Намалена довербата во рускиот претседател Путин - Канал 5

Намалена довербата во рускиот претседател Путин

Довербата во рускиот претседател Владимир Путин се намали за 3,4 процентни поени за една недела, додека одобрувањето на неговата работа се намали за 3,5 процентни поени, според анкетата на руската државна агенција за истражување на јавното мислење.

Намалена довербата во рускиот претседател Путин

Податоците доаѓаат од Рускиот центар за истражување на јавното мислење, или „ВЦИОМ“, објавени од рускиот медиум „Агентство“ на 3 јули.

Медиумите објавија дека довербата во Путин не се намалила толку брзо од почетокот на руската инвазија на Украина, додека неговиот рејтинг на одобрување не се намалил со ова темпо од 2024 година.

Вкупно 73,3% од испитаниците рекле дека му веруваат на рускиот претседател, додека 22,1% рекле дека не. Една недела претходно, тие бројки беа 76,7% и 18,8%.

Во исто време, 66,9% од испитаниците рекле дека го одобруваат работењето на Путин, додека 21,3% рекле дека не го одобруваат.

Една недела претходно, тие бројки беа 70,4% и 19,7%.

Последниот пат кога рејтингот на Путин падна толку брзо беше во август 2024 година, кога тој изгуби 3,5 процентни поени за една недела, објави медиумот.

Фондацијата за јавно мислење, која соработува со Кремљ, исто така забележа влошување во својата проценка на работата на Путин. Нејзините податоци покажаа дека 70% од испитаниците рекле дека Путин добро ја врши работата на власт, што е намалување за 1 процентен поен во однос на претходната недела.

Медиумот рече дека отчитувањето од 70% е најниското ниво од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина.

Анкетата од јуни 2026 година од рускиот центар Левада покажа дека рејтингот на Путин паднал за 5 процентни поени, од 79% на 74%, објави агенцијата на 2 јули.

Во извештајот, исто така, се вели дека уделот на Русите кои веруваат дека земјата се движи во вистинската насока паднал со рекордно темпо во јуни. Уделот на Руси кои не го одобруваат работењето на Путин, исто така, се зголеми од 15% на 21%, што е највисоко ниво од септември 2022 година, кога започна мобилизацијата, се вели во извештајот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка

Лицемерието на СДС и Венко Филипче повторно излегува на површина. Денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка

Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката.

Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра.

Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација.

Затоа, денес СДС звучат премногу лицемерно. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДС и прашањата кои останаа неодговорени од вчера.

Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки.

Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал.

Двојните аршини на СДС нема да поминат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари

Славески вели „сè е во ред“  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари

Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка.

Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари.

Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари.

Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија?

Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат.

Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка?

Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави.

Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите?

Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка.

Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократите со предност на среднорочните избори во САД, Трамп пред изборен тест

Американските гласачи денеска излегуваат на среднорочни избори, на кои ќе се оценуваат првите две години од вториот мандат на Доналд Трамп.

Демократите со предност на среднорочните избори во САД, Трамп пред изборен тест

Анкетите им даваат предност на демократите за освојување на Претставничкиот дом.,Додека битката за контрола врз Сенатот останува неизвесна.Се гласа за 435 места во Претставничкиот дом и за 35 сенатори.

Проценките се дека незадоволството од високите цени и трошоците за живот му штетат на Трамп,а дополнителен притисок создаваат царинската политика и војната со Иран.

Трамп водеше интензивна кампања и одржа повеќе од 20 предизборни митинзи.Тој ги обвини демократските кандидати дека се радикални и опасни.

Демократите се надеваат дека ќе освојат мнозинство во двата дома на конгресот. Тоа би им овозможило да отвораат истраги и да ги блокираат неговите именувања.. Секако резултатите ќе покажат колкава е поддршката за трамп и неговата политика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер