Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“
1Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“
3ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионот
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспоратаОсвен електронски, може да се најде и друго решение за поголема вклученост на дијаспората во изборите - премиерот Мицкоски со нов повик до опозициската СДСМ за консензус околу Изборниот законик. Откако предлог законот заглави во Собрание со над 13 илјади амандмани, тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за нови меѓупартиски преговори. Ако биде постигнат договор, повтори дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде бланко поддршка на сите други забелешки од опозициските партии. -Еве ние сме подготвени повторно да седнеме, повторно да разговараме. Гласањето на дијаспората – да најдеме модалитет да биде во обем многу поголем, со што би заштедиле пари. Еве, нека биде со писма, преку пошта, како било, да најдеме форма како да го интензивираме гласањето на дијаспората и да го направиме достапно за дијаспората,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Но, опозицискиот лидер Венко Филипче и понатаму се сомнева во намерите на власта за изборен грабеж. Со оглед дека предлогот е да почнат од претседателските избори во 2029 година, според него не треба да се избрзува, туку да се формира експертска работна група. -Тоа што менува само да помине законот создава сомнеж. Зошто дозволува да се отвори врата за манипулација со изборниот процес и става терет на луѓето од дијаспората дека утре тие може да бидат обвинети дека учествувале во изборен грабеж? Зошто да им ставаме таков терет? Нека дојдат тука нека гласаат со фингерпринт како што ние гласаме.. Секогаш ќе бидеме конструктивни кога се работи за тие закони, но не по цена да отвориме врата за изборен грабеж. И сето ова што премиерот го менува ставот еднаш вака, еднаш така, отвора сериозен сомнеж дека има позадина во целото тоа,- Венко Филипче – претседател на СДСМ. Од друга страна евроамбасадорот Рокас порача дека предлог-законот кој е во Собрание е позитивно оценет од европските институции и очекува дека сепак власта и опозицијата ќе најдат заеднички јазик. -Законот сам по себе е добар, ОДИХР и Европската Комисија имаат позитивни оценки. Она што остана се модалитетите. Разбирам дека има несогласувања околу модалитетите, но чувствувам дека има добра волја да се надминат. Исто така има комисија во Собранието за Изборниот законик и се надевам дека партиите за вака важно нешто ќе седнат и ќе постигнат консензус за овие сензитивни прашања,-Микалис Рокас – амбасадор на ЕУ во Македонија. Иако на лидерската средба во јануари партиите генрално изразија согласност за промена на изборниот модел и воведување на 1ИЕ наместо сегашнитие 6, во предложениот закон ова прашање не е опфатено. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05
СветСинкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“Премиерот на Литванија за Би-Би-Си изјави дека дека неговата земја направила планови за евакуација поради заканите од Русија, но додаде дека „нема да се предадат“ доколку бидат нападнати.Премиерот Миндаугас Синкевичиус изјави дека литванците се чувствуваат „постојано загрозени“ од Русија, делумно поради беспилотните летала што влегуваат во воздушниот простор на земјата. Рече дека доколку неговата земја биде нападната, „ќе возвратат. Постојат планови за „различни сценарија“ пример за „непречено“ извлекување на постарите граѓани од градовите и избегнување на сообраќајни метежи. Литванија која е членка на НАТО, дели копнена граница со руската енклава калининград. Ова се случува само една недела откако пилотите на борбените сили на НАТО соборија дрон што влезе во воздушниот простор на литванија. Москва не го коментираше инцидентот. Авионите на НАТО се искачија неколку пати за да соборат залутани украински дронови што годинава влегоа во балтичките земји, Естонија и Латвија.Тагови: Миндаугас Синкевичиус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05
МакедонијаЛишен од слобода крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казнаНа 21.09.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Д.(45) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. М.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.Тагови: Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионотМерките коишто ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за време ан енергетската криза даваат резултати.Македонија останува со најниски цени на горивата од земјите во регионот. За да и биде појасно на јавноста, ќе ги споредиме малопродажните цени на бензинот и дизелот кај нас и во нашето соседство. Во Македонија литар бензин 95 се продава за 99 денари, додека цената по која се продава во Грција за 30% повисока и изнесува 129 денари, во Албанија со цена од 126 денари за 27%, понатаму во Србија за 108 денари, односно за 9%. Следат, Хрватска каде малопродажната цена на бензинот е 107 денари, а споредено со кај нас цената е за 8% повика, па Црна Гора и Словенија со 106 денари или 7% повисока цена, а во Босна и Херцеговина со цената од 104 денари е за 5% поскап. Следно ќе ги споредиме цените на дизелот кој во Македонија се продава по 104,5 денари, додека во Албанија малопродажната цена е за дури 40,5% повисока и изнесува 147 денари, па следи Грција со 126 денари или за 20%, потоа е Србија со малопродажна цена на дизелот за 18,5% повисока или 124 денари по литар. Во Словенија дизелот се продава по 122 денари по литар, што е за 17% повисока цена од кај нас, во Хрватска 119 денари, односно за 14% повисока цена, па следи Црна Гора со 117 денари, односно 12% поскапо и Босна и Херцеговина со цена по литар дизел од 116 денари што е за 11% поскапо од кај нас. Ова се реалните цели на горивата во Македонија и во регионот, македонските граѓани трошат помалку за да ги наполнат своите резервоари на возилата и со тоа им останува повеќе во нивните семејни буџети. Ова е доказ дека добро испланираните и променети мерки за намалување на цените, како што е намалување на ДДВ и акцизите, даваат резултати и ги држат под контрола малопродажните цени. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш се води од интересот на државата и стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter