Најмногу казни за не носење заштитни маски во возило

-Во изминатото деноноќие за неносење заштитни маски во тетовско изречени се казни на 101 лице. 

Луѓето кои во тетовскиот регион се казнети за не носење на задолжителната маска за лице за заштита од Ковид-19 најмногу овој прекршок го прават кога патуваат во исто возило заедно со други лица кои не се дел од нивните семејства, образложуваат од СВР Тетово.

Следуваат прекршоците кај оние кои не држат растојание на отворен простор и најмалку од казните се изречени за оние кои немале маски во затворен објект.

-Во изминатото деноноќие за неносење заштитни маски во тетовско изречени се казни на 101 лице. Носењето на заштита на лицето е задолжително освен: доколку се носи посебна заштита на лицето во рамките на извршување на нивни работни обврски, ако се престојува во двор од куќа, ако се вози велосипед или индивидуално се спортува на отворено, ако се патува во возило со лица со кои живее во заедница или домаќинство и доколку се движи на отворен простор и е оддалечен на растојание од два метра од друго лице, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 40 лица (ТЕ-40 и ГВ-2), додека вкупно биле контролирани 525. Едно лице потпишало изјава за самоизолација додека контрола имало на 100 луѓе.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер