Од утре се укинува забраната за движење во шума и на шумско земјиште - Канал 5

Од утре се укинува забраната за движење во шума и на шумско земјиште

-Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено.

Од утре се укинува забраната за движење во шума и на шумско земјиште

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми" ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште со кои стопанисува ЈП „Национални шуми", донесена на 16 април 2020 година.

-Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено и поради новосоздадените услови Министерството за земјоделство, на барање на ЈП „Национални шуми", ја укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште. Решението за укинување на забраната за движење во шума и шумско земјиште стапува во сила од утре, 24 април 2020, информира МЗШВ.

ЈП „Национални шуми" ќе продолжат и понатаму да ја следат состојбата со шумите и движењето на граѓаните (рекреативците и сите што извршуваат шумско културни активности). Доколку се процени дека повторно се создале услови за ризик од шумски пожари, забраната повторно ќе се воведе.

– Ги потсетуваме сите граѓани дека согласно член 46 од Законот за земјоделско земјиште и член 23 од Законот за ловство, забрането е палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор, наведува Министерството.

МЗШВ апелира граѓаните одговорно да се однесуваат додека се движат низ шума, да се грижат за природата, да не фрлаат догорчиња и запалливи материи со што ќе придонесат за зачувување на животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 11 возачи, од нив осуммина немале возачка дозвола

Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, од нив осуммина возеле без возачка дозвола.

Уапсени се 11 возачи, од нив осуммина немале возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осуммина (четворица во Скопје и по еден во Прилеп, Гостивар, Велес и кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол лишени до слобода се двајца возачи (Куманово и Кавадарци), а еден возач во Скопје возел и покрај тоа што за него имало изречена забрана за управување. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките во земјоделието говорат за развој, а СДС зборува за негово уништување

Бројките во земјоделието говорат за развој, а СДС зборува за негово уништување, очигледно лажењето е карактерна особина на другарите на Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките во земјоделието говорат за развој, а СДС зборува за негово уништување

СДС и портпаролката Богданка Кузеска очигледно немајќи што да прават денес, одлучија да одржат прес-конференција на тема земјоделие.

Кузеска и СДС како да не се од Македонија, како да не живеат тука или пак лажењето им е стил на однесување, карактерна особина.

Денеска се утепаа од лажење, како немало пари за земјоделците, немало инвестиции, немало откуп или бил намален, субвенциите биле намалени. Па одат и понатаму и заклучуваат повторно огромна глупост се уништувале сите области како градинарство, лозарство, сточарството итн.

Да не ги набројуваме проблемите кои беа затекнати во земјоделието, тоа одзема многу време и место, ама затоа ќе се обидеме кратко да истакнеме дека говорат лаги. Со неколку податоци.

За се има конкретни бројки и конкретни резултати.

Има зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, или суфицит од 215 милиони евра за истата година.

Производството на кравјо млеко за 2025 година бележи раст од 2,7% споредбено со 2024 година.

Произведени се вкупно 300.000 тони пченица во 2025 година што е еквивалент на она што е потребно на Македонија за задоволување на домашните потреби.

Од преземањето на власта до денеска исплатени се над 15 милијарди денари субвенции кон земјоделците во државава.

Ова се бројки, ова е прецизно и говори само едно, дека можеби раководството на СДС му удрило сонцето во глава и лаже, или едноставно лажењето е нивна карактерна особина, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија.

Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Денеска (27.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави.

Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе и стоки, унапредување на безбедноста и намалување на времето на чекање на граничните премини.

Договорот предвидува формализирана институционална соработка, фазна имплементација преку протоколи приспособени на секоја локација, како и зајакнати механизми за координација и размена на информации меѓу надлежните служби.

Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека договорот претставува значаен чекор кон поефикасно, побезбедно и попредвидливо управување со границата, со директни придобивки за граѓаните, стопанството и институциите.

Тој нагласи дека заедничките гранични процедури не само што го олеснуваат протокот, туку и ја зајакнуваат способноста на двете држави за справување со прекуграничен криминал, трговија со луѓе и други безбедносни ризици, преку координирано постапување и размена на информации.

Посебно беше истакнато дека имплементацијата ќе се одвива постепено и контролирано, со цел секој заеднички граничен премин да биде целосно оперативно и правно подготвен пред стапување во примена.

Министерот Тошковски упати благодарност до експертските тимови, правните советници, полициските службеници и сите институции од двете земји кои учествуваа во подготовката на договорот, нагласувајќи дека нивната работа е клучна за постигнатиот резултат.

Потпишувањето на договорот на граничниот премин Блато претставува важна пресвртница во билатералната соработка меѓу Македонија и Албанија и потврда на заедничката заложба за модерно, ефикасно и безбедно управување со границите.

Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе успешно функционира со Србија и Косово, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер