ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
1ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
МакедонијаМуцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната странаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека со досегашните разговори со официјална Софија, во кои не била вклучена трета страна, не е постигнат никаков напредок.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека со досегашните разговори со официјална Софија, во кои не била вклучена трета страна, не е постигнат никаков напредок и дека очигледно во разговорите треба да помогне, како што вели, најзасегнатата страна, а тоа е Европската унија. Муцунски ова го изјави во телевизиско гостување, прашан да го образложи предлогот што пред неколку дена го изнесе во интервју за МИА – вклученост на ЕУ во натамошните разговори со Бугарија. „Пред неколку месеци јас имав билатерална средба со мојата колешка. Претседателката Силјановска-Давкова се сретна со претседателката Јотова. И на тие средби секоја страна си ги кажува своите позиции, а никаков напредок не постигнуваме. А целта и најголемиот успех би било да се најде начин да обезбедиме предвидлив пат на државата, што значи дека очигледно е потребна помош од најзасегнатата страна, а тоа е европската унија во една целина. Затоа сме убедени дека е потребно засилено директно вклучување“,изјави Муцунски прашан да го коментира извештајот на „Политико“, според кој Македонија е исклучена од патоказите што ги подготвува ЕУ за дел од земјите кандидати, Муцунски рече дека се очекува Европската комисија неделава да објави документ поврзан со политиката на проширување, во кој, според неговите информации, треба да биде дефиниран и патот кон нови политики на т.н. Постепена интеграција, што, како што кажа, е особено значајно за земјава.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот ЗаевГо разбираме стравот на Венко Филипче дека постои опасност да биде променет во неговата партија. Тоа е страв кој е последица на фрагментираноста на СДС.Не можејќи да се соочи со сопствените грешки и пропусти, тој за обидите за негова смена ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со фракциите кои бараат смена на Венко Филипче. Напротив, зошто би сакале смена на Филипче, некој кој редовно губи на избори и е копија и пиун на најомразениот политичар Зоран Заев. Тој не може да излезе од неговата сенка и затоа СДС е таму каде што е, а Венко Филипче е потрупан со коруптивни скандали, провизии за набавка на кинески „Стабри“ вакцини, сомнителни имоти, блиски веледрогерии, запалена модуларна болница. Најдобро решение за ВМРО-ДПМНЕ е Филипче да продолжи да ја води СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
ЖивотПутин ја одобри купопродажбата на руската подружница на „Western Union“Руската компанија „Софтекс“ (Softex) доби одобрение за купување на 100 отсто од акциите во руската подружница на системот за плаќање Western Union – „НКО Western Union DP Vostok“ – се наведува во указот на рускиот претседател Владимир Путин.Во 2025 година, според руските сметководствени стандарди (РСДУ), руската подружница забележала нето-загуба од 301,5 милиони рубљи, или околу 3,15 милиони евра. Во Единствениот државен регистар на правни лица на Русија (ЕГРУЛ) се регистрирани неколку компании под името „Софтекс“ (Softex), а указот на Путин не прецизира која од нив купува удел во подружницата на „Вестерн јунион“ (Western Union). Најголемата од компаниите со тоа име е регистрирана во Калининград и се занимава со автоматизација на деловните процеси, развој на решенија со вештачка интелигенција и технологии за роботска автоматизација на процеси (RPA), како и со воведување специјализирани ИТ-системи за финансиски компании, вклучително и банкарски системи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: „Не му понудив ништо на Иран“ Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги негираше наводите дека е подготвен да му понуди на Иран ублажување на санкциите и одмрзнување на замрзнатите средства. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги негираше наводите дека е подготвен да му понуди на Иран ублажување на санкциите и одмрзнување на замрзнатите средства во замена за одредени отстапки поврзани со нуклеарната програма. Аксиос“, повикувајќи се на американски официјални лица, објави дека администрацијата на Трамп разгледува таква понуда, додека Трамп во објава на својата платформа „Трут соушл“ (Truth Social) изјави дека тоа „не е точно“ и оти тој „не понудил ништо“ на Иран. Наводите за можно економско олеснување се појавија во време кога посредници од Катар и Пакистан се обидуваат да посредуваат во преговорите меѓу САД и Иран. Двете страни остануваат на спротивставени ставови за клучните прашања: Иран сака преговорите да се фокусираат на Ормускиот Теснец и на поморската блокада од страна на САД, додека Вашингтон бара отстапки во врска со иранската нуклеарна програма. Посредниците се сретнаа со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во Њујорк за да разговараат за предлогот на Катар, а се очекуваат и разговори со претставници на администрацијата на Трамп. Американски претставник запознаен со индиректните разговори изјави дека тие биле „позитивни и конструктивни“ и оти Иран покажал флексибилност во однос на нуклеарните прашања, но нагласи дека сè уште постојат несогласувања, вклучително и околу временската рамка за исполнување на обврските и тоа која страна треба прва да преземе одредени чекори. Истиот функционер изјави дека САД нема да постигнат договор сè додека не се решат прашањата поврзани со нуклеарната програма и дека Вашингтон бара уверувања оти Иран сериозно пристапува кон преговорите. Сепак, Трамп во објава на „Трут соушл“ (Truth Social) ги отфрли тврдењата на „Аксиос“, нарекувајќи ги „измама“, и побара од порталот да го повлече текстот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook