Трамп објави „енергетски“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина, Москва не го потврди постигнувањето на договорот
2Трамп објави „енергетски“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина, Москва не го потврди постигнувањето на договорот
3Тешки навреди кон новинарот Видиновски –Осудени лица, партиски членови и пробугарски профили во вербален напад! (ФОТО)
МакедонијаПрезентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе биде презентирана дел од новата опрема што армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд, со финансиска поддршка од Европската унија.На настанот се очекува да присуствуваат премиерот Мицкоски, министерот за одбрана Мисајловски, амбасадорот на Европската унија Рокас и началникот на генералштабот, генерал-мајор Лафчиски. Од министерството за одбрана информираат дека преку Европскиот мировен фонд се обезбедува воена опрема во вредност од над 40 милиони евра. Испораката е поделена во три фази, при што во земјава веќе се пристигнати првиот пакет и дел од вториот. Меѓу набавената опрема се радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3д-радар и преносни сензори, додека во последната фаза се очекува испорака на логистичка, комуникациска и пешадиска опрема.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаДОМ: Време е за системско решение за дивите и нестандардните депонииПожарите на нестандардната депонија „Краста“ во Куманово, која гори веќе шест месеци, и на депонијата во Струмица се аларм дека управувањето со комуналниот отпад во Македонија бара итни и суштински промени. Горењето на отпадот го загадува воздухот и може да ослободува опасни соединенија, вклучително и канцерогени диоксини и фурани. Здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на нефункционален систем. „Краста“ се користи со одлука на Општина Куманово, но нема дозвола за депонирање од Министерството за животна средина и просторно планирање. Според податоците на Министерството, законски дозволи за депонирање имаат само три депонии во државата: „Дрисла“ и депониите во Гевгелија и Гостивар. Општинските инспектори и Државниот инспекторат за животна средина мора да постапуваат ефикасно, секој во рамките на своите надлежности. Не е доволно институциите да реагираат откако ќе избие пожар – потребни се превенција, контрола и одговорност. Регионалниот систем за управување со отпад доцни со години, а регионалната депонија кај Свети Николе сè уште не е реализирана. ДОМ бара преиспитување на досегашниот пристап и конкретни решенија наместо нови ветувања. Покрај регионалниот систем, треба да се анализира можноста за централна постројка за енергетско искористување на отпадот, со капацитет до 300.000 тони годишно и проценета инвестиција од 100 до 120 милиони евра. Таквата инвестиција мора да биде оправдана со студија за изводливост, транспарентна постапка и строги еколошки стандарди. Согорувањето на отпадот не смее да биде изговор за дополнително оптоварување на граѓаните со загадување. Во контекст на користењето отпад како алтернативно гориво, ДОМ смета дека мора да има целосна транспарентност за видовите и количествата отпад што се користат, емисиите и резултатите од мониторингот. Секоја нова постројка за третман или енергетско искористување на отпадот мора да се планира на соодветна локација, надвор од населени места, со процена на влијанието врз животната средина и здравјето на луѓето, строга контрола на емисиите и достапни податоци за јавноста. Енергетското искористување не смее да ги замени селекцијата и рециклирањето, туку да ги надополни. Потребни се стимулации за примарна селекција, поефикасно собирање и третман на отпадот, посилен инспекциски надзор и отчетно трошење на јавните и европските средства. Сите досегашни влади ја задолжуваа државата со милијарди евра. Ако се задолжуваме, средствата мора да се вложуваат во функционални системи што носат долгорочна корист за граѓаните. Чистиот воздух, здравјето на луѓето и заштитата на животната средина мора да бидат приоритет. Време е за одговорност и системски решенија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветТрамп објави „енергетски“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина, Москва не го потврди постигнувањето на договоротАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави енергетски прекин на огнот меѓу Русија и Украина, кој, според него, стапува на сила веднаш.Украинскиот претседател Зеленски побара дополнителни детали, но порача дека Украина го поддржува договорот.Сепак, тој соопшти дека руските сили нападнале повеќе украински електрани, вклучувајќи објекти во Киев и во Харков. Нападите предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија. Москва засега не го потврди постигнувањето на договорот. Русија од почетокот на инвазијата систематски ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура. Киев, пак, возвраќа со напади врз руските рафинерии за нафта. Прекинот на огнот доби поддршка од Велика Британија, Франција, Канада и Европската комисија. Во меѓувреме, европските сојузници го критикуваа привременото олеснување на американските санкции за рускиот дизел. Зеленски го оцени потегот како слаба одлука, предупредувајќи дека може да ја охрабри Москва.Тој изјави дека Украина е подготвена да организира избори доколку Русија прифати 60-дневен целосен прекин на огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаТешки навреди кон новинарот Видиновски –Осудени лица, партиски членови и пробугарски профили во вербален напад! (ФОТО)„Политички гамад“, „Српска геноцидна фашистичка стапица“, „Уништувач на патриотизмот“ – ова се дел од навредите и клеветите кои вчера, најверојатно синхронизирано, ги објавија и споделуваа повеќе фејсбук-профили.„Политички гамад“, „Српска геноцидна фашистичка стапица“, „Уништувач на патриотизмот“ – ова се дел од навредите и клеветите кои вчера, најверојатно синхронизирано, ги објавија и споделуваа повеќе фејсбук-профили на луѓе кои се членови на помали политички партии, дел се осудени лица, а дел се пробугарски профили кои редовно пласираат антимакедонска содржина. Сите овие споделуваа текст од извесен Блаже Аризанов, активист во партијата „Македонски концепт“, кој, поради негативните коментари кон него и поддршката за Видиновски, го ограничи пристапот до својата објава. Во исчекување на реакции од новинарските здруженија, според информациите, ќе се поведе и правна постапка против сите оние кои го навредуваат новинарот и уредник на Канал 5 Телевизија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00