3Балканска актерката зборува шест јазици, омажена со холивудска ѕвезда, живее во Америка во вила вредна 4,5 милиони.
ЖивотИма 11 деца со седум жени: Славен фудбалер остана без 160 милиони евраЕдинаесет деца со седум различни жени, три титули во Лигата на шампиони, освоено Светско првенство со Бразил и околу 160 милиони евра изгубени. Сѐ ова успеал да „го направи“ славниот бразилски фудбалер Роберто Карлос. 53 годишниот Карлос најверојатно многу брзо ќе го потпише и седмиот развод. Животот на еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот ненадејно тргна во поинаква насока, забрзано движејќи се кон финансиска катастрофа што самиот шампион ја опиша. Лажни пријатели, корумпирани агенти и лукави членови на семејството му ги испразнија банкарските сметки. Бразилецот остана без пари. Легендарниот Бразилец јавно изјави дека ги загубил 99 отсто од парите заработени во текот на својата фудбалска кариера (проценети на 160 милиони евра). Како главни причини ги наведе проблемите со поранешен агент и сериозните семејни проблеми. Исто така, призна дека речиси сè загубил поради сопствени грешки. „Имав проблеми со луѓе што ме оставија без пари. Поради агенти и семејни проблеми, изгубив 99 отсто од сè што заработив во фудбалот“, изјави Карлос. Карлос раскажа како во еден момент добил „куп документи“ за кои претходно не знаел, само за да сфати дека неговото богатство практично исчезнало. Познатиот фудбалер на Реал Мадрид – кој сè уште работи за клубот како амбасадор – има 11 деца со седум различни жени. Тој претходно зборувал за тоа колку е тешко прецизно да се избројат сите мајки на неговите деца, иако во неодамнешните извештаи се наведува бројката 11. Неговиот последен брак беше со Маријана Лукон, физиотерапевтка. Тие стапија во брак во 2009 година и имаат две ќерки, Мануела (родена во 2010 г.) и Марина (родена во 2017 г.); се разведоа минатата година. Веста дека по разделбата привремено престојувал во просториите на Реал Мадрид – додека Маријана и нивните ќерки останале во семејниот дом – привлече значително внимание. Претходно оваа година, тој се ожени со Сухеила Етахири, шпанска бизнисменка со мароканско потекло и лиценциран фудбалски агент. Иако има деца со седум различни жени, медиумските извештаи укажуваат на тоа дека ова е само неговиот трет брак. Покрај со Маријана, сигурно е дека бил во брак и со Александра Пињеиро, со која има три деца.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВучиќ ѝ ја предаде претседателската должност на Ана Брнабиќ и влезе во трката за иден премиерЕден по еден, Александар Вучиќ ѝ ги набројуваше клучните документи и укази што во наредните три месеци ѝ ги остави во наследство на Ана Брнабиќ. По оставката на Вучиќ, довчерашната претседателка на Собранието ја презеде функцијата шеф на државата. Денеска имаше причина за двојно славје. -Денеска ѝ е на Ана роденден, така што... Среќен роденден и нека ти е со среќа. , изјави Вучиќ. Ви благодарам, претседателе. Мислам дека никогаш Србија нема да има претседател кој што толку се бореше и беше пожртвуван. , изјави Ана Брнабиќ, в.д претседател на Србија. Брнабиќ на функцијата ќе остане најдоцна до крајот на годината, до кога треба да се одржат претседателските избори. Вучиќ од денеска и формално влегува во трката за премиер на изборите за неполн месец, откако синоќа се обрати пред приврзаниците. -Да се бориме уште еден месец и да ги победиме поубедливо од кога и да е. И Србија да победи. , рече Александар Вучиќ, кандидат за премиер на Србија. Потоа тој ја поднесе оставката, а како чин на добра воља помилува 49 лица, најголем дел поврзани со настаните во последната година и пол, кога избија студентските протести. -Сметав дека тоа ќе биде дополнително подадена рака до сите што се однесуваа неодоговорно. Затоа сакам како обичен човек, како човек од народот да се натпреварувам против оние кои беа и секогаш би биле против народот. , изјави Вучиќ. Студентската листа, која практично му е единствен конкурент на Вучиќ, веќе ја почна кампањата, која освен на интернет, ја води со панели на различни теми. -Сакам да бидем правно заштитен на работа и безбеден. Сакам правилата да важат поедеднакво, како за мене, така и за сите. Повеќе нема да биде прашањето зошто би останал во Србија, туку зошто воопшто би си заминал оттука? , изјави Милош Илиќ, студент. Досегашните анкети покажаа драстично различни бројки. Според едните убедливо води Српската напредна партија на Вучиќ, според други Студентската листа. Аналитичарите велат дека клучна ќе биде излезеноста, а поголем одѕив им оди во прилог на студентите. -Очекувам изборниот ден да биде тврд, мислам и во физичка смисла и се плашам од конфликти. Мислам и Вучиќ да победи со 5, 6, 7, 8 проценти разлика, тоа ќе биде јалова победа, тоа ќе биде мнозинство кое постојано ќе биде предизвикувана. , изјави за „Инсајдер.рс“, Никола Парун, политиколог. Анкетите покажуваат дека сите, освен листата на Вучиќ и на студените, се борат со цензусот од три проценти и се без шанси за забележителен резултат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаРеформа или пуч- што ќе донесе “битката’ на Бихачка меѓу раководството и платформата? Пуч или реформа? Што ќе донесе острата битка која се разгоре на „Бихаќка“ меѓу актуелното раководство предводено од Венко Филипче и поранешните функционери на СДСМ кои се дел од Платформата во 12 и 5. За дел од аналитичарите иако ваквите поделби не се несвојствени за партија во опозиција, сепак не придонесуваат во намерата за создавање поширок опозициски фронт кој ќе и парира на власта. -Секако дека е тоа непријатна ситуација за опозицијата бидејќи фрагментирањето на гласот нема да помогне во создавањето на поширок опозициски фронт. Иако треба да се признае дека тие движења се сосема нормални во партија која е во опозиција, ние сме го следале тоа и кај ВМРО-ДПМНЕ се сеќавате таму имаше повеќе сателитски партии, ВМРО – Народна, ВМРО-Вистинска итн. Во оваа ситуација интересното е што првпат имаме задпартиска соработка, односно првпат Левица се вклучува во таа дебата што може да значи некаква различна динамика, но сепак се уште е тоа далеку од обединет опозициски фронт, имајќи го предвид антагонизмот помеѓу новата платформа и СДСМ тешко дека може во моментов да се состави, изјави Петар Арсовски. Петар Арсовски смета дека учеството на Левица во дебатата на платформата не значи и заеднички политички настап со поранешните кадри на СДСМ, но доколку тоа се случи во иднина оваа Платформа може да стане опозиција на опозицијата. -Не сум сигурен дека ако ја прашате Левица тие ќе ви кажат дека се приклучуваат на платформата, мислам дека се работи за две независни политички структури кои разговараат на некакви теми во моментот. Не гледаме политичка стратегија или некаков заеднички политички настап, но доколку тоа се случи во иднина тие секако ќе станат опозиција на опозицијата и потоа ќе видиме вистински расплет на динамиката помеѓу таквата евентуална платформа и СДСМ, бидејќи сепак во моментов СДСМ е стожер на опозициското расположение, изјави Арсовски. Лидерот на СДСМ Филипче вчера изјави дека нема да отстапи пред барањата на платформата за негова оставка и промени во раководството, нарекувајќи ги „пучисти“ и „шемаџии“ кои според него одработуваат за власта за да ја фрагментираат СДСМ. Од Платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“, пак, тврдењата на Филипче ги оценија како очајни манипулации и најавија дека планот за консолидација и структурни промени на СДСМ, ќе му го достават на Филипче деновиве, а од него очекуваат да ги прифати за доброто на партијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДизелот од полноќ поевтинува за 4,5 денари, бензините поскапуваат за 1 денар за литарЗа 4,5 денари поевтинува дизелот, додека бензините поскапуваат за еден денар. РКЕ ги објави новите цени на нафтените деривати, според кои од полноќ литар дизел ќе се продава за 100 денари, бензинот еуросупер 95 за 100, а еуросупер 98 за 102 ценари. Новите цени доаѓаат откако Владата денеска одлучи за уште две недели, односно до 12 октомври, да ја пдоролжи мерката за намалената стапка на ДДВ на дизелот од 18 на 10%. - Со одлуката се обезбедува продолжување на мерката со која се овозможува намалена даночна стапка, со цел да се обезбеди стабилност и заштита на животниот стандард на граѓаните. Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите и движењата на цените, со цел навремено преземање соодветни мерки во интерес на граѓаните и економијата. – соопштија од Владата. Продолжувањето на мерката во моментов има економско оправдување, смета универзитетскиот професор Борче Треновски. Тој објаснува дека Македонија како мала и отворрна економија, која значаен дел од нафтените деривати ги обезбедува од увоз, не може да го избегне надворешниот ценовен шок, туку само да го ублажи, па оценува дека намалената стапка на ДДВ то за дизелот заедно со намалените акцизи за дизелот и бензините, засега претставува добар амортизер на нестабилните цени на светските пазари. Сепак тој предупредува дека во услови на јавен долг од околу 60 проценти, секоја мерка треба да има јасна цел, рок и пресметка колкав фискален трошок може да издржи државата.. -Мерката која е донесена, заедно со мерката која беше со намалување на акцизата на дизелот и на бензинот, во моментот привремено има оправдување затоа што претставува еден вид на амортизер кој ќе го намали влијанието на зголемувањето на глобалните цени на нафтата. Иако мора да кажеме, тоа е амортизер кој ќе го намали влијанието, а не е целта да ја контролира целосно цената или ефектот да го елиминира целосно, од причина што, на една страна, ваквите мерки имаат и значаен фискален трошок и фискален ризик. -Борче Треновски – универзитетски професор. Доколку кризата потрае, според Треновски, фокусот постпено ќе треба да се префрли кон таргетирана помош за секторите каде поскапувањето на горивата најсилно се пресенува врз остнататите цени..На подолг рок, оценува Треновски одговорот нема да може да се бара само во даночни интервенции туку и структурни промени со кои земјата постепено ќе ја намалува зависноста од увоз на енергија и храна и со тоа ќе биде помалку изложена на идни надворешни ценовни шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter