На кратко: „Само Вистина“ со Љубомир Гајдов - 22.04.2026 - Канал 5

На кратко: „Само Вистина“ со Љубомир Гајдов - 22.04.2026

На кратко: „Само Вистина“ со Љубомир Гајдов - 22.04.2026
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Нов скандал во Владата на Мицкоски - Јанушев со фирма во Бугарија?

Уште еден скандал во Владата на Мицкоски.

Кузеска: Нов скандал во Владата на Мицкоски - Јанушев со фирма во Бугарија?

Според документи објавени од медиуми во Бугарија, генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште Ќустендил.

Како што стои во овие документи дејноста е „патен линиски превоз на стока“, управител е Кире Гешоски а има и трет партнер - Сашо Апостоловски.

Инаку сите од кругот на Мицкоски.

Фирмата пријавува годишен промет од околу 320.000 евра и нето добивка под 10.000 евра - незначително во споредба со прометот.

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, има бугарски пасош односно е бугарски државјанин.

Прашањето кое треба да го одговори на кои бугарски корени се повикувал Јанушев?

Сега излегуваат инфоррмации дека е поврзан и со фирма во Бугарија.

Тука е суштината на скандалот кој бара институцинална истрага и постапка.

Зошто Јанушев не го пријавл бугарскиот капитал?

Во ниту еден од своите анкетни листови поднесени до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Јанушев нема наведено дека е поврзан со фирма во Бугарија.

Зошто?

Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да отворат предмет и да информираат јавноста.

За давање лажни податоци за имотната состојба на функционерите им се заканува затворска казна од шест месеци до пет години.

Почитувани,

Ова не е изолиран случај. Ова е дел од пошироката слика за лицемерието и лажниот однос на владата на Мицкоски кон граѓаните.

Додека Мицкоски и неговите најблиски соработници имаат бизнис интереси во Бугарија, истовремено ја блокираат европската интеграција на Македонија.

Додека неговите луѓе имаат фирми и прават бизнис преку бугарски компании, граѓаните на Македонија чекаат со часови на граница.

Додека ги кажат граѓаните дека е загрозен идентитетот они имаат бугарски пасоши и се бугарски државјани.

Дали сега Игор Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија?

Дали Мицкоски ќе одговори на тврдењата дека заедно со Лимани присвоиле 13 хидроцентрали?

И кога конечно ќе престане оваа политика на двојни стандарди?

Граѓаните на Македонија заслужуваат Влада која работи за нив, а не за своите бизнис интереси во Бугарија.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче однапред капитулира пред Бугарија и ја подготвува македонската јавност за нови национални отстапки ако дојде на власт

​Додека Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои се негираат македонскиот јазик, историја и идентитет, Венко Филипче не гледа никаков проблем.

Петрушевски: Филипче однапред капитулира пред Бугарија и ја подготвува македонската јавност за нови национални отстапки ако дојде на власт

Наместо да застане во одбрана на македонските национални позиции, тој ја убедува јавноста дека нема причина за загриженост.

Филипче не преговара, не бара гаранции и не поставува црвени линии. Напротив, тој уште пред да добие каква било одговорност од граѓаните испраќа порака дека е подготвен да ги прифати условите кои Македонија со години ги одбива како неправедни и понижувачки.

Тоа е однапред прифатен пораз.

Истата политика ја водеше и Зоран Заев. Прво ги убедуваше граѓаните дека нема опасност, а потоа следуваа отстапките. Денес Филипче ја повторува истата матрица, прво ги релативизира бугарските барања, а потоа ќе бара оправдување за нивно прифаќање.

Затоа Филипче е политичко продолжение на Заев, кој е подготвен да оди и чекор подалеку доколку тоа му отвори пат до власт.

Македонските граѓани не бараат политичари кои однапред капитулираат и ги прифаќаат туѓите диктати. Бараат политичари кои ќе знаат да ги бранат државните и националните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи враќање на политиките на попуштање, понижување и национални отстапки. Македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на преговори и политичко пазарење.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година

Изјава за медиуми на премиерот Христијан Мицкоски од посетата на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром.

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година

„Добар ден и од мене.

Претходните говорници кажаа речиси сè што е поврзано со испораката на учебници. Јас би додал само дека можеби сето ова треба да претставува нормална работа, иако пред 10-тина, 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска се радуваме ако учебниците ги доставиме на време, за да можат децата да ги користат.

За жал имавме една катаклизма, којашто 7 години беше влада во Македонија и последиците се разорни. Работиме приоритет по приоритет за да ги вратиме работите во нормала.

Јас сум свесен дека има граѓани коишто трпението им е при крај, но важно е да ние нашите цели и приоритети ги реализираме и да оставиме впечаток дека даваме максимум за да работите се доведат онаму каде што им е местото. Еден од тие процеси е и ова системско решавање за снабдување на нашите најмили, на децата, со учебници.

Повторно ќе кажам, жалам што во време на вештачка интелигенција, современи напредни технологии, ние се радуваме дека на време ги доставуваме учебниците.

Но, тоа е што е. Таа катаклизма е сега политичка катаклизма која што ја донесоа СДСМ и ДУИ е минато, и она што ние како Влада имаме обврска да го направиме е да никогаш повеќе не се повтори.

Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на министерката за образование, на луѓето од нејзиниот тим во Министерството во образование, на градоначалникот, на пратениците од Општина Аеродром, на директорката во ова училиште и во суштина на директорите и вработените во образованието низ цела Македонија, за трпението коешто го имаат и за знаењето коешто го пренесуваат на нашите најмили, а тоа се дечињата.

Сепак тоа е, би рекол, нобелова работа и јас уште еднаш им честитам за сето она коешто го прават и за децата и за Македонија како држава.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер