3Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилноСпоред Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Макеоднија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен северен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациентПочина 83 годишен пациент со нилска треска на клиниката за инфективни болести. Пациентот возраста имал и други хронични заболувања, потврди директорот на клиниката Фадил Цана. На клиниката од нилска треска се лекуваат 20 пациенти пет од нив се на интензивно лекување. Најчесто симптомите се висока температура, поврќање и дијареа, вртоглавица. Посебно треба да се внимателни возрасните граѓани и оние со хронични заболувања, појаснуваат докторите. Во оштините Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел и Илинден, а во населните места Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Јурумлери и Кадино е прогласена епидемија, потврдија од Центарот за јавно здравје. На терен ќе има редовно прскање од комарци во сите овие општини и населени места, објаснува Арсениевски од центарот за јавно здравје. Досега осум пациенти се излекувале и заминале од инфективната клиника, а вкупно од стратот на нилската треска биле хоспитализирани 29 пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБебе спасено од урнатините по земјотресот во Колумбија Бебе старо шест месеци е извлечено живо и здраво два дена по земјотресот што ја погоди Колумбија..Детето било спасено, откако маж кој бил исто така заробен под урнатините во градот кали барал помош, алармирајќи дека покрај себе има мало бебе.. Граѓани и спасувачи веднаш почнале со голи раце да ги отстрануваат парчињата бетон додека не стигнале до него и бебето. Според официјалните податоци, во земјотресот од 7,4 рихтерови степени, досега потврдена е смртта на над 200 лица, додека спасувачките тимови трагаат по околу 3.000 луѓе..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај РашчеОсновното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.Тагови: обвинителство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook