Напаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)
2Напаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)
МакедонијаСиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската УнијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на 22. Европски самит во Салцбург, денеска се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“.Таа говореше за иднината на европскиот проект, стратешките предизвици со коишто се соочува Европската Унија и потребата од забрзување на европската интеграција на Западен Балкан, како прашање за кое Унијата има целосна контрола и одлучувачка моќ. Осврнувајќи се на европскиот пат на земјава, Претседателката потсети дека од 35 години независност, дури 21 година сме кандидат за членство во Европската Унија, со 17 позитивни извештаи за почеток на преговорите, висок степен на хармонизација со европското законодавство и стопроцентна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика, како и дека земјата е меѓу најуспешните во европските реформи и во спроведувањето на Планот за раст на Западниот Балкан. Таа посочи дека ниту една европска држава на својот интегративен пат не понела толку тежок товар: го променивме државното знаме, уставното име и усвоивме 36 уставни измени, најголем дел диктирани од надвор. „Принудувањето на една држава да ја менува својата внатрешна правна структура за да се разреши историски спор отвора сериозно прашање за доследноста на европските принципи. Членот 4(2) од Договорот за ЕУ ја обврзува Унијата да ja почитува еднаквоста на државите-членки и нивните национални идентитети, вградени во нивните основни политички и уставни структури. А сепак, во нашиот случај, уставната промена условена од билатерален историски спор се претставува како тест за нашиот демократски капацитет“, рече Сиљановска-Давкова. Според неа, заострената реторика покажува колку бргу регионот може да назадува кога европската перспектива станува нејасна. Таа посочи дека единствената сила што може да ги смири балканските духови и да го придвижи регионот напред е кредибилна перспектива за членство во ЕУ. „Додека со понудите за асоцијативно членство за прекуокеански држави Унијата декларира амбиција за глобална моќ, со одлагањето на сопственото проширување таа практично демонстрира немоќ“, истакна претседателката. Таа нагласи дека проширувањето не е само политика кон кандидатите, туку тест за капацитетот на ЕУ да дејствува стратешки. „Ако сака поголема геополитичка тежина, Европа мора да биде похрабра и поконзистентна: помалку непредвидливост, повеќе меритократија; помалку патернализам, повеќе вистинско партнерство“, истакна претседателката. За неа, наместо катализатор за реформи, процесот на проширување сè почесто станува заложник на билатерални спорови што не се дел од Копенхагенските критериуми. „Кога напредокот не зависи од самите реформи, процесот ја губи својата кредибилност. Тоа веќе не е само проблем на кандидатите, туку институционален проблем за самата ЕУ“, порача Сиљановска-Давкова. Осврнувајќи се на реформите на проширувањето, Претседателката укажа на три суштински промени: Прво, системот на заслуги мора да биде заштитен. Ако една земја ги исполни објективните критериуми, не смее друга земја да го запре нејзиниот технички напредок поради прашање што не е дел од европските критериуми. Второ, членството не смее да создава Европа од прв и втор ред. Заштитните механизми може да бидат легитимни, но мора да бидат објективни, пропорционални и временски ограничени. Целта на реформата не може да биде создавање трајна хиерархија меѓу членките. И трето, постепената интеграција може да донесе реални придобивки уште пред полноправното членство, но само ако води кон членство, а не кон трајна замена за него. На крајот, таа заклучи дека реформата на проширувањето не е услуга за Западниот Балкан, туку инвестиција во геополитичкиот капацитет на самата Европска Унија. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова. Почитувани присутни, Ценети екселенции, Дами и господа, Пред сè, голема благодарност до нашите домаќини од Институтот на регионите на Европа и неговиот претседател, господинот Шаусбергер, до гувернерката Етстадлер и градоначалникот Ауингер, за ова салцбуршко добредојде. Според еден стар македонски обичај, ние ги пречекуваме нашите гости со леб и сол. А солта, знаеме, го нагласува вкусот, го штити вредното од распаѓање и ја буди жедта. Овој Европски самит во Салцбург, во градот на солта, го прави токму тоа: им дава автентичен вкус на клучните европски дебати, нѐ заштитува од корозивниот евроскепцитизам и цинизам и ја разгорува нашата жед за европската идеја. „Како сите ние ја сакавме Европа!“ Ова е воскликот на еден од најпознатите жители на Салцбург. Не мислам на музичкиот гениј Моцарт, туку на литературниот великан Штефан Цвајг. Како еден од најголемите космополити на 20 век, Цвајг во Европа не гледаше само континент, туку цивилизација, простор на култура, слобода и човечност. Свесни сме дека нејзината благосостојба имала и темна страна – експлоатација, исклучување и колонијализам. Но, Цвајг беше и сведок на нејзиниот пад. Европа којашто пред двете светски војни никогаш не била посилна, побогата и посамоуверена, за само неколку години се претворила во Европа на национализам, ровови и братоубиствени војни. Тој разбрал дека европската трагедија не се случила затоа што Европа немала потенцијал, туку затоа што речиси секоја европска држава го гледала само сопствениот интерес за моќ и за територијално проширување. Кога сите мислат дека можат да добијат повеќе од другите, на сметка на другите, тогаш Европа неминовно станува бојно поле на кое гинат луѓе. Цвајг го доживеал европското самоубиство не само како колективна катастрофа, туку како личен пораз. На крајот, Европа за него била толку материјално и вредносно разорена што тој не можел ни да го замисли нејзино повторно раѓање. Но, токму во најмрачниот час започнува и еден од најголемите европски пресврти. Некои негови современици, Аденауер, Моне, Шуман, де Гаспери, де Гол, од истата пепел извлекоа поинаква визија, за Европа како мировен проект. Се прашувам: што би помислил Цвајг доколку можеше да ја види денешната Европа? Веројатно ќе се радуваше на достигнувањата што ги надминуваат дури и неговите најсмели замисли. Лидерите на Европската Унија катадневно нѐ потсетуваат на овие успеси. Така, во својот говор на Чернобио форумот во Италија, претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта потсети дека, европскиот проект е едно од најголемите политички достигнувања на модерното време: од економска и политичка интеграција до единствен пазар што поврзува милиони луѓе, од владеење на правото, човекови права и демократски слободи до невидено ниво на социјална заштита, благосостојба и животен стандард. Европа сè уште не е континент на аздисани милијардери, туку место каде обичните луѓе можат да живеат без страв дека утре ќе ја загубат работата. Унијата создаде простор за развој преку наука, истражување и иновации. Истовремено, се обидува да изгради заедничка надворешна и безбедносна политика и да стекне поголема стратешка автономија. Иако Унијата не е воена суперсила, таа е суперсилата на животниот стил. Но, зад таа европска сила стои и една стратешка дилема. Европа се соочува со енергетска и суровинска зависности, хибридни закани, миграциски притисоци и будење на екстремните политички опции. Војната во Украина и нестабилноста на Блискиот Исток се совпаднаа со намалувањето на американската улога во европската безбедност. Во потрагата по рамнотежа меѓу социјалната држава, демографската криза и економскиот раст, Европа се соочува со конкуренција од сили коишто не ги споделуваат нејзините демократски стандарди. Натпреварот се води и за иднината на технологијата и вештачката интелигенција. А, кога на сето тоа ќе се додаде бавното европско одлучување, се отвора прашањето: може ли Европската Унија навистина да биде стратешки автономна ако клучните услови за нејзината безбедност и стабилност сè уште зависат од фактори надвор од нејзината контрола? Но, постои една клучна област, едно клучно прашање за кое Унијата има целосна контрола и одлучувачка моќ. А сепак, прашањето го држи нерешено, како отворена рана што може да загнои. Зборувам за ахиловата пета на Европската Унија, а тоа е интеграцијата на Западниот Балкан. Ценети присутни, На 8 септември, пред само 20 дена, прославивме 35 години од македонската независност. Во 1991 година, ние бевме единствената република од поранешната Југославија, којашто на мирен и демократски начин ја напушти федерацијата, и бевме една од двете републики коишто добија позитивно мислење од Бадинтеровата комисија за признавање на новите држави. Советот на Европа дури го истакна македонскиот Устав како пример за обнова на демократијата во Централна и Источна Европа. Од овие 35 години, дури 21 година сме кандидат за членство во Европската Унија. Со 17 позитивни извештаи за почеток на преговорите, висок степен на хармонизација со европското законодавство и стопроцентна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика, ние сме меѓу најуспешните во европските реформи и во спроведувањето на Планот за раст на Западниот Балкан. Но, наместо меритократско вреднување, се соочуваме со двојни стандарди. Ниту една европска држава на својот интегративен пат не понела толку тежок товар: го променивме државното знаме, уставното име и усвоивме 36 уставни измени; најголем дел диктирани од надвор. Секоја концесија раѓаше ново барање, а секој компромис стануваше повод за нова уцена. Принудувањето на една држава да ја менува својата внатрешна правна структура за да се разреши историски спор отвора сериозно прашање за доследноста на европските принципи. Членот 4(2) од Договорот за ЕУ ја обврзува Унијата да ja почитува еднаквоста на државите-членки и нивните национални идентитети, вградени во нивните основни политички и уставни структури. А сепак, во нашиот случај, уставната промена условена од билатерален историски спор се претставува како тест за нашиот демократски капацитет. Некој можеби ќе праша каква врска има интеграцијата на мојата земја и на Западниот Балкан со прашањето „дали Европа се уште е глобален играч?“. Мојот одговор е следен: ако Европската Унија претендира да биде геополитичка унија, таа не смее да ги остави мојата земја и регионот на Западниот Балкан во геополитички вакуум. За жал, сигналите од Брисел наместо одлучност сè повеќе откриваат воздржаност. Дали знаете колку пати претседателката на Европската комисија, госпоѓата Урсула фон дер Лајен го спомна зборот „проширување“ во својот последен говор за Унијата? Ниту еднаш. Се разбира, таа нагласи дека иднината на Украина, Молдавија и на Западниот Балкан е во Унијата. Но, се воздржа да го употреби зборот „проширување.“ А проширувањето е солта што и дава вкус на демократската политичка култура, ја буди жедта за реформите и штити од трети сили. Но, како што вели библиската мудрост, „ако солта го изгуби вкусот, со што ќе се соли?“ Како Унијата ќе нѐ мотивира да се реформираме, да соработуваме, да бидеме отпорни на трети центри без проширувањето? И тука лежи парадоксот. Додека со понудите за асоцијативно членство за прекуокеански држави Унијата декларира амбиција за глобална моќ, со одлагањето на сопственото проширување таа практично демонстрира немоќ. Прашањето е едноставно. Како Европската Унија ќе проектира влијание во Индо-пацификот или на Арктикот ако не може да интегрира еден европски регион од едвај 18 милиони жители, опкружен со нејзини земји-членки? Да се остави Западниот Балкан во геополитичка сива зона значи да се создава стратешки простор токму таму каде што Унијата треба да биде најсилна. Во шахот, велемајсторот не отвора нови фронтови додека го остава сопствениот крал незаштитен. Пред да ги прошири хоризонтите преку океаните, Европа мора да го затвори вакуумот во сопствениот двор. Френсис Фукујама уште во 2022 предупреди дека Западниот Балкан може повторно да стане опасно нестабилен простор. Во свет што се движи кон нестабилна распределба на сфери на влијание, нашиот регион станува зона за судирот на интересите. Без поцврста и поодлучна Европска Унија, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ. И самата Марта Кос предупреди дека Европската Унија не смее да допушти „тројански коњи“ и дека идните членки мора да бидат силни демократии. Ние се согласуваме. Но, токму затоа е потребна кредибилна перспектива за членство. Одолговлекувањето не ја зајакнува Европа. На Балканот, геополитичкиот вакуум никогаш не останува долго празен. Заострената реторика покажува колку бргу регионот може да назадува кога европската перспектива станува нејасна. Единствената сила што може да ги смири балканските духови и да нѐ придвижи напред е кредибилна перспектива за членство во ЕУ. Ценети присутни, Дознав дека вчера, во рамките на овој Европски самит, се одбележа 40-годишниот јубилеј од членството на Шпанија во Европската Унија. Шпанија, заедно со Португалија и Грција беа дел од Хантингтоновиот трет бран на демократија во 1970-те години. При разгледувањето на апликациите за членство на овие три држави во Европската заедница, Европскиот совет покажа лидерство и го надмина институционалниот скептицизам на Европската комисија и на Европскиот парламент. Денес, за жал, ситуацијата со Западниот Балкан, и особено со мојата земја, е обратна: додека Европската комисија и Европскиот парламент даваат последователни позитивни мислења, Европскиот совет блокира поради билатерални спорови. И покрај тоа што пријателите на проширувањето демонстрираат регионална одговорност преку „Славков 3“, Вишеградската група, Процесот „Брдо-Бриони“, Берлинскиот процес и најавената нова Солунска агенда, дури и најконструктивните иницијативи сè уште се соочуваат со истата структурна пречка: националното вето. Наместо катализатор за реформи, процесот на проширување сè почесто станува заложник на билатерални спорови што не се дел од Копенхагенските критериуми. Кога напредокот не зависи од самите реформи, процесот ја губи својата кредибилност. Тоа веќе не е само проблем на кандидатите, туку институционален проблем за самата ЕУ. Оттука и дебатата за едногласноста. Европскиот парламент повика одлуките за отворање и затворање на кластери и поглавја да се носат со квалификувано мнозинство, додека конечната одлука за членство да остане едногласна. Логиката е едноставна: секоја членка мора да ги заштитува своите легитимни интереси, но пристапниот процес не смее да стане инструмент за билатерална блокада. Проширувањето не е само политика кон кандидатите, туку тест за капацитетот на ЕУ да дејствува стратешки. Ако сака поголема геополитичка тежина, Европа мора да биде похрабра и поконзистентна: помалку непредвидливост, повеќе меритократија; помалку патернализам, повеќе вистинско партнерство. Во таа дебата гледаме три суштински промени. Прво, системот на заслуги мора да биде заштитен. Ако една земја ги исполни објективните критериуми, не смее друга земја да го запре нејзиниот технички напредок поради прашање што не е дел од европските критериуми. Во спротивно, ветото само ќе се пресели од една фаза во друга. Второ, членството не смее да создава Европа од прв и втор ред. Заштитните механизми може да бидат легитимни, но мора да бидат објективни, пропорционални и временски ограничени. Целта на реформата не може да биде создавање трајна хиерархија меѓу членките. И трето, постепената интеграција може да донесе реални придобивки уште пред полноправното членство, но само ако води кон членство, а не кон трајна замена за него. Австрија и други членки веќе се застапуваат за идеи за постепена и секторска интеграција токму во оваа насока. Од исходот на оваа дебата нема да зависи само иднината на Западниот Балкан. Европа не може да биде глобален играч ако не може да биде стратешки играч во сопствениот двор. Не може да бара геополитичка тежина, а да дозволува сопствената агенда да биде блокирана од билатерални спорови. Затоа реформата на проширувањето не е услуга за Западниот Балкан. Таа е инвестиција во геополитичкиот капацитет на самата Европска Унија. Ние отсекогаш сме биле дел од Европа, географски, историски, културни. Крајно врeме е да бидеме и политички.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
СветСАД нудат 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма Соединетите Американски Држави нудат награда до 20 милиони долари за информации за нуклеарната програма на Иран, вклучувајќи информации за научници, персонал, технологии, објекти и сродни организации.Стејт департментот, преку својата програма „Награди за правда“, ги повика сите што имаат информации да ги достават преку апликацијата Signal или безбедната телефонска линија Tor, велејќи дека би можеле да имаат право на парична награда и преместување, објави Fox News. „Владата на САД останува посветена на спротивставување на секој обид на Иран да развие програма за нуклеарно оружје“, се вели во соопштението на платформата за социјални медиуми X. Објавата доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп размислува за обновени воени напади врз Иран, додека Вашингтон и Техеран продолжуваат разговорите за нуклеарната програма на Иран. Трамп во петокот повтори дека на Иран никогаш нема да му биде дозволено да има нуклеарно оружје, а еден ден претходно се состана со својот тим за национална безбедност за да разговара за можноста за продолжување на нападите. „Дали сакаме да ги продолжиме нападите за да се осигураме дека нуклеарната програма на Иран ќе биде уништена и дека тоа никогаш повеќе нема да се случи? Подобро би сакал да избегнам уништување на остатокот од Иран, но можеби сè уште ќе можам да го направам тоа“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба. Централната команда на САД ги финализира подготовките за евентуално продолжување на големите воени операции во Иран, но сè уште не добила нова директива од Вашингтон, според американски функционер. Како што објави „Фокс њуз“, високи американски функционери изјавија дека младата месечина на 9 ноември, која носи малку или воопшто нема месечина, би можела да обезбеди поволни услови за воени операции.Тагови: нуклеарна програма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Шоу бизРасел Бренд е сместен во озлогласен затвор- бил престрашен Британскиот актер и комичар Расел Бренд (51) се соочува со можност за долга затворска казна откако беше прогласен за виновен за силување на една жена и сексуален напад на три други.Неговиот случај предизвика бран реакции во Велика Британија, особено поради начинот на кој жртвите на сексуален напад се третираат на суд. По пресудата, се зголемуваат повиците за промени во законските правила што ги регулираат судењата за силување. Причина за ова беа некои од тврдењата изнесени за време на одбраната на Бренд, за кои шефот на лондонската метрополитенска полиција, Сер Марк Рол, рече дека се опасно блиску до обвинување на жртвата. Тој предупреди на широко распространетите предрасуди за тоа како треба да се однесува лице кое преживеало сексуален напад, нагласувајќи дека не постои универзален одговор на такво искуство. - Некои луѓе ќе се борат, некои ќе се замрзнат од страв. Некои веднаш ќе кажат некому што се случило, додека други ќе молчат со години. Нема еден начин да се одговори, рече Рол. Тој ја поддржа иницијативата на комесарката за права на жртвите, Клер Ваксман, која се залага судиите да имаат законска обврска да ги информираат поротниците за митовите и заблудите за силувањето и однесувањето на жртвите. Според нејзиниот предлог, ваквите предупредувања треба да бидат составен дел од секое судење за силување, а иницијативата би можела да биде вклучена во законот за судови и трибунали. Роле, исто така, очекува дека по пресудата на актерот, повеќе жени би можеле да бидат охрабрени да се јават доколку преживеале сексуално насилство. Расел Бренд е во озлогласен затвор Додека чека понатамошен развој на судскиот случај, Расел Бренд е во затворот Вандсворт, во југозападен Лондон, кој е познат по своите многу тешки услови. Поранешниот тенисер Борис Бекер претходно зборуваше за овој затвор, откако отслужи казна таму откако беше осуден за прикривање средства во вредност од околу 2,5 милиони фунти за да избегне плаќање долгови по прогласувањето банкрот. Потсетете се дека Бекер беше осуден на две и пол години затвор во 2022 година, а подоцна опиша колку тешко му било времето зад решетки. Тој рече дека бил опкружен со осуденици за најтешки кривични дела, вклучително и убијци, и дека еден затвореник дури му се заканил со смрт. - Вандсворт е навистина голем, многу валкан и исклучително опасен затвор. Има убијци, педофили, дилери на дрога, среќавате секакви луѓе. Сè се сведува на преживување. Кога ќе излезете од ќелијата, мора да се грижите за себе, бидејќи чуварите нема да го сторат тоа наместо вас - претходно рече Бекер. Поранешниот шампион на Вимблдон призна дека на почетокот се обидел да избегне контакт со очите со другите затвореници и да се држи настрана за да избегне проблеми. Жена во скандалот проговори на Би-Би-Си По пресудата на Бренд, се огласи и Џорџина Бејли, жената во центарот на скандалот Саксгејт во 2008 година. Во тоа време, Расел Бренд и водителот Џонатан Рос оставаа несоодветни и навредливи пораки на телефонската секретарка на нејзиниот дедо, актерот Ендру Сакс, познат по улогата во серијата „Фолти Тауерс“. Нивните пораки предизвикаа огромен јавен негод, што го натера Бренд да го напушти Би-Би-Си Радио 2, додека Рос беше суспендиран три месеци. Скандалот, исто така, доведе до промени во начинот на кој британскиот јавен сервис ја контролираше содржината на своите програми. Џорџина сега изјави дека верува оти правдата е задоволена по пресудата на Бренд. - Иако никогаш не ме силувал ниту нападнал, како што секогаш сум велела, не знаев што се случувало зад затворени врати меѓу него и жените што го обвинувале. Нивните сведоштва беа убедливи. Тој беше прогласен за виновен и сега сакам да ја исправи неправдата што ја направил - рече таа. Расел Бренд е татко на три деца, а за време на судењето, кое траеше речиси четири недели, поротата размислуваше околу осум часа пред да донесе одлука за неговата вина. Според британските медиуми, кратко пред да биде објавена пресудата, Бренд ѝ се обратил на својата сопруга Лаура Галагер со зборовите: „Лаура, те сакам“.Тагови: Расел Бренд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНапаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)На социјалните мрежи се појави ново морничаво видео од масакрот во Краков, каде што неидентификуван вооружен човек убил шест лица и ранил уште 15 од автомобил во движење пред да биде неутрализиран од полицијата.На видеото се гледа вооружениот човек како лежи на земја кратко откако бил застрелан од полицијата, додека сѐ повеќе луѓе се собираат околу него. Се гледа и автомобилот од кој наводно отворил оган, а во кој полицијата пронашла голема количина оружје и муниција. Footage from the final scene of the Krakow, Poland shooting. The mass-shooter laying on the ground. You can somewhat get a look at the idiots face in this video https://t.co/g3TSp9cxzk — OpticNoir (@OpticNoir) November 7, 2026 На видеото се гледа и лицето на вооружениот човек, облечен во камуфлажа, како лежи на тротоарот. За потсетување, полицијата потврди дека вооружениот човек е полски државјанин, но неговиот идентитет сè уште не е објавен. Полските медиуми претходно објавија дека кај него е пронајдена автоматска пушка што ја користат локалните безбедносни служби. „Можам да потврдам дека сторителот е полски државјанин“, изјави за „Онет“ Катаржина Цисло, портпаролка на полицијата на Малополското војводство, давајќи нови детали за нападот што ја шокираше јавноста низ целата земја и низ цела Европа. „Мажот немал никакви документи со себе. Полицијата успеала да го утврди неговиот идентитет преку оперативна работа“, додаде таа. Strzelanina w Krakowie #kraków #krakow #strzelanina #rynek https://t.co/KSVCcuVgpH — mariiusz (@mariiusz251589) November 7, 2026 Онет неофицијално дознава дека напаѓачот од Краков има 24 години. Тој моментално е на операција откако бил застрелан од полицијата. Според полските портали, неговата состојба е критична. Претходно имаше одредена конфузија кога Одделот за полиција на градот Краков ѝ соопшти на Полската новинска агенција дека, според прелиминарните информации, во пукањето учествувале двајца сторители, од кои едниот бил ранет од истрел. Ранетиот полицаец критично повреден, претрпел три прострелни рани Меѓу ранетите има двајца полицајци, од кои едниот е во критична состојба откако претрпел три прострелни рани. Strzelanina w Krakowie #Krakow https://t.co/KEE4p2CKE4 — mirekm (@Sjuras17514) November 7, 2026 Нападот бил извршен од автомобил во движење, при што загинале 6 минувачи, а ранети се 15. Мотивот за нападот и идентитетот на сторителот не се прецизирани. Полските медиуми, исто така, објавија дека напаѓачот имал автоматска пушка од типот што го користат полските безбедносни служби.Тагови: краков минувачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook