Може ли ривалството на теренот да остане без поделби на трибините? - Канал 5

Може ли ривалството на теренот да остане без поделби на трибините?

Освен за поврзување, спортот во земјава неретко е причина и за разидување.

Може ли ривалството на теренот да остане без поделби на трибините?

ФФМ, навивачите, полицијата и фудбалските клубовите седнаа на една маса за помирни трибини на натпреварите и во борба против навредливите скандирања, најчесто во меѓуетнички контекст. Организаторот на настанот, министерот за односи помеѓу заедниците – Агон Ферати вели дека клубовите имаат добри односи меѓусебе, но тоа не се одразува помеѓу навивачите, и дека државата мора да работи сериозно во оваа насока за да се создаде спортско, а не меѓуетничко ривалство.

-Целта беше да ги здружиме сите претставници на клубовите, на некои од навивачките групи, на МВР и на другите спортски работници, за да разговараме отворено и конструктивно како да се организираме како фудбалски клубови или спортски клубови, во смисла на придонесување на покоректно навивање и да се елиминираат некои од навредите или некои од пораките кои имаат меѓуетничка омраза или партиска позадина, тоа е битно за нас како држава. Да биде позадина само спортскиот натпревар, без разлика на верска,етничка припадност или други разлики кои ги имаме во општеството. - Агон Ферати – Министер за односи меѓу заедниците.

Спортот е силна појава која многу бргу може да предизвика хаос во општеството, особено на етнички план, но е и алатка која сето тоа може да го сведе на минимум и да доведе до заедништво – вели професорот Иван Анастасовски, според кого највнимателни тука треба да бидат политичарите и да не ја злоупотребуваат ранливоста на општеството. Тој смета дека ваквите превентивни акции на државата се добри, но и репресивните мора да се спроведуваат, каде според законот би следувале соодветни казни. Анастасовски оценува, младите од различни етникуми во земјава се странци едни кон други, а тоа мора да се промени..

-Ние имаме еден образовен процес каде што младите од разни етнички групи, особено Македонци и Албанци не се заедно во образовниот процес, и вие таму не можете да го наметнете во програмите образовни тој сегмент на толерантност и почит едни према други. Затоа тоа мора да се прави преку одредени проекти, вон наставни активности кои ќе придонесуваат младите да се зближуваат едни со други, а не да се разединуваат како што досега е случајот,- Иван Анастасовски – Универзитетски професор.

Во последниве 2 години бројни недолични настани го одбележаа македонскиот спорт.. Меѓу последните се, во мај годинава на финалниот фудбалски наптревар од Купот на Македонија навивачите на Шкендија ја исвиркуваа химната, а имаше националистички скандирања, а три месеци подоцна, во август Тиквеш беа казнети од ФФМ оти на натпреварот со Шкендија – Арачиново скандирале националистички и фрлале предмети по теренот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката.

На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето.

Вежбање, сауна и масажа

Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби.

На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви.

По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа.

Неодамна го прослави својот 30-ти роденден

Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми.

Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите.

Ново поглавје во животот

Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска.

Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“.

Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите.

Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал.

Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер