МакедонијаПровокативни и тенденциозни прашања за претседателката Сиљановска во СофијаНе сум монарх за сама да ги донесам Уставните измени, таквата одлука е на парламентот, им одговори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија на бугарските новинари, кои по средбата со Јотова ја преплавија со прашања.Не сум монарх за сама да ги донесам Уставните измени, таквата одлука е на парламентот, им одговори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија на бугарските новинари, кои по средбата со Јотова ја преплавија со прашања, од кои дел беа тененциозни и провокативни. Освен за вметнувањето на Бугарите во Уставот, за што таа направи споредба со бугарскиот Устав кој не предвидува малцинства, Сиљановска беше прашана и за историски теми, меѓу кои и како гледа на тврдењата на одредени српски историчари и академици кои Македонија ја нарекувале „Јужна Србија“. Како одговор на тоа, македонската претседателка го цитираше бугарскиот Георги Господинов и побара од нив, да не бидат заглавени во минатото. Дополнително, Сиљановска повтори и дека промената на уставот на земјата, не зависи од неа, туку од парламентот и направи споредба со бугарскот устав каде нема малцинства. -Дали можете да ни кажете, дали сте загрижени дека српски историчари и академици ја нарекуваат Македонија, јужна Србија, јужна Бановина? / Не, не вие говорите за некакви фрустрации од историјата. Денеска го цитирав вашиот познат писател Господинов. Ве молам, живејте во сегашноста, и обидете се да ја предвидите историјата. ако живеете во историјата ќе останете заглавени,- - Гордана Сиљановска Давкова – Претседателка на Македонија. Бугарските медиуми и замерија на Сиљановска и за тоа што побарала прашањата и одговорите да бидат дадени на англиски јазик, а потоа појасни дека тоа било со цел подобро да ги разбере и оцени дека немало соодветна атмосфера за одговори. -Се разбира, јас побарав на англиски ако може да ме прашаат, но мислев дека тоа ќе оди по некој ред, тоа беше бомбардирање со прашања, се разбира јас се обидов на некои да одговорам, меѓутоа немаше атмосфера,- - Гордана Сиљановска Давкова – Претседателка на Македонија. Одговорите на англиски јазик на македонската претседателка и денеска беа во фокусот на бугарската јавност. Прашана за одлуката на македонската претседателка, шефицата на бугарската дипломатија, Велислава Петрова Чамова, случајно или не, јазикот го нарече бугарски, по што беше корегирана од присутните новинари. Осврнувајќи се на вчерашните средби, таа повтори дека уставните измени остануваат клучен услов за напредокот на земјава кон Европската Унија, додавајќи дека Софија е подготвена да обезбеди предвидливост на македонскиот евроинтегративен пат. -Не би сакала да објаснувам што е во главата на лидерите на Македонија. Но, за мене како министер за надворешни работи е важно да кажам дека од наша страна, ние сме ја покажале целата подготвеност да дадеме предвидливост и да дадеме јасни критериуми за тоа што се очекува да биде направено. Се надеваме дека од нивната страна да се премине кон исполнување отколку кон обиди за избегнување на одговорност. Во однос на желбата или немањето желба на госпоѓата Сиљановска да говори на бугарски јазик. / На македонски/ На македонски јазик. Јас лично не сум се сретнала со нејзе, во моите разговори со министерот за надворешни работи на Македонија, јас говорам на бугарски јазик и се разбираме одлично, - Велислава Петрова - Чамова. Бугарската министерка го повтори и ставот дека барањето на механизми за промена на преговарачката рамка на земјава е непродуктивно и ја повика земјава да ги исполни преземените обврски.Тагови: Бугарија Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00
Шоу бизЏастин Бибер ќе настапи на финалето на Светското првенство?Се наведува дека Џастин Бибер е во преговори да настапи на полувремето од финалето на Светското првенство.Извори од ФИФА велат дека официјалните лица размислуваат да го вклучат во спектаклот што ќе се одржи на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, објавува „TMZ“. Веќе импресивен список на изведувачи Бибер на тој начин би се придружил на веќе импресивниот список на изведувачи, кој, според најавите, ги вклучува Мадона, Шакира и популарниот јужнокорејски бенд „BTS“. Ангажирањето на канадската ѕвезда за ФИФА би имало смисла и поради неговата неодамнешна поврзаност со турнирот. Забележан на церемонијата на отворањето Џастин и неговата сопруга Хејли Бибер беа во центарот на вниманието на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Инглвуд пред неколку недели. Во таа прилика, Џастин ги изненади ВИП гостите со интимен настап зад сцената, каде што ја изведе својата песна „Yukon“. Единствен настап наместо турнеја Можниот настап на финалето носи интересен пресврт во летото на Бибер. Неодамна беше објавено дека, и покрај шпекулациите, пејачот во моментов не планира турнеја. Сепак, еднократен настап на најголемата фудбалска сцена во светот е сосема друга приказна. Во медиумите веќе се шпекулира дека би било интересно да се види Бибер како го завршува турнирот, особено ако репрезентацијата на САД продолжи со добрите резултати. Иако Бибер е Канаѓанец и покажа симпатии кон Мексико на церемонијата на отворањето, неговиот настап би бил во согласност со идејата за Светското првенство - собирање на целиот свет на едно место. Извор: Б92Тагови: Џастин Бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБајден го номинира Трамп за Нобелова награда?Синот на поранешниот американски претседател, Хантер Бајден, наводно објавил на социјалните мрежи дека го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, што некои медиуми го опишаа како „обид за провокација“.Како што објави „Хафпост“, Бајден ја претставил својата објава како номинација со иронично објаснување кое се толкува како критика на претходните тврдења на Трамп дека тој ја заслужува Нобеловата награда. Белата куќа официјално не коментираше за наводното соопштение, а некои извори блиски до администрацијата наводно реагирале со саркастичен тон. Трамп јавно го изразува своето верување со години дека ја заслужува Нобеловата награда за мир, истакнувајќи ги неговите дипломатски иницијативи за време на неговиот мандат. I am officially nominating Donald J. Trump (@realDonaldTrump) for the Nobel Peace Prize. No President in History has ended the same war so many times. Our Dear Leader has ended the war with Iran at least 38 times by CNN’s count. No President has ever done this before. And he… — Hunter Biden (@HunterBiden) July 2, 2026 Тој, исто така, постојано ги критикуваше одлуките на Нобеловиот комитет, особено откако наградата им беше доделена на други политички лидери. Објавата на Бајден предизвика широки реакции на социјалните мрежи, при што корисниците ја толкуваа на различни начини, од политичка сатира до обид да се привлече вниманието кон претходните изјави на Трамп за Нобеловата награда. Нобеловиот комитет не коментираше за поединечните номинации, кои генерално се доверливи.Тагови: Доналд Трамп Нобелова награда Хантер Бајден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНамалена довербата во рускиот претседател ПутинДовербата во рускиот претседател Владимир Путин се намали за 3,4 процентни поени за една недела, додека одобрувањето на неговата работа се намали за 3,5 процентни поени, според анкетата на руската државна агенција за истражување на јавното мислење.Податоците доаѓаат од Рускиот центар за истражување на јавното мислење, или „ВЦИОМ“, објавени од рускиот медиум „Агентство“ на 3 јули. Медиумите објавија дека довербата во Путин не се намалила толку брзо од почетокот на руската инвазија на Украина, додека неговиот рејтинг на одобрување не се намалил со ова темпо од 2024 година. Вкупно 73,3% од испитаниците рекле дека му веруваат на рускиот претседател, додека 22,1% рекле дека не. Една недела претходно, тие бројки беа 76,7% и 18,8%. Во исто време, 66,9% од испитаниците рекле дека го одобруваат работењето на Путин, додека 21,3% рекле дека не го одобруваат. Една недела претходно, тие бројки беа 70,4% и 19,7%. Последниот пат кога рејтингот на Путин падна толку брзо беше во август 2024 година, кога тој изгуби 3,5 процентни поени за една недела, објави медиумот. Фондацијата за јавно мислење, која соработува со Кремљ, исто така забележа влошување во својата проценка на работата на Путин. Нејзините податоци покажаа дека 70% од испитаниците рекле дека Путин добро ја врши работата на власт, што е намалување за 1 процентен поен во однос на претходната недела. Медиумот рече дека отчитувањето од 70% е најниското ниво од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина. Анкетата од јуни 2026 година од рускиот центар Левада покажа дека рејтингот на Путин паднал за 5 процентни поени, од 79% на 74%, објави агенцијата на 2 јули. Во извештајот, исто така, се вели дека уделот на Русите кои веруваат дека земјата се движи во вистинската насока паднал со рекордно темпо во јуни. Уделот на Руси кои не го одобруваат работењето на Путин, исто така, се зголеми од 15% на 21%, што е највисоко ниво од септември 2022 година, кога започна мобилизацијата, се вели во извештајот. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00