Познаници, роднини, симпатии бараат од деца да им пратат интимни фотографии – децата се срамат и не пријавуваат - Канал 5

Познаници, роднини, симпатии бараат од деца да им пратат интимни фотографии – децата се срамат и не пријавуваат

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години, кое користи интернет, било изложено на сексуална експлоатација или злоупотреба овозможена преку технологијата во период од една година.

Познаници, роднини, симпатии бараат од деца да им пратат интимни фотографии – децата се срамат и не пријавуваат

Тоа се околу 12.000 деца. Податоците се дел од новиот извештај на УНИЦЕФ кој денеска беше презентиран.

1 ОД 10 деца изложени на онлајн сексуална злоупотреба

≈ 12.000 деца

78% - сторителот бил познат на детето

48% - доживеале повеќе од една форма на злоупотреб

Особено алармантно е што во 78% од случаите сторителот бил некој што детето го познава, додека само во 5% бил целосно непознат човек. 48% од децата биле изложени на повеќе од една форма на злоупотреба или експлоатација. Истражувањето, исто така, покажува дека момчињата и девојчињата биле погодени во слична мера, без значајни разлики во однос на полот, возраста, местото на живеење, дигиталните вештини или степенот на образование на родителите.

-Несомнено е дека децата не можат и не треба од нив да очекуваме сами да се заштитат од ваква злоупотреба, но одговорноста е пред се кај нас возрасните за да спречиме штета, ефективно да одговориме и да создадеме побезбедна средина за децата. – Лесли Милер – Претставник на УНИЦЕФ

Иако 88% од децата кои биле експлоатирани или злоупотребени раскажале некому за своето искуство, пријавувањето и барањето помош преку формални канали останало исклучително ниско (под 1%). Децата ги навеле срамот, стигмата, несигурноста во врска со процесите на пријавување и недостатокот на доверба во институциите како клучни пречки за барање формална помош.

Институциите мора поефикасно да реагираат на ризиците со кои децата се соочуваат на интернет. Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени вели дека новото истражување треба да биде патоказ за конкретни мерки – од превенција во училиштата, до подобра размена на информации меѓу институциите и појасни процедури за пријавување и постапување по случаите.

-Ни помага да ја согледаме реалната состојба во аншето општество, како се однесуваат младите онлајн, кои ризици се најчести и каде институциите треба да интервенираат поефикасно. Тој нуди насоки за зајакнување на законската рамка за подоцна на професионалците кои работат со доеца и за унапредување на практичните механизми за превенција и заштита. – Астрит Исени – Заменик министер за внатрешни работи

Правни празнини има и во заштитата на децата од сексуална злоупотреба преку интернет. Во извештајот на УНИЦЕФ се посочува дека законите мора да се приспособат на новите форми на дигитална злоупотреба, а институциите да имаат појасни механизми за пријавување, истрага и заштита на жртвите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компири

Во вторник (20.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Велина Стаменковиќ.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компири

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. мали компири

3 лажици маслиново масло

30 гр. путер

3 парчиња пилешки стек

4 лажици кечап

4 лажици мајонез

1 лажиче сол

половина лажиче бибер

малку рузмарин, лук во прав и магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери.

Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи.

Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти.

Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани...

Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. 

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори.

Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација.

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски.

Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени.

Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување.

„Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер