и критики и сè во насока да направиме нешто подобро. Тој што работи и греши, но најважно е да научи од грешките. Наједноставно е да стоиш отстрана, да коментираш заткулисно и да не правиш ништо. Меѓутоа, моето мото и мојот карактер не го дозволуваат тоа. Денес, во времето на општото сеедно, човек треба да е многу, многу храбар за да ја оствари својата визија, па и да плати поголема цена - рече Стојаноска. Таа се заблагодари на публиката „за довербата, за барањето место повеќе, за аплаузите што ја говореа вистината.“ -Поминав многу тежок период кога го создавав ова издание на фестивалот, ја изгубив мајка ми, жената што ме соочуваше со тоа што правам и дали треба тоа да се прави така, што ме поддржуваше во сè што правев и на која ѝ ветив дека еве, по ова издание, навистина ќе ѝ се посветам на мојата уметност, затоа што и таа и мојот татко веруваа во мене од мали нозе - дека јас сум родена да бидам раскажувачка на приказни. За крај, како што го почнав отворањето на мојата прва мандатна година со цитат на еден од моите најсакани луѓе на овој свет, големиот театарски режисер Игор Вук Торбица, така ќе го затворам и моето организирање на овој фестивал: „Јас сум во мир со моите избори, така што мирно спијам со волкот во мене“ - заврши Стојаноска. Во чест на наградените настапи Београдско драмско позориште со претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ. Големи аплаузи и воздишки предизвика претставата која е една од најбараните во последните неколку месеци на Балканот. Покровители на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп се: Претседател на Македонија, Министерство за култура и туризам на РМ и Општина Прилеп. Спонзори се: Комфи Ангел, Прилепска пиварница, Витаминка, Пакомак, продукциски партнери - Микросам, Кули, поддржувачи: Комерцијална банка, Стопанска банка, МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје - Виена Иншуренс Груп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАларм на Балтикот: Руски авиони забележани во близина на ШведскаШведските вооружени сили соопштија дека два пара борбени авиони „JAS 39 Gripen“ полетале за да пресретнат руски борбени авиони во областа на Балтичкото Море, во близина на шведскиот воздушен простор.Според соопштението на војската, инцидентите се случиле во јужните и северните делови на Балтичкото Море, при што шведскиот воздушен простор не е нарушен, објави порталот „Nordic Defence Sector“. „Gripen“-ите биле испратени да идентификуваат и следат руски авиони. Се вели дека вклучените руски авиони се „Su-24“ и „Su-34“, додека сојузничките борбени авиони, исто така, учествувале во операцијата за да се обезбеди регионот. Вицеадмиралката Ева Скуг Хаслум оцени дека руското однесување претставува „сериозен и повторувачки модел“ што ја загрозува безбедноста и територијалниот интегритет на Шведска и нејзините сојузници од НАТО, наведувајќи дека авионот реагирал „брзо и решително“. Шведските вооружени сили соопштија дека поради зголемената активност во регионот, го зголемиле своето присуство и нивото на готовност во областа на Балтичкото Море. Извор: Б92Тагови: Балтикот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter