3Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
МакедонијаДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денарОд полноќ дизелот е со нова пониска цена за 4,5 денари за литар, бензините поскапеа за еден денар. Владата претходно на седница ја продолжи мерката за намаленото ДДВ за дизелот до 12 октомври Литар дизел сега се продава по цена од 100 денари, бензинот еуросупер 95 за 100 а еуросупер 98 за 102 денари за литар... Со владината одлука да продолжи мерката за намаленото ДДВ до 12 октормври според владата има цел да се обезбеди стабилност о заштита на животниот стандард на граѓанитеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСтрашен руски напад во Украина- загина бебе во количка, мајката почина во болница Во напад со руски беспилотни летала врз регионот Харков во североисточна Украина загинаа шест лица, меѓу кои и деца, а уште 14 лица се повредени, меѓу кои и шест деца, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.„Ужасен руски напад врз регионот Харков. Беспилотните летала директно погодија луѓе во парк, во близина на кафуле. Тоа е чин на чист варваризам“, напиша Зеленски на социјалната мрежа X. Убиени се две девојчиња Меѓу загинатите беше и девојчето Ангелина, кое имаше само малку повеќе од една година. Родена е во август 2025 година и била во количка за бебиња во времето на нападот. Нејзината мајка Ина почина во болница, објави украинскиот претседател. Во нападот загина и едно единаесетгодишно девојче. Зеленски изрази сочувство до семејствата на жртвите и им се заблагодари на сите што продолжуваат да ја поддржуваат Украина и да помагаат во нејзината одбрана од руски беспилотни летала, ракетни напади и копнени офанзиви. Украинскиот претседател уште еднаш ги повика меѓународните партнери да ја зголемат поддршката за Украина, особено во областа на воздушната одбрана, нагласувајќи дека заштитата на човечките животи е приоритет. „Ова се ужасни фотографии, но зад нив стојат уништени животи и вистината за оваа војна. Животите треба да бидат заштитени. На Украина ѝ е потребна воздушна одбрана“, рече Зеленски. A horrific Russian strike in the Kharkiv region. A “shahed” struck people directly – in a park near an ordinary café. Pure atrocity. Six people were killed, including children. A little girl was killed in a stroller – her name was Angelina, she was just over a year old, born in August 2025… Her mother’s name was Inna. She died in the hospital… Another girl who was killed was 11 years old. My condolences to their families and loved ones. Another 14 people were injured, including six more children. I am grateful to everyone who supports Ukraine under these circumstances and helps us shoot down “shaheds,” shoot down missiles, and stop Russian assaults. These are horrific photos, but behind them are shattered lives and the truth about this war. Lives must be protected. Ukraine needs air defense. You can't think about making money with Russia as long as it continues its asinine war. We ask that sanctions on Russia stay in place as long as the killings continue. We ask America to be strong, and we ask it to apply the Lindsey Graham law. We ask Europe to continue its support. We ask that everything possible be done to bring peace and guarantee security. Ukraine wants peace. It is Russia that has insisted on continuing the killing all this time. The world has enough strength to stop the war. That strength must finally be used – against the murderers. — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 19, 2026 Зеленски повика на продолжување на санкциите против Русија Тој, исто така, повика на одржување на санкциите против Русија сè додека продолжуваат убиствата, предупредувајќи дека економските односи со Москва не можат да се гледаат одделно од нејзиното продолжување на војната против Украина. Тој побара од Соединетите Американски Држави да дејствуваат порешително и да го применат таканаречениот закон на Линдзи Греам, додека ја повика Европа да продолжи да ѝ дава поддршка на Украина. Тоа е американска иницијатива поврзана со заострување на притисокот врз Русија. „Украина сака мир. Русија е таа што инсистира да продолжи да убива цело време“, напиша Зеленски, повикувајќи ја меѓународната заедница да ги искористи сите расположиви можности за да ја запре војната и да ја гарантира безбедноста, како и да ѝ помогне на Украина. „Светот има доволно сила да ја запре војната. Таа сила конечно треба да се употреби против убијците“, заклучи украинскиот претседател. Информациите за бројот на жртвите и околностите на нападот се базираат на соопштението на украинскиот претседател.Тагови: бебе украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПовторно судири на полицијата со демонстрантите во Милано- стотици се приведени (ВИДЕО)Италијанската полиција привела 271 лице за време на немирите што избувнаа во Милано во неделата, потврдија властите. Ова беше втор ден од протестите поради лошите јавни услуги и растечките трошоци за живот, а беа обележани со судири со полицијата, грабежи на продавници и уништување на имот, пишува Ројтерс. Полицијата за немири употреби солзавец и водни топови против неколку стотици маскирани демонстранти кои запалија канти за ѓубре и ограбија продавници во центарот на градот. Според телевизиските снимки, ограбени се продавниците за спортска опрема Декатлон и Арк'терикс и филијала на Водафон. Од сите приведени, уапсени се 32 лица, објави полицијата во понеделник. Меѓу уапсените се 23 малолетници и 13 странски државјани. Поднесени се пријави против уште 28 лица до судските органи. Немири и во други градови Немирите во Милано се продолжение на слични судири што се случија во саботата во неколку градови на северот од земјата, вклучувајќи ги Болоња, Бреша, Бергамо и Торино. Полицијата во извештај од неделата соопшти дека во тоа време биле уапсени 28 демонстранти. Ситуацијата во Италија потсетува на онаа во соседна Франција, каде што стотици илјади луѓе излегоа на улиците во саботата. Протестите поттикнати од зголемувањето на трошоците за живот и намалувањето на јавните услуги се меѓу најнасилните таму во последните години. Италијанската премиерка Џорџија Мелони го осуди насилството. Таа најави дека владата, која се соочува со избори следната година, ќе одржи состанок во понеделник за да разговара за одговорот на оваа ситуација.Тагови: Милано полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаЃорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менуваГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека со силна посветеност и конкретни дела се модернизира скопската Зоолошка градина. - Скопје заслужува Зоолошка градина со која ќе се гордее, а животните заслужуваат квалитетни услови, стручна грижа и достоинствен третман. Изминатиот период интензивно работиме на реновирање на постојните и изградба на нови живеалишта. Заменети се крововите, поставени се нови огради кај лавовите и дополнителни заштитни огради. Изграден е моторички парк за најмладите, а се обновува и платото пред Зоолошката градина. Нашите заложби се насочени и кон збогатување на животинскиот свет со нови видови, со соодветни живеалишта и услови приспособени на нивните потреби. Секој чекор мора да биде воден од грижата за животните и од одговорноста што ја имаме кон нив. Како што ветивме, работиме ЗОО Скопје да прерасне во водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните. Создаваме подобри услови за животните, посетителите и вработените, со нови содржини кои ќе ја направат секоја посета побогата, поубава и поучна – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази благодарност до целиот тим, на вработените и на раководството на Зоолошката градина за вложениот труд, посветеноста и љубовта кон животните. - Вашата секојдневна грижа е основата врз која ја градиме оваа нова приказна. Овој месец ЗОО Скопје одбележува еден век постоење. Овој голем јубилеј го пречекуваме со работа и со цврста решителност обновата да продолжи. Заедно, ја градиме иднината на ЗОО Скопје, со цел да биде една од најдобрите зоолошки градини на овие простори – рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter