Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
1Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
МакедонијаСДСМ: Додека Мицкоски го брани Трипуновски кризата со откупот на млекото се зголемуваДодека Мицкоски го брани Трипуновски земоделците се во тешка криза.Сточарството се распаѓа, Мицкоски и Трипуновски ги доведоа сточарите во безизлезна состојба - оставени сами да се борат за опстанок размислуваат за затворање на фармите. Откупната цена на млекото е драстично намалена и понижувачка, само дваесетина денари за литар. Додека на сточарите млекото им се откупува по мизерни цени, во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Значи дека некој прави профит врз грбот на земјоделците, а власта тоа го дозволува. Кризата со откупот на млеко се зголемува. Две млекарници во делчевскиот регион најавија прекин на откупот на млеко. Голем дел од сточарите остануваат без пласман за своето производство и без сигурност за сопствената егзистенција. Доцни исплатата на субвенциите за грло добиток и за премиите за млеко. Бараме итна реакција за да се обезбеди непречен откуп на млекото и да се спречи дополнителна штета. Власта преку интервентната програма веднаш да воведе посебна мерка за поддршка на производителите на кравјо млеко, за да се ублажат последиците од кризата. Мицкоски како цунами го уништи земјоделство. Ги излажа и изигра луѓето кои се заслужни што имаме храна. Субвенциите им се намалени за 40 милиони евра, откупот е намален за 46% - земјоделството крахира. Во секоја земјоделска гранка е хаос - земјоделците, сточарите, градинарите, пчеларите, млекопроизводителите, сите се соочуваат со истите проблеми. Ниски откупни цени, неисплатени субвенции, несигурен пласман . Затоа СДСМ побара одговорност од Трипуновски ама Мицкоски го штити. Прашуваме, зошто доцнат субвенциите, дали во Буџетот има пари? Зошто не се преземаат мерки за намалените откупни цени на млекото, доматот, пиперката и оризот? Или нема пари за земјоделците? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКибернапад во Полска: Протекоа податоци од 19 милиони луѓеПолските власти денес објавија големо протекување на медицински и лични податоци на речиси 19 милиони граѓани, по кибернападот врз добавувач на медицински софтвер.Според министерот за дигитална безбедност Кшиштоф Гавковски, инцидентот е „едно од најголемите“ кршења на сајбер безбедноста во историјата на земјата, која е дом на 37 милиони луѓе. „Во моментов, нема индикации дека станува збор за надворешен напад, кој може да потекнува од Русија или од која било друга земја“, рече тој. Првичните наоди укажуваат на сајбер криминалци кои дејствуваат за финансиска добивка, рече министерот, додавајќи дека е исклучена можноста за плаќање откуп. Тој вети дека „немилосрдно“ ќе ги гони сторителите. Украдените податоци изнесуваат околу два терабајти и се однесуваат на информации поврзани со медицински консултации, рецепти за лекови и други документи што најчесто се користат за следење на здравјето на пациентите. Природата и обемот на компромитираните податоци варираат од личност до личност, рече министерот, најавувајќи имплементација на систем што ќе им овозможи на граѓаните да проверат дали нивните податоци се украдени. Услугите на целната компанија ги користеле приближно 12.000 медицински установи. Извор: Индекс.хр Фото: ВИТагови: Кибернапад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и кражбиНа пешаците како активни учесници во сообраќајот, им беше потенцирано дека имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.Денеска (12.08.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, Отсекот за превенција при СВР Велес, ОВР Кавадарци и СВР Штип на неколку локации во Скопје, Кавадарци, Кочани, Виница, Штип, Делчево и Велес, реализираа сообраќајни превентивни активност со акцент на безбедноста на пешаците, потребата од користење сигурносни појаси, информирање на граѓаните за опасностите од користење мобилен телефон за време на управување на возило, како и обврската возачите на мотоцикли и електрични тротинети да носат заштитна кацига. На пешаците како активни учесници во сообраќајот, им беше потенцирано дека имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, улицата да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерните часови кога се движат на неосветлени локации и низа други совети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. , за да влијаат на зголемување како на својата, така и на безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал. Полициски службеници од ПС Берово и ПК Градско, реализираа превентивни активности за заштита од пожари во рамки на кои на граѓаните им беше нагласена потребата од внимателно и одговорно однесување, со цел да се намали ризикот од појава на шумски и пожари на отворен простор, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година. Полициски службеници од ПО Чашка, Одделението за превенција при СВР Скопје и Отсекот за превенција при СВР Штип денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби, при што на граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат и да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно, наместа ќе биде нестабилно со пороен дождВремето утре променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени. Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook