Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница - Канал 5

Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница

Во болница со воспаление на мозокот предизвикано од западно нилска треска лежат дваесетина пациенти.

Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница

Во болница со воспаление на мозокот предизвикано од западно нилска треска лежат дваесетина пациенти, од кои за тројца, иако се клинички позитивни, се уште се чекаат резултатите, а освен во Скопје има и прв потврден случај од Куманово, информираат здравствените власти. Шестмина од хоспитализираните се интензивно лекување, дел од нив со недели се на апарати за дишење, а вкупниот број на случаи се искачи на 53. Засега не се дава оценка дали најлошото помина или допрва не очекува нов бран, но сепак Министерот Клековски смета дека има добри индикатори дека прскањата особено од копно даваат резултати, бидејќи во местото кое се сметаше за најголемото жариште – Драчево веќе трета недела нема нови случаи. Во однос на тоа зошто лани имавме два, а годинава досега 50 тина случаи Клековски вели дека вирусот е непредвидлив.

-Нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени. Во сите претходни години заедно во земјава биле регистрирани 54 случаи и пет смртни исходи, додека годинашната бројка веќе се приближува до тој вкупен биланс.- Сашо Клековски – Министер за здравство

Со цел зголемена транспарентност но и граѓаните да се информираат за жариштата од релевантни извори за состојбите во реално време, жариштата и бројот на случаи, објавена е нова веб страница healthalert.mk што претставува интерактивна мапа.

Поради тоа што имуносупресивната терапија или лекови што го потиснуваат или ослабуваат имунолошкиот систем и најчесто ги користат луѓе со трансплантирани органи и одредени автоимуни заболувања, знае да даде лажно негативен тест за западно нилска треска, матичните лекари и дел од Клиниките добиле и упатство за постапување доколку се појават симтоми на вирусот кај ваквите пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Поради смртта на Доли Партон, знамињата во САД една недела на половина копје

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди во чест на американската кантри пејачка и актерка Доли Партон, која почина вчера, знамињата во САД да се спуштат на половина копје во текот една недела.

Трамп: Поради смртта на Доли Партон, знамињата во САД една недела на половина копје

Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа, ниту некогаш ќе има. Почивај во мир, Доли. Светот те сака, напиша Трамп на социјалните мрежи. Легендарната американска пејачка, текстописец и икона на кантри музиката почина на 80-годишна возраст, а дел од медиумите објавија дека таа се борела со канцер. Партон освои 11 греми награди, меѓу кои и за животно дело. Со 160 милиони продедени албуми се сметаше за една од најуспепните кантри пејачки на сите времиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет

Стотици луѓе се водат за исчезнати, од кои околу 300 странски државјани и туристи, во ненадејните поплави кои го зафатија регионот на границата меѓу непал и тибет.

Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет

Непалските власти проценуваат дека загинале неколку десетици луѓе, а дека трагаат по речиси 400, повеќето странци. Министерот за надворешни работи на непал соопшти дека причина за поплавите бил земјотрес, кој предизвикал големи свлечишта и масивни лизагања на земјиштето. Би-Би-Си објави дека најголем дел од исчезнатите биле индиски државјани, но и 12-мина британски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет пожари се активни, од вкупно 14 што избувнале денеска, соопшти ЦУК

До 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.

Пет пожари се активни, од вкупно 14 што избувнале денеска, соопшти ЦУК

Од нив, се уште активни се пет пожари, три се ставени под контрола, а шест се целосно изгаснати.

Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале.

Пожар е активен и во реонот на селото Трново во општина Гостивар, со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод. Таму гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Во општина Росоман активен е пожар кај селото Манастирец, каде се зафатени лозови и овошни насади.

Пожар има и кај селото Тисовица во општина Зелениково, каде гори мешана шума и ниска вегетација, како и над селото нежилово во општина Чашка, во месноста Сватови, каде се зафатени ниска вегетација и смреки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер