МакедонијаПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат Камерите на МВР за пет месеци санкционирале 120.000 прекршоци, но системот и натаму нема можност да ги казнува возилата со странски таблички, чија фрекфенција е зголемена со почетокот на летната сезона... 120 илјади прекршоци се регистрирани преку камерите од системот Сејф сити од неговото ставање во функција, најголем дел се за пречекорување на дозволената брзина. Податоците ги сподели министерот Панче Тошковски во отчетот за сработеното во изминатите две години откако е на челната позиција во МВР. Статистиките покажале и намален број на сообраќајни несреќи за 40%, во првите пет месеци бројот на загинати е 34 а за истиот период лани имало 55 загинати лица. Според најавите проектот до крајот на годината треба да биде имплементиран на териоторија на целата земја. Сепак и понатаму проблем останува санкционирањето на сообраќајните прекршоци сторени од возачи со странски регистарски таблички. Сејф сити системот ги препознава, но не можат да се идентификуваат сопствениците за да им се достави казна бидејќи нашата матична евиденција не е поврзана со сопственици на странски возила. Тошковски вели дека се работи на проблемот и најави дека ќе се постави пункт во близина на граничниот премин Табановце кој ќе биде специјализиран за детекција и спроведување на сообраќајни прекршоци спрема странски возила. -Странските регистарски таблички се препознаваат од првиот ден, проблем е процесот на спроведување, идентификување и достава во однос на сопствениците на странските возила. Заради тоа што, сопствениците на македонските возила ги имаме во систем со целокупно ажурирање на базата на податоци којашто ја имавме којашто отпочна година дена пред официјално да започне имплементацијата на системот Сејф сити. За жал таква можност за ставање на сопственици на странски возила сме немале којашто би можело ефективно да го даде резултатот. Но тоа не значи дека не се евидентирани во системот, возачите со странски регистарски таблици, и дека нема да биде процесуиран за истиот соодветен сообраќаен прекршок. Во досегашниот мандат Тошковски се соочи со три неуспешни интерпелации а во отчетот заклучи дека Македонија денес има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години. Постигната е вкупна ефикасност од 69 проценти во намалување на криминалитетот кажа минстерот. Откриени се повеќе од 30 организирани криминални групи. Во областа на корупцијата, сузбиени се шест такви групи, при што кривични пријави добиле 146 лица. Прашан околу преговорите за владина реконструкција и шпекулации за евентулаен трансфер во Министерството за правда, Тошковски не даде конкретен одговор. -Мислам дека има уште многу работа што треба да се сработи во ова министерство и мислам дека треба максимално да се вложиме тие кои сме посветени овие години во МВР да ги унапредиме подобриме процесите во рамки на МВР. Во отчетот Тошковски се осврна и на реформите но и условите за работа на припадниците на МВР за кои тврдеше дека се подобрени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ќе ја „држи“ цената на струјата со заем- сметката повторно ќе ја плаќаат граѓанитеУште едно задолжување. Ново.Арамијата Мицкоски пак излегува со истата трик-приказна. Сега преку ЕСМ сака заем од околу 33 милиони евра за батерии во Битола. Ќе ви каже: ова е за да не скокне струјата. Не е. Батериите не прават евтина струја. Ја ставаат струјата во склад и ја пуштаат подоцна. Како фрижидер за киловати. Тоа може да помогне на мрежата. Ама не ја плаќа вашата сметка. Заемот е долг. Долгот се враќа. ЕСМ веќе тоне - има загуба над 100 милиони евра, помалку домашна струја, поскап увоз. Кога државната фирма нема пари да го врати кредитот, го враќа државата. Државата ги зема парите од граѓаните: од данок, од сметка, од тоа што нема за плати и пензии. Денес велат - нема поскапување. Утре стигнува каматата. Цената не ја држат. Ја кријат во заем. ВМРО-ОКГ така работи со сè. Концерт - “нула денари“ за диџејот, па Лотарија плати 5,5 милиони евра. Сега струјата „ја држиме“, а граѓаните ќе ја враќаат - со 33 милиони плус камата. Ако сакаше евтина струја, ќе произведуваше дома. Ќе ја среди ЕСМ. Нема. Се задолжува. Нема бесплатни батерии.Има кредит. Има камата. Има банда што слави заем како грижа. Граѓанинот плаќа два пати - еднаш на бројило, втор пат кога се враќа заемот. Скопје, 16.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо судот во Хаг почна изрекувањето на пресудата за Тачи, Красниќи, Весељи и Селими Обвинителството во завршните зборови побара 45 години затвор за обвинетите Тачи, Красниќи, Селими и Весељи.Судот во Хаг во 10 часот почна со изрекувањето на првостепената пресуда против четворица поранешни команданти на таканаречената ОВК - Хашим Тачи, Кадрија Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото против најмалку 407 затвореници, од кои најмалку 102 беа убиени. Атмосферата во Хаг е напната - поддржувачите на ОВК ја чекаат одлуката пред судот. Во судницата се обвинетите, членовите на нивните семејства, кососвски министри, претседателот на здружението на поранешни членови на ОВК Хисни Гуцати, како и пратеници од демократската партија на косово.изрекувањето на пресудата, како што е најавено, ќе трае два часа, од 10 до 12 часот. Обвинителството во завршните зборови побара 45 години затвор за обвинетите Тачи, Красниќи, Селими и Весељи. Обвинението ги товари врз основа на индивидуална кривична одговорност за шест точки за злосторства против човештвото и четири точки за воени злосторства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Набавуваме 3.300 нови контејнери – чекор кон почисто Скопје„Добив исклучително ниска цена за набавката на 3.300 контејнери, двојно поевтино од било кога во минатото“, изјави Ѓорѓиевски.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа информираше дека за десетина дена ќе започне испораката на 3.300 нови контејнери, со кои значително ќе се унапреди системот за собирање и управување со отпадот во главниот град. „Добив исклучително ниска цена за набавката на 3.300 контејнери, двојно поевтино од било кога во минатото“, изјави Ѓорѓиевски. Тој посочи дека со новите контејнери, заедно со новите специјализирани комунални возила, во значителна мера ќе се надмине состојбата со отпадот во Скопје и ќе се создадат подобри услови за одржување на јавната хигиена. Покрај новите контејнери и комунални возила, Градот Скопје наскоро ќе ги стави во функција и новите метлачки и цистерни. Нивната употреба ќе придонесе за почисти улици, булевари и јавни површини, што е од директен интерес за сите граѓани. Ѓорѓиевски најави и иницијатива која ќе биде доставена до Советот на Град Скопје, со која се предвидува еден ден во месецот депонирањето отпад на депонијата „Дрисла“ да биде бесплатно за граѓаните. „Со конкретни мерки и инвестиции продолжуваме да работиме на подобрување на комуналната хигиена и создавање почист и поуреден град за сите скопјани“, порача градоначалникот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook