Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
1Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
2Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Бројките во земјоделието говорат за развој, а СДС зборува за негово уништувањеБројките во земјоделието говорат за развој, а СДС зборува за негово уништување, очигледно лажењето е карактерна особина на другарите на Филипче.СДС и портпаролката Богданка Кузеска очигледно немајќи што да прават денес, одлучија да одржат прес-конференција на тема земјоделие. Кузеска и СДС како да не се од Македонија, како да не живеат тука или пак лажењето им е стил на однесување, карактерна особина. Денеска се утепаа од лажење, како немало пари за земјоделците, немало инвестиции, немало откуп или бил намален, субвенциите биле намалени. Па одат и понатаму и заклучуваат повторно огромна глупост се уништувале сите области како градинарство, лозарство, сточарството итн. Да не ги набројуваме проблемите кои беа затекнати во земјоделието, тоа одзема многу време и место, ама затоа ќе се обидеме кратко да истакнеме дека говорат лаги. Со неколку податоци. За се има конкретни бројки и конкретни резултати. Има зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, или суфицит од 215 милиони евра за истата година. Производството на кравјо млеко за 2025 година бележи раст од 2,7% споредбено со 2024 година. Произведени се вкупно 300.000 тони пченица во 2025 година што е еквивалент на она што е потребно на Македонија за задоволување на домашните потреби. Од преземањето на власта до денеска исплатени се над 15 милијарди денари субвенции кон земјоделците во државава. Ова се бројки, ова е прецизно и говори само едно, дека можеби раководството на СДС му удрило сонцето во глава и лаже, или едноставно лажењето е нивна карактерна особина, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ФудбалСе појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на ФенербахчеХаотични сцени се одвивале по реванш-натпреварот од плејофот за Лигата на шампионите меѓу Лион и Фенербахче. Последниот судиски свиреж поттикна жесток судир меѓу играчите, а сега се појавија и нови снимки кои фрлаат дополнително светло врз самиот почеток на тепачката. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот кога ситуацијата со Матео Гендузи прерасна во физичка пресметка. Според снимката и извештаите на разни медиуми, тренерот на голманите на Лион, Антонио Фереира, истрчал кон играчот на Фенербахче и се обидел да го удри со нога, изведувајќи потег во стилот на карате. Ова предизвика реакција кај персоналот на Фенербахче, а конфликтот брзо ескалираше во масовна тепачка. Видеото поттикна бројни реакции на социјалните мрежи, особено затоа што сега појасно може да се види моментот што му претходеше на ескалирањето на ситуацијата. Сепак, целата приказна имаше свој вовед. За време на натпреварот, Гендузи беше во центарот на вниманието во напнатата атмосфера, првенствено поради неговиот претходен ангажман во Олимпик Марсеј, голем ривал на Лион. 🚨🚨 The aftermath of the Lyon vs Fenerbahçe match. 😳👊 pic.twitter.com/maRawLYIOu — EuroFoot (@eurofootcom) August 26, 2026 Французинот беше гласно исвиркан од публиката за време на загревањето, на што тој одговори покажувајќи им среден прст на навивачите. По натпреварот, тој дополнително ги провоцираше домашните играчи со гестикулации и извици „Allez l'OM“ (Напред Олимпик Марсеј). Неговото однесување дополнително ги разбесни домашните играчи и стручниот штаб, а ситуацијата целосно излезе од контрола по последниот судиски свиреж.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаММА и МРТ: Да се истражи работата на спортските канали Арена во МакедонијаОд ММА и МРТ велат дека имаат материјални докази дека спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум подолг период работат без домашна дозвола.Националните радиодифузери членки на Македонската медиумска асоцијација (ММА) и јавниот сервис МРТ се сериозно вознемирени од индициите дека со работењето на неколку нови телевизиски сервиси кои се креирани од српски компании блиски до државата, се заобиколуваат и злоупотребуваат македонските закони, се наведува во реакцијата на ММА и МРТ, а во врска со работењето на спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум. Од ММА и МРТ велат дека имаат материјални докази дека спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум подолг период работат без домашна дозвола, а македонскиот регулатор АВМУ „на волшебен начин ги третира како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се произведуваат тука, а програмата се емитува на македонски јазик“. „Дополнително, во евиденцијата на српскиот регулатор РЕМ каналите Арена M1, M2 и M3 премиум не постојат што значи не се домицилни, српски канали. Истовремено, во операторските евиденции одобрени од АВМУ овие канали се водат како странски сервиси кои емитуваат програма на српски јазик! ММА и МРТ бараат органите на истрагата како и референтните институциите да утврдат дали со ваквото постапување е заобиколена законската обврска за дозвола, дали е причинета штета на буџетот со неплаќање на лиценца и дали постои одговорност кај сопствениците, одговорните лица на ТВ сервисите како и кај службениците на АВМУ. Бараме да се провери и евентуалното неовластено користење на премиум спортски ТВ-права позната како ТВ пиратерија. За жал долгогодишното незаконско реемитување на одредени канали од регионот како што се Хрватска, Албанија, Босна и Србија бараме кончено да влезе во радарот на македонскиот регулатор“, велат од ММА и МРТ. Оттаму додаваат дека нема да дозволат истиот модел на евентуалното изигрување на законот да биде применет и за најавениот Јуроњуз Македонија, односно АВМУ да го третира како странски сервис на начин сличен на Арена премиум каналите, „како што најавуваат нивните сопственици и структури од Белград“. „Беззаконието кое денес се толерира како исклучок, утре може да стане правило. ММА и МРТ ќе поднесат соодветни поднесоци до Јавното обвинителство и МВР за да се испита постапувањето и евентуалната одговорност на надлежните лица во АВМУ“, велат од ММА и МРТ.Тагови: ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедма вечер на отвореното културно лето во КарпошВчеравечер Карпошовото културно лето започна со презентација на фолклорната уметност , во организација на АКУД „Мирче Ацев“. Освен домашни групи, танцовите фолклорни ансамбли од Мексико, Романија, Унгарија , Полска и Турција, беа одлична можност, почитувачите на автентичниот фолклор да се насладат на интернационална играорна култура од други земји. Во присуство на градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, во рамки на проектот „ReArt, во кафулето „Ли“, за љубителите на овој вид на уметност, беа изложени и презентирани автентично изработени скулптури од рециклирани материјали, создадени од млади таленти . -Навистина ми претставува особена чест, што вечерва имаме можност да ги видиме овие фасцинантни дела од оваа изложба. Она што го гледаме пред нас е најдобар доказ дека уметноста може да се роди токму таму, каде што најмалку ја очекуваме. Особено ме радува што зад овие дела стојат млади луѓе. Тие ни покажуваат дека креативноста нема граници, а одговорниот однос кон животната средина може да започне со едноставна промена во начинот на кој гледаме на работите околу нас, потенцираше првиот човек на Карпош , Лукровски. Во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“ со почеток од 20:00 часот , во рамки на отвореното кино, беше прикажан филмот „Исцелител“. И овој пат, карпошани, заедно со своите маалски соседи, роднини и пријатели, гледаа домашен македонски филм, во една релаксирана и опуштена атмосфера. Седмата вечер на отвореното културно лето во Карпош, заврши на најдобар можен начин-со одлична забава со неповторливите Игор Џамбазов и Гуру Харе . Нашиот легендарен шоумен заедно со гитаристот во придружба, направија незаборавна вечер за паметење. Со бравурозен настап, како на „филмска лента“ сe редеа познатите македонски поп-рок хитови и евергрини од познати македонски изведувачи кои ги натераа присутните заедно со Џамбазов и Гуру Харе да пејат и одлично да се веселат. Меѓу своите карпошани во релаксирана и опуштена атмосфера се забавуваше и градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски , заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook