Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет
2Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет
3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
1Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница
ЖивотГерманска банка финансирала еден од најголемите бордели во Европа, сега е под истрагаГерманскиот финансиски регулатор BaFin побара информации од регионалната банка „Volksbank Köln Bonn“ во врска со заем искористен во 2021 година за финансирање на купувањето на еден од најголемите бордели во Европа.Германскиот финансиски регулатор BaFin побара информации од регионалната банка „Volksbank Köln Bonn“ во врска со заем искористен во 2021 година за финансирање на купувањето на еден од најголемите бордели во Европа, изјави за „Ројтерс“ извор запознаен со случајот. „Volksbank Köln Bonn“ му го одобрила заемот на кинескиот инвеститор Ху Јинг за купување на борделот „Паша“ во Келн. Проституцијата е легална во Германија. Во јули, банката ангажирала адвокатска канцеларија за независно истражување на трансакцијата, вклучително и дали некој член на управниот одбор можеби лично профитирал од зделката. Деталите за заемот не се обелоденети. „Volksbank Köln Bonn“ одби да ја коментира истрагата на BaFin. Банката изјави дека го смета членот на одборот за невин сè додека не се утврдат сите околности и напомена дека тој ќе остане на отсуство додека не заврши проверката. Адвокатот Маркус Лемкулер изјави за „Ројтерс“ дека го застапува членот на одборот Јирген Нојтгенс, кој ја извршува таа функција од 2018 година. Според извор запознаен со случајот, BaFin ја истражува можноста дека на Нојтгенс му била исплатена провизија во врска со заемот. Ројтерс не успеа да утврди на кого и за што била исплатена наводната провизија. „Мојот клиент во ниту еден момент не примил никаква исплата“, напиша Лемкулер како одговор на прашањата од Ројтерс. Тој додаде дека очекува истрагата да покаже оти обвинувањата против неговиот клиент се неосновани. Банката покрена внатрешна истрага по извештаите во германските медиуми за заемот. Германските „Фолксбанки“ (Volksbanken) се задружни банки во сопственост на нивните членови и претставуваат важен дел од финансискиот систем на најголемата европска економија. Тие ретко одобруваат кредити за странски инвеститори и генерално избегнуваат деловни активности што би можеле да ѝ наштетат на нивната репутација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Поради смртта на Доли Партон, знамињата во САД една недела на половина копјеАмериканскиот претседател Доналд Трамп нареди во чест на американската кантри пејачка и актерка Доли Партон, која почина вчера, знамињата во САД да се спуштат на половина копје во текот една недела.Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа, ниту некогаш ќе има. Почивај во мир, Доли. Светот те сака, напиша Трамп на социјалните мрежи. Легендарната американска пејачка, текстописец и икона на кантри музиката почина на 80-годишна возраст, а дел од медиумите објавија дека таа се борела со канцер. Партон освои 11 греми награди, меѓу кои и за животно дело. Со 160 милиони продедени албуми се сметаше за една од најуспепните кантри пејачки на сите времиња. Тагови: Доли Партон Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНеколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со ТибетСтотици луѓе се водат за исчезнати, од кои околу 300 странски државјани и туристи, во ненадејните поплави кои го зафатија регионот на границата меѓу непал и тибет.Непалските власти проценуваат дека загинале неколку десетици луѓе, а дека трагаат по речиси 400, повеќето странци. Министерот за надворешни работи на непал соопшти дека причина за поплавите бил земјотрес, кој предизвикал големи свлечишта и масивни лизагања на земјиштето. Би-Би-Си објави дека најголем дел од исчезнатите биле индиски државјани, но и 12-мина британски. This is seriously scary. CCTV footage from Gyirong Port in Tibet, China, directly opposite Nepal’s Rasuwa district. This flash flood hit here first and later caused massive havoc in Nepal. Can’t even imagine someone surviving this. Prayers for everyone affected. 🙏 https://t.co/o805P8KGSu pic.twitter.com/31QzZ64aBD — Nikhil saini (@iNikhilsaini) August 26, 2026 Тагови: Непал тибет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПет пожари се активни, од вкупно 14 што избувнале денеска, соопшти ЦУКДо 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.Од нив, се уште активни се пет пожари, три се ставени под контрола, а шест се целосно изгаснати. Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале. Пожар е активен и во реонот на селото Трново во општина Гостивар, со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод. Таму гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Во општина Росоман активен е пожар кај селото Манастирец, каде се зафатени лозови и овошни насади. Пожар има и кај селото Тисовица во општина Зелениково, каде гори мешана шума и ниска вегетација, како и над селото нежилово во општина Чашка, во месноста Сватови, каде се зафатени ниска вегетација и смреки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter