Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
2Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
Шоу бизНа суд се расплака пријател на Џони Деп: Таа измисли малициозна лага Еден од блиските пријатели на Џони Деп плачеше на суд додека зборуваше за „злонамерната лага“ на Амбер Херд, велејќи дека тој само сака поранешните партнери едноставно да се опорават од сето тоа.58-годишниот Деп ја тужи својата 35-годишна поранешна сопруга Амбер Херд за клевета и бара 50 милиони долари за наводите за семејна злоупотреба што таа ги изнела во напис во Вашингтон пост. Исак Барух, еден од пријателите на Деп од детството, беше еден од неколкуте луѓе кои сведочеа на суд, а во еден момент тој стана видно емотивен. "Сакам сето ова да заврши - таа да заздрави, тој да оздрави. Толку многу луѓе се погодени од оваа злонамерна лага што таа ја започна и ја создаде. Не е фер, не е правилно тоа што таа го прави и што се случи. Ова влијае на многумина луѓе“, рече тој. Според новинарката Керолин Патрикис, судењето на Деп оди добро откако сведочел неговиот пријател. Се вели дека Херд рекла дека Џони ја удрил, но на нејзиното лице немало траги. Барух го прашале што мисли за Амбер, а тој рекол дека сопругата на неговиот пријател е одлична и дека ја сака. "Се заљубив во неа исто како Џони. Таа е полна со почит. Ме третираше со целосна почит и беше многу смешна. Постојано ми нудеше храна и пијалок кога ќе дојдев кај нив", рекол тој. Барух исто така рече дека Деп и Херд отсекогаш се сакале. Тој изјави дека никогаш не видел насилство и дека пред него се скарале само два пати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПретседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долариПретседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари, по 314 долари од „дивидендата од вештачката интелигенција“ за секој граѓанин.Претседателот на Тајван, Лаи Цинг-те, најави финансиски пакет вреден 7,4 милијарди долари (235,7 милијарди тајвански долари), според кој секој граѓанин ќе добие директна парична исплата од 314 долари. Одлуката уследи откако силниот замав во технолошкиот сектор го зголеми годишниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) на Тајван на рекордни 11,05 отсто, што претставува највисока стапка на раст на островот во последните 40 години. Посебно внимание се посветува на начинот на кој беше финансиран проектот. Владата во Тајпеј успеа да обезбеди директна финансиска помош за домаќинствата преку целосно избалансиран централен буџет, без дополнително државно задолжување, додека истовремено издвојувањата за национална одбрана за првпат во историјата надминаа еден трилион тајвански долари. Овој потег ја истакнува јасната разлика во поглед на регионалното економско лидерство. Додека властите во Пекинг, на кинеското копно, се соочуваат со криза во секторот на недвижности и пад на довербата на потрошувачите, избраното раководство на Тајван успева технолошката експертиза и економскиот раст директно да ги преточи во придобивки за своите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЦрна Гора го менува УставотБез да одржи седница, Владата на Црна Гора, врз основа на добиената согласност од своите членови, во петок, 14 август, усвои, меѓу другото, Предлог-одлука за измена на Уставот на Црна Гора.Владата предложи измена на член 103 од Уставот на Црна Гора, кој го регулира изборот на Владата. Според предлогот, член 103 се менува и гласи: Претседателот на Црна Гора предлага мандатар во рок од 30 дена од денот на конституирањето на Парламентот, а по спроведување на проверка на интегритетот на кандидатот за мандатар, во согласност со закон. „Лице кое не ги исполнува условите за проверка на интегритетот пропишани со закон не може да биде предложено за мандатар. Мандатарот ја презентира својата програма пред Собранието и го предлага составот на Владата, по спроведување на проверка на интегритетот на кандидатите за членови на Владата, во согласност со закон. Лице кое не ги исполнува условите за проверка на интегритетот пропишани со закон не може да биде предложено за член на Владата. Собранието истовремено одлучува за програмата на мандатарот и за предлогот за состав на Владата“, се наведува во текстот. Извор: Б92Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Шакира пристигна во град погоден од земјотрес и вети дека ќе ги обнови училиштатаСветската музичка ѕвезда, пејачката Шакира синоќа ненајавено пристигнала во Кибдо, главен град на колумбискиот департман Чоко, каде што ги посети училиштата оштетени од разорниот земјотрес, разговараше со учениците и се фотографираше со нив.&nЗа време на посетата, таа најави планови за помош при обновата на најмалку 10 училишта во еден од најсиромашните региони во Колумбија, кој претрпе големи штети од земјотресот што се случи минатата недела. „Најмногу ме загрижува тоа што училиштата можеби нема да бидат обновени откако ќе помине оваа вонредна состојба. Секој ден што децата го пропуштаат на училиште е ден во кој се лишени од својата иднина“, рече таа. Во придружба на Шакира биле Хауард Бафет, син на милијардерот и филантроп Ворен Бафет. Неговата фондација, „Фондацијата Хауард Г. Бафет“, ќе соработува со организацијата на Шакира, *Fundación Pies Descalzos*, во активностите за обнова на училиштата. За време на посетата, Бафет кратко изјави: „Кога таа ќе повика, јас доаѓам“. Пејачката исто така најави дека лично ќе учествува во реновирањето на локалниот технолошки универзитет во Чоко. Фондот за образование „Global Citizen“ на ФИФА и компанијата „Live Nation“ ветија средства во вкупен износ од 500.000 долари за реновирање на училишта и за враќање на децата во училниците, додека развојната банка CAF ќе обезбеди дополнителни 250.000 долари. View this post on Instagram A post shared by Shakira Planet | Fan Account (@shakira.planet) Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Колумбија на 10 август. Според надлежните, загинаа најмалку 287 лица, а уништени се повеќе од 26.000 домови, додека 194 лица се водат како исчезнати. Регионалните власти во Чоко соопштија дека во таа провинција се уништени најмалку 3.100 куќи и дека се оштетени повеќе од 265 образовни објекти. Шакира истакна дека нејзината фондација работи во Чоко веќе 22 години и управува со две училишта кои ги завршиле стотици ученици. Подоцна беше појаснето дека нејзиното ветување се однесува на реконструкција на 10 постоечки училишта, а не на изградба на нови објекти.Тагови: земјотрес Колумбија Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook