Тошковски на Форумот на шефови на гранични полиции: Европската безбедност се гради заедно со Западен Балкан
1Тошковски на Форумот на шефови на гранични полиции: Европската безбедност се гради заедно со Западен Балкан
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
Македонија Одбележување на роденденот на Мајка ТерезаВладина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на Мајка Тереза.Централниот настан пак ќе се одржи во музејот на современата уметност под покровителство на првиот вицепремиер Сали, настан на кој гостин ќе биде и премиерот на Република Косово, Албин Курти. Поради посетата од министерството за внатрешни работи велат дека денеска во Скопје ќе има и посебен режим на сообраќај, за што од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРахим Стерлинг се соочува со затворска казнаПоранешниот фудбалер на Челзи, Манчестер Сити, ...Рахим Стерлинг би можел да се соочи со казна затвор до две години доколку биде прогласен за виновен за опасно возење.Против 31-годишниот фудбалер се покренати обвиненија откако учествувал во судир на автопат додека го управувал својот „Ламборгини“, чија вредност изнесува 270.000 фунти (315.000 евра). Тој исто така се товари за поседување азотен оксид наменет за вдишување и за одбивање да даде примерок за тестирање, пренесува Goal.com. Портпарол на полицијата во Хемпшир и на Островот Вајт го потврди случајот. „Возачот треба да се појави пред суд следниот месец и да одговара на обвиненијата по судирот на автопатот М3. Ex-England footballer Raheem Sterling veers his £270k Lamborghini across three lanes while driving erratically on the M3, minutes before crash He can be seen with what looks to be a balloon filled with 'hippy crack' as he turns back into the inside lanehttps://t.co/rbklDnj6iC pic.twitter.com/1A43BM7Fl2 — Video Forensics (@Video_Forensics) June 1, 2026 Рахим Стерлинг (31) од Беркшир е обвинет за опасно возење, поседување азотен оксид за недозволено вдишување и одбивање да даде примерок“, се наведува во соопштението. Обвинението поврзано со поседувањето на азотен оксид – познат како „гас за смеење“ – е особено сериозно бидејќи оваа супстанца е класифицирана како дрога од класа Ц уште од ноември 2023 година. Неговата употреба и понатаму претставува проблем во професионалниот фудбал, со оглед на потврдените ризици од срцев удар, мозочен удар и оштетување на мозокот. Стерлинг беше пуштен на слобода со кауција за време на истрагата и сега мора да одговара пред судот по поднесените обвиненија. Незгодата се случи во близина на клучката „Минли“; сведоците пријавија дека автомобилот удрил во заштитната ограда на автопатот. Во судирот немаше повредени, но Стерлинг е обвинет за сериозен прекршок поради начинот на кој управувал со возилото, според описите на очевидците. По инцидентот, поранешниот англиски репрезентативец ретко се појавува во јавноста и само повремено објавува содржини на социјалните мрежи, поминувајќи го времето со своето семејство. Слободен играч без клуб Овие правни проблеми доаѓаат во момент кога фудбалерот, кој четири пати ја освоил Премиер лигата, се соочува со тешка фаза во својата кариера. По периодот исполнет со трофеи во Манчестер Сити, неговиот трансфер во Челзи во 2022 година, вреден 56 милиони евра, се покажа како лоша одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на Форумот на шефови на гранични полиции: Европската безбедност се гради заедно со Западен БалканТошковски денеска се обрати на Форумот на шефови на гранични полиции од Западен Балкан.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Форумот на шефови на гранични полиции од Западен Балкан, кој во рамки на Берлинскиот процес се одржува на 26 и 27 август во Скопје, со учество на претставници од регионот, земјите членки на Европската Унија, Обединетото Кралство, Меѓународната организација за миграции (ИОМ), како и европски, регионални и меѓународни партнери. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека миграцијата останува едно од клучните прашања на современото време, при што Западен Балкан истовремено претставува транзитен регион и значаен партнер во колективниот европски одговор на миграциските и безбедносните предизвици. „Притисоците од нерегуларните миграциски текови, експлоатацијата на ранливите категории од страна на криминалните мрежи и оптоварувањето на институциите не се предизвици ограничени на една граница, една земја или еден регион. Тие се европски и глобални. Ако навистина сакаме да изградиме заеднички европски простор на безбедност и доверба, мора да ги надминеме декларациите и да преминеме кон конкретни механизми за соработка“, потенцираше Тошковски. Осврнувајќи се на значењето на Берлинскиот процес, министерот нагласи дека тој не претставува кратенка до членството во Европската Унија, туку кредибилен пат преку кој земјите од Западен Балкан ја демонстрираат својата подготвеност, одговорност и усогласеност со европските стандарди. Ефикасната соработка во областа на миграцијата и граничната безбедност, како што посочи, носи конкретни придобивки и за регионот и за земјите членки на ЕУ. „Европската безбедност не завршува на надворешните граници на Европската Унија. Таа се гради преку стабилни и безбедни партнери, преку заеднички политики и преку способноста на сите нас да придонесуваме кон справувањето со предизвиците што ја засегаат Европа како целина. Берлинскиот процес не е само подготовка на Западен Балкан за Европа – туку платформа за самата Европа да стане побезбедна и поотпорна“, истакна Тошковски. Министерот изрази задоволство што Македонија е домаќин на Форумот и упати благодарност до Владата на Обединетото Кралство и Мисијата на ИОМ за поддршката во организацијата и за посветеноста на евроинтегративниот процес на регионот. Тошковски на крајот порача дека Форумот треба да биде искористен не само за размена на искуства, туку и за утврдување заеднички приоритети и продлабочување на соработката, со визија за Европа во која Западен Балкан е активен и одговорен дел од нејзината безбедност, стабилност и иднина.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНов опасен предизвик на „TikTok“: Последиците се смртоносниСмртоносен тренд на „TikTok“ во Англија и Ирска: Младите возачи намерно возат во спротивна насока.Нов и исклучително опасен тренд се шири на социјалните мрежи – „предизвик за возење во погрешна насока“, во кој учесниците намерно возат на спротивната страна од патот за да го направат најекстремното видео за „TikTok“. За само една недела, вкупно 12 лица загинаа во две сериозни сообраќајни несреќи во Англија и Ирска. Според британскиот Гардијан, во двата случаи постои сомневање дека возењето во погрешна насока било поврзано со снимање содржина за социјалните мрежи. Снимките од овој предизвик често започнуваат во автомобил, по што група маскирани патници тргнуваат на пат, честопати на автопат. Целта не е дестинацијата, туку најспектакуларното можно видео – од опасно возење до полициска потера или сообраќајна несреќа, пишува „Revija HAK“. Две трагедии за само една недела Во близина на Мидлсбро, пет млади луѓе возеле „VW Passat“ во погрешна насока на патот A66 во текот на ноќта. Автомобилот се судрил со полициско возило. Ниту едно од седумте лица во двата автомобила не преживеало. Еден од учесниците претходно објавил видеа од полициска потера и екстремно возење на „TikTok“. Уште една трагедија се случи во Ирска. Пет тинејџери, по серија провали, возеле украдено „BMW“ во спротивна насока на автопатот M9. Набрзо се судриле со возило што доаѓало од спротивната насока. Сите петмина починале. Три лица во другото возило биле повредени, додека едно седумгодишно дете морало да биде однесено во болница. Поради зголемениот број видеа што го слават опасното возење, ирски парламентарен комитет побарал интервју со „TikTok“. Сепак, платформата досега одбива да зборува, објаснувајќи дека прво мора да се завршат истрагите. Овој тренд покажува колку далеку можат да одат поединците за неколку секунди вирална содржина. Возењето во погрешна насока не е предизвик, туку рецепт за трагедија. Извор: Б92Тагови: TikTok Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter