Клековски во Софија: Ќе се дознае ли вистината за здравствената состојба на Михаилова? - Канал 5

Клековски во Софија: Ќе се дознае ли вистината за здравствената состојба на Михаилова?

Во Софија денеска е министерот за здравство Сашо Клековски, кој меѓу другото треба да се информира и за здравствената состојба на Михаилова.. 

Клековски во Софија: Ќе се дознае ли вистината за здравствената состојба на Михаилова?

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска е во Софија, но засега нема информации што разговарал со својата колешка Катја Ивкова, во врска со случајот на Ива Михаилова... Од Министерството испратија соопштение во кое само се наведува дека во Софија Министерот потпишал двегодишен План за соработка во областа на здравството и медицинските науки, врз основа на еднаквост, реципроцитет и заемен интерес.

Средбата ја најави самиот Клековски минатата недела, кога оцени дека не станува збор за здравствен случај, и дека бегството се должи токму на најавата дека во Макеоднија ќе дојде стручен тим од Бугарија, што според него, ќе ја извадел вистината на виделина.

Михаилова веќе една недела е хоспитализирана во болницата „Пирогов“ во Софија, но од таму не сакаат да дадат било какви информации во однос на состојбата.

„Не можам да ви дадам никаква информација. Пријатен ден!“

По инсистирањето за одговор во однос на тоа какви испитувања и се направени на Михаилова и што тие покажуваат од назначената прес-служба на болницата попладнево само кусо ни одговорија таа се уште е во болница.

„Во моментов, пациентката за која прашувате е хоспитализирана во Универзитетската болница „Пирогов“. Таа е подложена на прегледи и третман пропишани од лекарите.“

Во меѓувреме, здравствените инспектори ја завршија проверката на Неврологија, кој покажал дека Ива Михаилова е „пациент фантом“, бидејќи во „Мој термин“ нема податоци ниту за креирани упати, ниту за закажани прегледи.

Ова го потврдува за Канал 5 Директорот на Клиниката д-р Јован Божиновски кој додаде дека пристигнато е и решение за платен налог за д-р Иван Барбов со чиј што извештај Михаилова тврди дека немала услови за лекување во Македонија. Според законот за прекршоци, Д-р Барбов ќе треба да плати казна од околу 200 евра, или половина од сумата ако се плати веднаш. Барбов денеска не одговори на нашите повици и не даде став за казната, но во порака ни посочи дека службата на „Мој термин“ треба да каже дали воопшто Михаилова можела да биде евидентирана или не.

Детали за Извештајот се очекуваат од минстерот Клековски по враќањето од Софија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо го собори рекордот на Ла Лига

Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. 

Мурињо го собори рекордот на Ла Лига

Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти.

Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти.

Флик има уште подобар процент

Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари.

1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари)

2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари)

3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари)

4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари)

Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)

Бројот на жртви во големата железничка несреќа во Египет се искачи на седум, а 112 лица се повредени, соопштија египетските власти.

Се зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)

Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза и се судриле со друг воз, недалеку од Каиро, објави „Араб њуз“.

Локалните медиуми претходно објавија дека 120 лица се повредени, без да ја прецизираат сериозноста на нивните повреди. Некои египетски медиуми објавија дека бројот на повредени е повеќе од 150.

Несреќата се случила во областа Ал-Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави „Галф њуз“.

Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените.

Како што претходно објави „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да ги спроведе потребните проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја следи несреќата со „голема загриженост“ и им нареди на властите да спроведат итна истрага за да „ги повикаат на одговорност сите оние за кои е утврдено дека биле небрежни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари

„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек.

Финансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари

„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек, само неколку дена откако хакерите украдоа криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од платформата.

„Кајзер Нг одлучи да започне нов потфат по повеќе од пет години во „Бајненс“, со план за транзиција кој беше имплементиран во текот на изминатите шест месеци. Му посакуваме се најдобро во неговото следно поглавје“, рече копретседателката на компанијата, Ји Хе, според „Блумберг“.

Нг се приклучи на компанијата во јануари 2022 година, откако помина околу пет години на друга крипто берза, „Кракен“.

Неговиот наследник, Џастин Јек, претходно беше потпретседател за финансии во компанијата за услуги за плаќања „Ервалекс“.

„Воодушевен сум што ја преземам улогата на финансиски директор во „Бајненс“. Со нетрпение очекувам да го водам финансискиот сектор на компанијата додека продолжуваме одговорно да го шириме нашиот бизнис и да ја постигнеме нашата глобална мисија“, рече Џек во соопштението.

Компанијата претходно објави дека хакерите минатата недела украле 6,3 милијарди долари криптовалути, што беше опишано како најголема кражба во историјата на индустријата.

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) на 31 октомври објави дека Северна Кореја стои зад нападот.

„Бајненс“ по нападот соопшти дека вратила околу 90 проценти од украдените средства и продолжува да работи на целосно обештетување на корисниците.

Нападите врз крипто платформите претставуваат растечки безбедносен предизвик за индустријата која се прошири на глобалниот финансиски пазар во последните години, соопшти американската агенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер