Лишени од слобода 13 возачи за „безобѕирно управување возило“, осуммина возеле без положен возачки испит - Канал 5

Лишени од слобода 13 возачи за „безобѕирно управување возило“, осуммина возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 13 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 13 возачи за „безобѕирно управување возило“, осуммина возеле без положен возачки испит

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.К.(32) од с.Волково, скопско, М.Н.(20) од Прилеп, А.Н.(27) од Македонски Брод, М.М.(21) од Куманово, 16-годишник и А.Д.(33), двајцата од с.Камењане, тетовско, 16-годишник од Тетово и 17-годишник од с. Добридол.

Под дејство на алкохол управувале четворица возачи и тоа: Д.Т.(62) од Велес, М.Т.(30) од населба Илинден, скопско, М.Т.(30) и Д.Д.Т. (31), двајцата од Скопје. Е.В.(24) од Скопје управувал патничко возило со активна забрана за управување возило со Б категорија.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма над Балтикот: НАТО шест пати крена борбени авиони

Сите руски авиони летале без планови за лет и со исклучени транспондери.

Драма над Балтикот: НАТО шест пати крена борбени авиони

Борбени авиони кои учествуваат во мисијата на НАТО за воздушно патролирање над балтичките земји беа кренати во воздух шест пати минатата недела за да идентификуваат и да спроведат руски воени авиони кои ги прекршиле правилата за летање, соопшти денеска Министерството за одбрана на Литванија.

Министерството наведе дека на 21 септември, ловци на НАТО полетале за да пресретнат руски извидувачки авион „Ил-20“, објави Литванското национално радио и телевизија.

Истиот ден, ловците патролирале и во воздушниот простор во близина на летонско-белоруската граница, а на 22 септември биле кренати во воздух за да идентификуваат два авиона „Су-30“.

Еден ден подоцна, ловците пресретнале три авиона „МиГ-31“, еден патнички авион „Ту-134“, еден повеќенаменски ловец „Су-30СМ“ и три авиона „Су-30М2“.

Авионите на НАТО исто така идентификувале еден „Су-35“, два „Су-30М2“ и руски извидувачки авион „Ил-20“. Беше соопштено дека на 26 септември ловците пресретнале бомбардер „Су-24“.

Сите руски авиони летале без планови за лет и со исклучени транспондери.

Мисијата на НАТО за воздушно патролирање над балтичките земји се спроведува од воздухопловни бази во Литванија и Естонија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силјановска Давкова: Проширувањето не е само политика кон кандидатите, туку тест за капацитетот на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на 22. Европски самит во Салцбург на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“. 

Силјановска Давкова: Проширувањето не е само политика кон кандидатите, туку тест за капацитетот на ЕУ

Претседателката се осврна за иднината на европскиот проект, стратешките предизвици на ЕУ но и за потребата од забрзување на евроинтеграциите на Западен Балкан.

Кога напредокот не зависи од самите реформи, процесот ја губи својата кредибилност. Тоа веќе не е само проблем на кандидатите, туку институционален проблем за самата ЕУ“, порача Сиљановска-Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив

Обвинетиот за серијата убиства, Трајко Бојковски, кому му се суди за четири убиства и два обида за убиство, денеска пред Основниот суд во Куманово призна дека извршил три од четирите убиства за кои се товари.

Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив

На рочиштето прв сведочеше психијатарот и форензички психијатар проф. д-р Стојан Бајрактаров, кој извршил вештачење на психичката состојба на обвинетиот.

Според вештиот наод, Бојковски го разбира македонскиот јазик и нема потреба од толкувач, но има ограничен фонд на зборови како последица на емоционална запоставеност. Неговите интелектуални способности, според вештакот, се на границата меѓу лесно намалени и нормални интелектуални капацитети.

Бајрактаров посочи дека Бојковски во почетокот одговарал кратко, но подоцна можел да опише и конкретни настани.

По исказот на вештакот, судот оцени дека на Бојковски не му е потребна дополнителна стручна помош во текот на постапката, по што обвинетиот почна да одговара на прашањата на обвинителството и одбраната.

Токму тогаш следуваше и најнејасниот дел од неговиот исказ. Бојковски потврди дека извршил три убиства, но на вкрстените прашања не можеше прецизно да каже кои три жени признава дека ги убил, а кое дело го негира.

Во еден момент се заколна во Алах дека ја кажува вистината, но на прашањето дали е од православна вероисповед не даде конкретен одговор.

Обвинителот Љубомир Лапе му читаше делови од неговиот претходен исказ даден во Обвинителството. Бојковски повторно одговараше главно со „да“ и „не“, поради што, според обвинителот, останало нејасно кое конкретно кривично дело се обидува да го негира.

„Мислам дека самиот не знаеше кое конкретно кривично дело го негира, а на сите вкрстени прашања фактички одговори потврдно. Анализа на ваквата одбрана ќе дадам во завршните зборови. Кривичните дела тој ги призна пред јавен обвинител, а за сите дела постојат и други материјални докази со кои се поткрепува обвинението.“ – Љубомир Лапе, јавен обвинител

Според Лапе, ваквиот начин на одбрана може да биде обид на обвинетиот да си ја олесни сопствената положба, што било наведено и во психијатриската анализа.

Бојковски се товари за четири убиства и два обида за убиство. Доколку биде прогласен за виновен за најтешкиот облик на кривичното дело убиство, за кој обвинението тврди дека со умисла лишил од живот повеќе лица, законот предвидува казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер