Од возило во движење е убиен раперот Јанг Долф, бил во пекарница - Канал 5

Од возило во движење е убиен раперот Јанг Долф, бил во пекарница

Американскиот рапер Јанг Долф е убиен вчера додека бил во пекарница во Мемфис, Тенеси, соопштила полицијата.

Од возило во движење е убиен раперот Јанг Долф, бил во пекарница

Музичарот роден во Чикаго, чие вистинско име беше Адолф Роберт Торнтон, имал 36 години.

Тој беше познат по хит песните како Major, а неговиот албум од 2020 Rich Slave беше на врвот на листата на најпродавани албуми на Билборд 200.Торнтон наводно купувал во продавницата „Makeda’s Homemade Butter Cookies“ во Мемфис кога некој го застрелал од возило во движење, објавија локалните медиуми.

Полицијата соопштила дека се уште не го идентификувала осомничениот.Полициската управа во Мемфис издала соопштение во кое го објавиле пукањето и велат дека „прелиминарните информации“ покажуваат дека жртвата е Торнтон.

Торнтон бил речиси убиен во пукање во Лос Анџелес во 2017 година. Според медиумите, тој се здобил со три прострелни рани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од почетокот на системот Безбеден град евидентирани се 310.865 прекршоци

301.835 за брзо возење, 180.378 за возила со странски регистарски ознаки.

Од почетокот на системот Безбеден град евидентирани се 310.865 прекршоци

Министерството за внатрешни работи ја известува јавнота дека во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци.

Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од отпочнување на функционирање на системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 180.378 прекршоци, додека во периодот од 19.08.2026 до 20.08.2026 регистрирани се 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шеснаесет маратонци пливаат на 39. Охридски пливачки маратон

Шеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска се плива во водите на Охридското Езеро.

Шеснаесет маратонци пливаат на 39. Охридски пливачки маратон

25 километри долгата патека Климе Савин од Свети Наум до градското пристаниште во Охрди го пливаат маратонци од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина.

Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева.

Покровители на маратонот се Општина Охрид, Министерството за спорт и претседателката Гордана Силјановска Давкова, додека технички организатор е пливачкиот клуб „Охридски Бранови 2008“ од Охрид.

Наградниот фонд на годинашниот маратон изнесува 15 илјади долари, а паричните награди ќе бидат распределни соодветно за најдобрите пливачи во двете категории.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода

Во текот на изминатата вечер (21/22.08.2026) во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за мотоцикли, мопеди трицикли и четирицикли при што санкционирани се 262 возачи. Од нив за возачи на мопеди и мотоцикли изречени се 102 мерки и тоа 93 санкции за управување мотоцикли без заштитна кацига, четири мерки за несоодветна категорија, пет санкции за управување без положен возачки испит и 160 останати мерки за други видови на прекршоци меѓу кои за не носење возачка дозвола, не носење сообраќајна дозвола, не истакнати таблици, минување на црвено...

Исто така привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер