Од 1 август лекот „Фостер“ ќе биде достапен со партиципација од 280 денари - Канал 5

Од 1 август лекот „Фостер“ ќе биде достапен со партиципација од 280 денари

Од 1 август лекот „Фостер“ ќе биде достапен со партиципација од 280 денари
Од 1 август инхалаторниот лек за астма и ХОББ Фостер ќе биде достапен без доплата, само ќе се плати партиципација од 280 денари. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт

По двата освоени медали во Таранто и Софија, во фокусот на средбата беа следните предизвици за Рустемовски и плановите за унапредување на боксот во Македонија преку соодветни програми.

Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, оствари средба со македонскиот боксер Ален Рустемовски и претставници на Боксерската федерација на Македонија, по повод освоениот бронзен медал на Европското првенство во бокс во Софија.

Рустемовски на Европското првенство стигна до полуфиналето и со освоената бронза продолжи со одличните настапи на големите меѓународни натпреварувања. За македонскиот боксер, ова е второ големо одличје во неполни 30 дена, откако претходно освои бронза и на Медитеранските игри во Таранто.

На средбата, Димевски му го честиташе успехот и истакна дека ваквите резултати се значаен поттик за македонскиот спорт.

„Бронзениот медал од Европското првенство е потврда за квалитетот, работата и посветеноста на Ален. Особено радува што во краток период успеа да освои две одличја од големи меѓународни натпревари. Македонскиот олимписки комитет ќе продолжи да го поддржува Ален во неговите подготовки и настапи, но и заедно со Боксерската федерација да работи на создавање услови за понатамошен развој на боксот во Македонија. Преку нашите програми и активности сакаме да дадеме дополнителен придонес во развојот и поддршката на боксот како национален спорт, како и на спортистите кои ја претставуваат нашата земја“, истакна Димевски.

Рустемовски се заблагодари за поддршката и посочи дека медалите од Таранто и Софија му даваат дополнителен мотив за продолжување на подготовките и новите предизвици што следуваат.

„Многу ми значи поддршката од МОК. Двата медали во краток период ми даваат голема мотивација да продолжам да работам и да се подготвувам за следните натпревари. Се надевам дека ќе продолжам да ја претставувам Македонија на најдобар можен начин“, рече Рустемовски.

На средбата се разговараше и за следните настапи и плановите на Рустемовски, како и за можностите за заедничка соработка меѓу МОК и Боксерската федерација во насока на понатамошно унапредување на боксот во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши во посета на Саудиска Арабија

Денес, Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот  на Собранието, Африм Гаши, престојува во официјална посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија.

Гаши во посета на Саудиска Арабија

Во составот на Делегација се и следниве пратеници: Никола Мицевски, координатор на ВМРО – ДПМНЕ; Оливер Спасовски, координатор на СДСМ и Аднан Азизи, претседател на Пратеничката група за соработка со парламентите на земјите од Блискиот Исток и Арапскиот Залив.

Во рамките на посетата Делегацијата предводена од претседателот Гаши оствари средба со претседателот на Советот на Шурата на КСА, Адбула бин Мохамед бин Ибрахим Ал Ал-Шеик.

На средбата претседателот Гаши изрази искрена благодарност за топлото гостопримство и истакна дека Република Македонија придава исклучително значење на односите со Кралството Саудиска Арабија и останува цврсто посветена на натамошното зајакнување на партнерството меѓу двете држави, кое се темели на меѓусебна почит, пријателство и заедничка посветеност кон мирот, стабилноста и просперитетот.

Тој изрази почит кон извонредните достигнувања на Кралството во рамките на „Визија 2030“ која преку амбициозна агенда за трансформација на Саудиска Арабија напредува во економската диверзификација, иновациите, модернизацијата и одржливиот развој. Претседателот Гаши укажаа дека меѓу двете држави постојат значителни можности за продлабочување на соработката во голем број приоритетни сектори, вклучувајќи инвестиции, енергетика, туризам, земјоделство, технологија и трговија.

Сепак економската соработка останува централен столб на билатералните односи и нашата држава става посебен акцент на промоцијата на инвестициите и дигиталната трансформација, односно развој на сектори кои нудат значителен потенцијал за меѓусебно корисно партнерства меѓу две држави.

Република Македонија гледа значителен потенцијал за унапредување на соработката во туризмот за што е потребен засилен ангажман меѓу соодветните институции и засегнатите страни од приватниот сектор пред се преку олеснување на визниот режим меѓу двете држави и воспоставување на директна воздушна поврзаност меѓу Саудиска Арабија и Република Македонија што би значело чекор напред во промовирањето на туризмот, деловната соработка и контактите меѓу луѓето.

Високо се цени конструктивната и сè повлијателна улога што ја игра Кралството Саудиска Арабија во промовирањето на регионалната стабилност, охрабрувањето на дијалогот и поддршката на дипломатските иницијативи насочени кон решавање на сложените предизвици низ целиот Блиски Исток и пошироко.

Република Македонија ги поддржува сите напори насочени кон ублажување на хуманитарните страдања, заштита на цивилното население, обезбедување непречен хуманитарен пристап и создавање услови за одржлив и траен мир. Претседателот Гаши цврсто верува дека парламентарната дипломатијата, дијалогот и поголема меѓусебна соработка остануваат неопходни за продлабочување на соработка.

Претседателот на Советот на Шурата, Абдула бин Мохамед истакна дека Кралството Саудиска Арабија високо го цени пријателството со Република Македонија и верува дека треба да продолжиме да градиме цврсти односи засновани на меѓусебна почит, разбирање и заедничко верување во дијалогот, соработката и мирните односи меѓу нациите.

Двајцата соговорници се согласија дека во сегашната меѓународна средина, обележана со повеќекратни и меѓусебно поврзани предизвици, тие цврсто веруваат дека дијалогот, дипломатијата и мултилатералната соработка остануваат неопходни инструменти за зачувување на мирот, зајакнување на безбедноста и унапредување на одржливиот развој.

Делегација се сретна и со претседателот на Групата за пријателство со Република Македонија на Советот на Шурата, д-р Али М. Алшухтани, како и со членовите на оваа група при што разменија мислење дека во иднина поинтензивно ќе работата на развивање на парламентарната дипломатија како и на размена на искуства во области од заемен интерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 13 возачи за „безобѕирно управување возило“, осуммина возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 13 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 13 возачи за „безобѕирно управување возило“, осуммина возеле без положен возачки испит

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.К.(32) од с.Волково, скопско, М.Н.(20) од Прилеп, А.Н.(27) од Македонски Брод, М.М.(21) од Куманово, 16-годишник и А.Д.(33), двајцата од с.Камењане, тетовско, 16-годишник од Тетово и 17-годишник од с. Добридол.

Под дејство на алкохол управувале четворица возачи и тоа: Д.Т.(62) од Велес, М.Т.(30) од населба Илинден, скопско, М.Т.(30) и Д.Д.Т. (31), двајцата од Скопје. Е.В.(24) од Скопје управувал патничко возило со активна забрана за управување возило со Б категорија.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер