ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
1ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
МакедонијаОсмани: Францускиот предлог е прифатлив за нас, ако се најде решение за протоколитеЕдинственото спорно прашање во францускиот предлог е билатерлниот протокол, и ако се најде решение за него, останиот дел од предложената преговарачка рамка а е прифатлив, порача во последното телевизиско интервју шефот на дипломатијата Бујар Османи.Во однос на протоколот, тој потврди дека е постигнат напредок за време на средбата со Генчовска во јуни, но текстот не бил финализиран за некои од прашањата. Османи иако смета дека нема правни последици и тој да биде дел од преговарачката рамка, вели дека тоа не е прифатливо бидејќи ќе се измести тежиштето на преговорите, бидејќи така историските прашања ќе доминираат. Дали е можен договор следните денови, не сакаше да прогнозира. -Не можам да кажам дека ние документот не го прифативме, ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас. Значи не можевме да се договориме со Р. Бугарија иако јас мислам дека тоа може многу лесно да се реши доколку има политичка волја. Ние сметаме дека не треба фокусот да се стави на тие билатерални историски интерпретации во кои што ние сме влегле преку историската комисија во еден сосема друг процес, да бидат прашања кои што го одредуваат патот кон ЕУ. Бидејќи европскиот пат треба да биде европеизација, треба да биде за исполнување на критериуми а не треба да биде за решавање на билатерални прашања помеѓу државите.– Бујар Османи – Министер за надворешни работи. Во меѓувреме, Софија смета дека ги завршила сите обврски и чека македонското МНР да го потпише Проколот.. Лидерот на Демократска Бугарија, кој ги предложи псоледните заклучоци на бугарското Собрание, со кои беше ревидирана Рамковната позиција од 2019 година, вели дека францускиот предлог и гаранциите од ЕУ се добри за нив, тамошното МНР и владата имаат 5 дена до крајот на француското претседателство да ги финализираат документите.. -Нашиот текст се совпаѓа со предлогот на француското претседателство. Гарантираме дека сите ангажмани кои се преземени со двостраните протоколи ќе бидат контролирани на ниво на Европската Комисија и Преговарачката рамка, а после тоа и во Европскиот Совет. Со еден збор, Бугарија ќе може да го контролира тоа. Има текст, кој гарантира целосна рамноправност на Бугарите во Уставот на Р. Македонија.- Христо Иванов – Демократска Бугарија Дали предлгоот на фрацуското претседателство ќе биде официјано претставен на Македонија во следните денови и дали во него ќе бидат земени во предвид забелешките, останува непознато. Инаку, Османи отрки дека на документот работеле најблиските соработници на Макрон, а за таа цел во неколку наврати доаѓале и во Скопје и во Софија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот ЗаевГо разбираме стравот на Венко Филипче дека постои опасност да биде променет во неговата партија. Тоа е страв кој е последица на фрагментираноста на СДС.Не можејќи да се соочи со сопствените грешки и пропусти, тој за обидите за негова смена ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со фракциите кои бараат смена на Венко Филипче. Напротив, зошто би сакале смена на Филипче, некој кој редовно губи на избори и е копија и пиун на најомразениот политичар Зоран Заев. Тој не може да излезе од неговата сенка и затоа СДС е таму каде што е, а Венко Филипче е потрупан со коруптивни скандали, провизии за набавка на кинески „Стабри“ вакцини, сомнителни имоти, блиски веледрогерии, запалена модуларна болница. Најдобро решение за ВМРО-ДПМНЕ е Филипче да продолжи да ја води СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
ЖивотПутин ја одобри купопродажбата на руската подружница на „Western Union“Руската компанија „Софтекс“ (Softex) доби одобрение за купување на 100 отсто од акциите во руската подружница на системот за плаќање Western Union – „НКО Western Union DP Vostok“ – се наведува во указот на рускиот претседател Владимир Путин.Во 2025 година, според руските сметководствени стандарди (РСДУ), руската подружница забележала нето-загуба од 301,5 милиони рубљи, или околу 3,15 милиони евра. Во Единствениот државен регистар на правни лица на Русија (ЕГРУЛ) се регистрирани неколку компании под името „Софтекс“ (Softex), а указот на Путин не прецизира која од нив купува удел во подружницата на „Вестерн јунион“ (Western Union). Најголемата од компаниите со тоа име е регистрирана во Калининград и се занимава со автоматизација на деловните процеси, развој на решенија со вештачка интелигенција и технологии за роботска автоматизација на процеси (RPA), како и со воведување специјализирани ИТ-системи за финансиски компании, вклучително и банкарски системи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
СветТрамп: „Не му понудив ништо на Иран“ Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги негираше наводите дека е подготвен да му понуди на Иран ублажување на санкциите и одмрзнување на замрзнатите средства. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги негираше наводите дека е подготвен да му понуди на Иран ублажување на санкциите и одмрзнување на замрзнатите средства во замена за одредени отстапки поврзани со нуклеарната програма. Аксиос“, повикувајќи се на американски официјални лица, објави дека администрацијата на Трамп разгледува таква понуда, додека Трамп во објава на својата платформа „Трут соушл“ (Truth Social) изјави дека тоа „не е точно“ и оти тој „не понудил ништо“ на Иран. Наводите за можно економско олеснување се појавија во време кога посредници од Катар и Пакистан се обидуваат да посредуваат во преговорите меѓу САД и Иран. Двете страни остануваат на спротивставени ставови за клучните прашања: Иран сака преговорите да се фокусираат на Ормускиот Теснец и на поморската блокада од страна на САД, додека Вашингтон бара отстапки во врска со иранската нуклеарна програма. Посредниците се сретнаа со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во Њујорк за да разговараат за предлогот на Катар, а се очекуваат и разговори со претставници на администрацијата на Трамп. Американски претставник запознаен со индиректните разговори изјави дека тие биле „позитивни и конструктивни“ и оти Иран покажал флексибилност во однос на нуклеарните прашања, но нагласи дека сè уште постојат несогласувања, вклучително и околу временската рамка за исполнување на обврските и тоа која страна треба прва да преземе одредени чекори. Истиот функционер изјави дека САД нема да постигнат договор сè додека не се решат прашањата поврзани со нуклеарната програма и дека Вашингтон бара уверувања оти Иран сериозно пристапува кон преговорите. Сепак, Трамп во објава на „Трут соушл“ (Truth Social) ги отфрли тврдењата на „Аксиос“, нарекувајќи ги „измама“, и побара од порталот да го повлече текстот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07