Лишени од слобода 13 возачи за „безобѕирно управување возило“, осуммина возеле без положен возачки испит
Министерот Ферати ги обединува институциите, клубовите и навивачите за поголема безбедност во спортот
1Лишени од слобода 13 возачи за „безобѕирно управување возило“, осуммина возеле без положен возачки испит
2Министерот Ферати ги обединува институциите, клубовите и навивачите за поголема безбедност во спортот
Мојсов одржа предавање на МАНУ на тема „GLP-1: од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина
2Мојсов одржа предавање на МАНУ на тема „GLP-1: од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина
ЗдравјеМојсов одржа предавање на МАНУ на тема „GLP-1: од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелинаСветлана Мојсов светски реномираната биохемичарка која стои зад револуционерното откритие за лекување на дијабетисот, и која придонесе за развој на серија современи терапии за лекување на дијабетесот и дебелината, денеска одржа предавање во МАНУ.Светлана Мојсов светски реномираната биохемичарка која стои зад револуционерното откритие за лекување на дијабетисот, и која придонесе за развој на серија современи терапии за лекување на дијабетесот и дебелината, денеска одржа предавање во МАНУ, на тема „GLP-1: од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина.. Мојсов стои зад откритието дека билолошко активната форма на хормонот GLP-1 го стимулира лачењето на инсулино а нејзините истражувања се основа за развивање на класа лекови како семаглутид, состојка на лековите еземпик и вегови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 13 возачи за „безобѕирно управување возило“, осуммина возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 13 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.К.(32) од с.Волково, скопско, М.Н.(20) од Прилеп, А.Н.(27) од Македонски Брод, М.М.(21) од Куманово, 16-годишник и А.Д.(33), двајцата од с.Камењане, тетовско, 16-годишник од Тетово и 17-годишник од с. Добридол. Под дејство на алкохол управувале четворица возачи и тоа: Д.Т.(62) од Велес, М.Т.(30) од населба Илинден, скопско, М.Т.(30) и Д.Д.Т. (31), двајцата од Скопје. Е.В.(24) од Скопје управувал патничко возило со активна забрана за управување возило со Б категорија. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Ферати ги обединува институциите, клубовите и навивачите за поголема безбедност во спортотНа средбата опширно се разговараше за состојбите и предизвиците на спортските терени и во спортските сали, со посебен акцент на безбедноста.Министерот Агон Ферати денеска одржа средба со претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за спорт, ОБСЕ, ФФМ, фудбалските и кошаркарските клубови, како и со претставници на навивачките групи на албанските и македонските клубови. На средбата опширно се разговараше за состојбите и предизвиците на спортските терени и во спортските сали, со посебен акцент на безбедноста, непреченото одржување на натпреварите и потребата од спречување на инциденти, тензии и навреди врз етничка и верска основа. Министерот Ферати ја истакна потребата од континуирана соработка меѓу институциите, федерациите, клубовите и навивачите, со цел стадионите и спортските сали да бидат места на спортско ривалство, почит и позитивни емоции. „Можеме да бидеме ривали за време на натпреварот, но по неговото завршување сите се враќаме во истото општество. Силно навивање, гласна поддршка и спортско ривалство да – омраза и етнички и верски навреди не“, истакна Ферати, нагласувајќи дека оваа средба треба да биде чекор кон конкретни решенија и зајакнување на соработката за создавање побезбедна и попочитувана атмосфера во спортот.Тагови: Агон Ферати Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураТони Михајловски е лауреат на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“Истакнатиот македонски актер Тони Михајловски е годинашен лауреат на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“. Признанието му беше врачено денес, на свеченоста одржана во големата сала на Општина Крива Паланка, за неговиот исклучителен актерски талент, повеќедецениска посветеност и траен придонес во македонската култура. Пред почетокот на свеченоста, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, приреди прием за Михајловски во својот кабинет. Средбата помина во пријатна и пријателска атмосфера, со разговор за театарската уметност, значењето на фестивалот и богатиот творечки пат на годинашниот лауреат. „Чест ми е да Ви го честитам ова заслужено признание. Со Вашиот исклучителен талент, незаборавните улоги и повеќедецениската посветеност оставивте траен белег во македонската култура. Ви посакувам уште многу успешни улоги и силни аплаузи. Чувствувајте се како дома, затоа што ние веќе Ве чувствуваме како свој“, истакна градоначалникот Митовски. Крива Паланка, која во 2024 година ја понесе титулата „Град на културата“, продолжува со силен интензитет да вложува во уметноста и културниот развој. Поддршката на значајните културни манифестации, творците и уметничките вредности останува важен дел од заложбите за збогатување на културниот живот во општината. Со повеќе од три децении богато творештво, бројни уметнички остварувања и автентичен актерски печат, Тони Михајловски се вбројува меѓу највпечатливите имиња на македонската театарска, филмска и телевизиска сцена. Неговиот творечки пат е обележан со исклучителна сценска енергија, силен темперамент и ретка способност за преобразба. Неговото име е запишано во значајни филмски остварувања како „Џипси меџик“, „Буре барут“, „Збогум на 20-тиот век“, „Балканкан“, „Панкот не е мртов“, „Парада“, „Трето полувреме“ и „До балчак“. За својот придонес во македонската култура е добитник на бројни актерски признанија, меѓу кои и наградата за животно дело „Петре Прличко“. Во своето обраќање, Михајловски зборуваше за сцената како свето место, за изведбата како дел од животот и за театарот како уметност што ги надминува времето и границите. На крајот од своето обраќање, годинашниот лауреат упати искрена порака до градоначалникот и до Општина Крива Паланка: „Продолжете да ја градите културата. Посакувам на јубилејното, 20. издание на фестивалот повторно да дојдам, но тогаш на сцената да ги изговорам зборовите: ‘Нека се крене завесата!’ – во ваша сопствена театарска зграда. Дај Боже!“ Признанието му припадна на актер чии улоги не исчезнуваат со последниот аплауз, туку остануваат во колективната меморија и претставуваат трајна вредност на македонската култура. Фестивалот е во организација на Здружението за промоција на театарската уметност „Театарски фестивал“ од Крива Паланка, под покровителство на Општина Крива Паланка и Министерството за култура и туризам, во соработка со НУ Центар за култура Крива Паланка. Оваа година, фестивалскиот аплауз заслужено му припаѓа на Тони Михајловски.Тагови: Тони Михајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook