Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС
2Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС
3Балканска актерката зборува шест јазици, омажена со холивудска ѕвезда, живее во Америка во вила вредна 4,5 милиони.
ФудбалХоландски архитект: Новиот „Максимир“ потсетува на стадионот во Мадрид; тоа е сосема јасноХоландскиот архитект Флорис ван дер Пул на социјалните мрежи го спореди победничкиот дизајн за новиот стадион „Максимир“ со еден познат спортски комплекс во Мадрид. Тој мислеше на тенискиот центар „Каха Махика“ (Caja Mágica), при што особено ја истакна сличноста меѓу кровните конструкции. Ван дер Пул ја започна својата објава со зборовите: „За мене, ова е кристално јасно“. Тенискиот комплекс во Мадрид „Каха Махика“, познат и како Олимписки тениски центар, е еден од најпознатите тениски комплекси во Европа. Отворен е во 2009 година, а е дизајниран од францускиот архитект Доминик Перо. Комплексот зафаќа површина од 16,5 хектари и во својот центар вклучува три големи стадиони со подвижни покриви. Нивниот вкупен капацитет изнесува 20.000 гледачи, при што најголемиот стадион може да прими 12.427 луѓе. Флорис ван дер Пул, кој ја направи оваа споредба, е виш архитект во холандската фирма „Де Зварте Хонд“ (De Zwarte Hond). Неговата оценка го поврзува проектот во Загреб со еден етаблиран европски спортски објект. Победничкиот дизајн за новиот стадион „Максимир“ беше избран преку меѓународен конкурс за архитектура и урбанизам. Првата награда ѝ припадна на италијанската фирма „VG13 Architects Studio Associato“, предводена од архитектите Томазо Фантини и Алберто Роси. На конкурсот беа поднесени вкупно 88 трудови, со учество на тимови од проектанти од 32 земји. Споредбата со комплексот во Мадрид е интересна и поради тоа што проектот на Перо (Perrault) е замислен како спој на спортот и архитектурата. Тој се одликува со големи геометриски структури, метална обвивка и подвижни покриви кои овозможуваат различни начини на користење на стадионот. Комплексот исто така содржи низа тениски терени на отворено и во затворен простор, како и други објекти. Од 2009 година, тој е домаќин на турнирот „Мадрид Опен“. По изданието во мај 2026 година, започна изградбата на нов стадион со капацитет од 8.600 гледачи, чие завршување е планирано за 2028 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаДизелот од полноќ поевтинува за 4,5 денари, бензините поскапуваат за 1 денар за литарЗа 4,5 денари поевтинува дизелот, додека бензините поскапуваат за еден денар. РКЕ ги објави новите цени на нафтените деривати, според кои од полноќ литар дизел ќе се продава за 100 денари, бензинот еуросупер 95 за 100, а еуросупер 98 за 102 ценари. Новите цени доаѓаат откако Владата денеска одлучи за уште две недели, односно до 12 октомври, да ја пдоролжи мерката за намалената стапка на ДДВ на дизелот од 18 на 10%. - Со одлуката се обезбедува продолжување на мерката со која се овозможува намалена даночна стапка, со цел да се обезбеди стабилност и заштита на животниот стандард на граѓаните. Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите и движењата на цените, со цел навремено преземање соодветни мерки во интерес на граѓаните и економијата. – соопштија од Владата. Продолжувањето на мерката во моментов има економско оправдување, смета универзитетскиот професор Борче Треновски. Тој објаснува дека Македонија како мала и отворрна економија, која значаен дел од нафтените деривати ги обезбедува од увоз, не може да го избегне надворешниот ценовен шок, туку само да го ублажи, па оценува дека намалената стапка на ДДВ то за дизелот заедно со намалените акцизи за дизелот и бензините, засега претставува добар амортизер на нестабилните цени на светските пазари. Сепак тој предупредува дека во услови на јавен долг од околу 60 проценти, секоја мерка треба да има јасна цел, рок и пресметка колкав фискален трошок може да издржи државата.. -Мерката која е донесена, заедно со мерката која беше со намалување на акцизата на дизелот и на бензинот, во моментот привремено има оправдување затоа што претставува еден вид на амортизер кој ќе го намали влијанието на зголемувањето на глобалните цени на нафтата. Иако мора да кажеме, тоа е амортизер кој ќе го намали влијанието, а не е целта да ја контролира целосно цената или ефектот да го елиминира целосно, од причина што, на една страна, ваквите мерки имаат и значаен фискален трошок и фискален ризик. -Борче Треновски – универзитетски професор. Доколку кризата потрае, според Треновски, фокусот постпено ќе треба да се префрли кон таргетирана помош за секторите каде поскапувањето на горивата најсилно се пресенува врз остнататите цени..На подолг рок, оценува Треновски одговорот нема да може да се бара само во даночни интервенции туку и структурни промени со кои земјата постепено ќе ја намалува зависноста од увоз на енергија и храна и со тоа ќе биде помалку изложена на идни надворешни ценовни шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПолицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИСПовеќе лица се приведени во Скопје во акција на МВР и АНБ, поради сомнение за кривични дела од областа на тероризмот. Акцијата се спроведува на повеќе локации, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Засега не се откриваат многу детали, од обвинителството повеќе информации најавуваат по завршување на акцијата. -Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК на територија на Скопје во тек е акција на МВР и АНБ на повеќе локации. Приведени се повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот. -ОЈО ГОКК. Според неофицијалните информации акцијата доаѓа по претходни сознанија на полицијата дека на територијата на Македонија дејствува група. При претреси биле пронајдени оружје и други предмети но и симболи на ИСИС. Инаку само пред неколку месеци, ОЈО ГОКК отвори истрага против пет лица од Скопје, на возраст од 22 до 34 години, за кривично дело „терористичка организација“. Според обвинителството, тие преку интернет канал и група ширеле содржини со кои се промовирала и поддржувала идеологијата на ИСИС и други идеолошки поврзани терористички организации. Дали денешната акција е поврзана или е продолжение на тој предмет, од обвинителството засега не откриваат. И во декември 2024 четири лица беа упасени поради сомнежи за активности поврзани со тероризам. Според тогашните сознанија на АНБ, лицата биле идеолошки поврзани со „Исламска држава/ИСИС“, а биле преземани активности за радикализација на млади и подготвителни дејствија за насилни активности. И во годините наназад беа спроведени повеќе слични акции а најпознати се случаите Ќелија 1 и 2 од 2015 и 2016 година со над 20 упасени лица кои имаа и судски епилог. Дел од обвинетите ја признаа вината и беа осудени, додека за други постапките продолжија откако станаа достапни за органите на прогонот.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаПродолжува судењето на обвинетиот сериски убиец Трајко БојковскиСо сведочења на вештаци, лекари, психијатри, во Основниот суд во Куманово продолжи судењето на Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој според обвинението, убивал во серија, најчесто стари и изнемоштени жени.Обвинет е за четири убиства и два обиди за убиства на жени, а на рочиштето тројцата психијатри кои со недели ја испитувале неговата психичка состојба го образложуваа вештачењето пред судот.... Во наодот, вештаците утврдуваат дека Бојковски имал некрофилски нагони, како и отсуство на каење и емпатија кон жртвите. Во исто време, нивниот заклучок е дека тој е пресметлив и знаел што прави. Токму околу пресметливоста се води и спорот меѓу одбраната и обвинителството. Адвокатот на бојковски, кој му е доделен по службена должност, бара наместо затворска казна да му биде изречена мерка за безбедност со престој и лекување во психијатриска установа. Барањето го темели на проценката дека постои опасност од повторување на кривичните дела. Обвинителството се спротивставува на ваквиот предлог, повикувајќи се на вештачењето според кое обвинетиот е целосно пресметлив и точно знае што прави... На претходното рочиште пред судот сведочеа две преживеани жртви, постари жени кои со страв и тешкотии раскажуваа за нападите што ги преживеале во своите домови. Едната од нив сведочеше дека бојковски околу еден час ја удирал и ја допирал по телото, по што побегнал откако слушнал звук како некој да доаѓа....Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter