Евролигата донесе одлука за франшизите! - Канал 5

Евролигата донесе одлука за франшизите!

Од сезоната 2027/28, Евролигата ќе брои 24 учесници, што ќе претставува една од најголемите промени во историјата на натпреварувањето, пишува „Спортандо“.

Евролигата донесе одлука за франшизите!

Како што се очекуваше, во лигата ќе останат следните клубови: Анадолу Ефес, Асвел, Басконија, Олимпија Милано, Барселона, Баерн, Фенербахче, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид и Жалгирис.

Тие клубови треба да добијат статус на франшизи, додека ситуацијата околу ЦСКА од Москва сè уште останува отворена.

Ним ќе им се придружат седум нови франшизи, а засега повеќегодишни лиценци имаат Црвена звезда, Партизан, Дубаи, Валенсија и Виртус од Болоња.

Во споменатиот текст не е најјасно дали црвено-црно-белите сигурно ќе станат тие франшизи, или се само меѓу главните фаворити за тоа, со оглед на тоа што моментално имаат повеќегодишни лиценци од Евролигата. Останатите места ќе бидат пополнети преку Еврокупот и новите вајлд карти, со кои Евролигата го продолжува планот за проширување и промена на форматот.

На долг рок, целта е во наредните сезони натпреварувањето да се прошири на 28 клуба, што целосно би ја изменило мапата на европската кошарка и дополнително би го зацврстило моделот на затворена лига со постојани учесници, додава истиот извор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион Ф-16 се урна во поле во Турција

Турски борбен авион Ф-16 денес се урна за време на тренинг-лет во северозападната турска провинција Јалова поради технички дефект.

Авион Ф-16 се урна во поле во Турција

Видео снимки покажуваат експлозија и црн чад како се издигнуваат од полето каде што падна авионот. пилотот се катапултираше и ја преживеа несреќата“, соопшти турското министерство за одбрана.

YouTube video

Оттаму додаваат дека причината за несреќата ќе биде утврдена по детална истрага.

Според првичните информации, пилотот се спасил со катапултирање со падобран, по што на местото биле испратени медицински и противпожарни екипи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Овој небесен спектакл ќе може да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и Западна Африка.

Се очекува целосното затемнување да трае до две минути и 13 секунди а ќе биде видливо од Рејкјавик, Валенсија, Сарагоса и Леон. Во Рејкјавик, затемнувањето ќе биде во 17:48 часот по локално време, а во Валенсија во 20:32 часот.

Властите во Шпанија очекуваат шест милиони посетители во претежно рурални области на патеката на затемнувањето низ северна Шпанија и Балеарските острови, а во главниот град на Исланд, очилата за затемнување се распродадени со денови, бидејќи земјата со околу 400.000 жители очекува да пречека до 80.000 посетители.

Првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година, во Македонија ќе биде делумно во 19:26 часот

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Караванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во Велес

По Охрид и Битола, караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, денеска пристигнува во Велес.

Караванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во Велес

Таму е Сања Трајковска Ставров.

Што се граѓаните ќе имаат можност да видат вечерва?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер