Провокативни и тенденциозни прашања за претседателката Сиљановска во Софија - Канал 5

Провокативни и тенденциозни прашања за претседателката Сиљановска во Софија

Не сум монарх за сама да ги донесам Уставните измени, таквата одлука е на парламентот, им одговори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија на бугарските новинари, кои по средбата со Јотова ја преплавија со прашања.

Провокативни и тенденциозни прашања за претседателката Сиљановска во Софија

Не сум монарх за сама да ги донесам Уставните измени, таквата одлука е на парламентот, им одговори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија на бугарските новинари, кои по средбата со Јотова ја преплавија со прашања, од кои дел беа тененциозни и провокативни. Освен за вметнувањето на Бугарите во Уставот, за што таа направи споредба со бугарскиот Устав кој не предвидува малцинства, Сиљановска беше прашана и за историски теми, меѓу кои и како гледа на тврдењата на одредени српски историчари и академици кои Македонија ја нарекувале „Јужна Србија“.

Како одговор на тоа, македонската претседателка го цитираше бугарскиот Георги Господинов и побара од нив, да не бидат заглавени во минатото. Дополнително, Сиљановска повтори и дека промената на уставот на земјата, не зависи од неа, туку од парламентот и направи споредба со бугарскот устав каде нема малцинства.

-Дали можете да ни кажете, дали сте загрижени дека српски историчари и академици ја нарекуваат Македонија, јужна Србија, јужна Бановина? / Не, не вие говорите за некакви фрустрации од историјата. Денеска го цитирав вашиот познат писател Господинов. Ве молам, живејте во сегашноста, и обидете се да ја предвидите историјата. ако живеете во историјата ќе останете заглавени,- - Гордана Сиљановска Давкова – Претседателка на Македонија.

Бугарските медиуми и замерија на Сиљановска и за тоа што побарала прашањата и одговорите да бидат дадени на англиски јазик, а потоа појасни дека тоа било со цел подобро да ги разбере и оцени дека немало соодветна атмосфера за одговори.

-Се разбира, јас побарав на англиски ако може да ме прашаат, но мислев дека тоа ќе оди по некој ред, тоа беше бомбардирање со прашања, се разбира јас се обидов на некои да одговорам, меѓутоа немаше атмосфера,- - Гордана Сиљановска Давкова – Претседателка на Македонија.

Одговорите на англиски јазик на македонската претседателка и денеска беа во фокусот на бугарската јавност. Прашана за одлуката на македонската претседателка, шефицата на бугарската дипломатија, Велислава Петрова Чамова, случајно или не, јазикот го нарече бугарски, по што беше корегирана од присутните новинари. Осврнувајќи се на вчерашните средби, таа повтори дека уставните измени остануваат клучен услов за напредокот на земјава кон Европската Унија, додавајќи дека Софија е подготвена да обезбеди предвидливост на македонскиот евроинтегративен пат.

-Не би сакала да објаснувам што е во главата на лидерите на Македонија. Но, за мене како министер за надворешни работи е важно да кажам дека од наша страна, ние сме ја покажале целата подготвеност да дадеме предвидливост и да дадеме јасни критериуми за тоа што се очекува да биде направено. Се надеваме дека од нивната страна да се премине кон исполнување отколку кон обиди за избегнување на одговорност. Во однос на желбата или немањето желба на госпоѓата Сиљановска да говори на бугарски јазик. / На македонски/ На македонски јазик. Јас лично не сум се сретнала со нејзе, во моите разговори со министерот за надворешни работи на Македонија, јас говорам на бугарски јазик и се разбираме одлично, - Велислава Петрова - Чамова.

Бугарската министерка го повтори и ставот дека барањето на механизми за промена на преговарачката рамка на земјава е непродуктивно и ја повика земјава да ги исполни преземените обврски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

 – Како повторно да внесете блискост во односот

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

Стресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост.

Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот.

Зошто стресот влијае на желбата за интимност?

Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот.

Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти.

Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација.

Како повторно да се разбуди блискоста?

Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат.

Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг.

Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето.

Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот.

Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос.

Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер