Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
1Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
МакедонијаСДСМ: Да му ја решиме дилемата на Мицкоски: Ние сме за институции - не сме за банда!Мицкоски кажа дека СДСМ е против сè, а само за марихуана-економија. Кажа дека сме за распродажба, дека ќе потпишеме бел лист.Нема дилема. Има лаги. Против инвестиции? Најголемите инвестиции беа во време на СДСМ. Сега во време на ВМРО-ОКГ паднаа за над 65 проценти. Од околу 250 милиони просечно по квартал во времето на СДСМ на само 18,7 милиони евра сега во последниот квартал. Мицкоски нема инвестиции затоа што никој не вложува во земја што ја води организирана криминална група. Тој е на чело. Не сме против проекти. Туку сме против неговите лични проекти. Броилата на ЕСМ не се проект. Тоа е грабеж на Адамовиќ, Лазаревиќ, а сè спроведува преку Божиновска, две децении човек на Лазаревиќ. Кога ќе поведе 50 луѓе во Америка на грб на граѓаните - роднини, тетки, стрини, да, сме против тоа. Тоа го плаќа народот. Кога се работи под маса, под радар, има скриена намера. Кога лоби-куќа плаќа состаноци по хотели, кога се чека по ходници - точно, сме против ходник-дипломатија. Приватна каса не дава околу 1,56 милиони долари годишно затоа што арамијата носи часовници од 60.000 евра и одело од 10.000 евра. Дава затоа што интересот е поголем од влогот. Цртање на табла не ни треба. Марихуана-економија? Нека каже што е со заплената од 100 тони. Нека каже што беше со петте тони што завршија кај сестринската партија во Србија. За неговата економија нема да прашуваме. Граѓанинот ја гледа „третата економија на Европа“ во фрижидерот и во паричникот. Не мора да црта како Вучиќ. Македонија на добар пат? На кој - кон дното на слепото црево? Рудници во национален парк? Не може фекалии во вода. Единаесет недели нема извештај од Гостивар. Пет илјади отруени граѓани. Нема одговорни. Нема обвинителство. Над педесет места без вода безбедна за пиење. Лепенец и Вардар без име - кој ги отру. Дали некој му верува дека антимонот нема да ја отруе водата? Дата-центри: прво водено ладење, па потоа воздушно, а притоа не кажа од каде струја и кој ќе плаќа. Странски влијанија? Да, сме против. Не може Орбан и Вучиќ да управуваат со Македонија. Не може руската партија Левица заедно со Мицкоски да ги исполнува желбите на Москва. Не може човек на БИА да биде министер. Најмалку може да се слави осуден српски воен злосторник. Против поделби? Да. Народот не е талог. Тој не е елита затоа што самиот рече дека е зависен од убави и скапи работи. Техники на Ванчо Михајлов. Латас - човек на служба, пропаганда по модел Гебелс заедно со Ивона. Тоа влече корени од фашизам. Како наследници на АСНОМ, и како граѓани - сме против. Вели, конструкции и лаги. Синоќа во Брвеница повторно не даде ниту еден одговор. Еве кажуваме јасно. Ние немаме дилема. Ние сме против криминал и корупција. За Гета чувме. Нула денари беше лага. 5,53 милиони евра народни пари. Многу лаги. А дела нема - освен криминални. За потпис: ние гордо го потпишавме пристапувањето на земјата во НАТО и ги отворивме преговорите со ЕУ. Таа ЕУ што тој ја блокира две и пол години, без реформи. Што потпиша „патриотот“ со куп бугарски пасоши? Задолжување од 4 милијарди евра за две години. Ние сме за институции. Не сме за банда. Дилемата ја нема кај народот. Ја има Мицкоски - секој пат кога ќе зине! А што се однесува до нихилизмот, сега кога изгужваниот професор со безобразни кафански манири, од Фројд премина на Ниче - нихилизмот не е недоверба, туку крштевање на злото во добро и наредба народот да аплаудира. Скопје, 29.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамСериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничињаИстрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците. Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година. Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата. Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата. Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕксплозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваатБројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија. Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност. Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир. Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата. Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен. 🚨🇹🇷 DEATH TOLL RISES TO SIX AFTER MASSIVE EXPLOSION AT STEEL FACTORY IN İZMİR, TURKEY At least six workers have died following a devastating explosion and fire at the HABAŞ iron and steel factory in Aliağa, İzmir. https://t.co/hL6jzn2JC5 — Nova Intel (@intel_nova) November 9, 2026 Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик. Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката. Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови. Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка. Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање. Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници. Извор: Б92Тагови: експлозија турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штетаПожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува. View this post on Instagram A post shared by Televizioni Alsat (@alsat.mk) Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44