Јаник Рение: Прв пат доаѓам во Македонија на фестивалот „Преку езерото“ и многу ми се допаѓа - Канал 5

Јаник Рение: Прв пат доаѓам во Македонија на фестивалот „Преку езерото“ и многу ми се допаѓа

Белгискиот актер Јаник Рение на денешната прес конференција во Дојран рече дека ги гледал другите филмови на Елен Кате и Бруно Форцани додека се подготвувал за улогата во филмот „Одразот во мртвиот дијамант“. 

Јаник Рение: Прв пат доаѓам во Македонија на фестивалот „Преку езерото“ и многу ми се допаѓа

-Кастингот е мошне важен во секој филм, мора да се разбираме меѓу себе додека работиме и јас навистина уживав додека го работев филмот. Станува збор за доверба, не може се да контролираме и затоа мора да си веруваме, рече актерот додека објаснуваше како течело снимањето на белгискиот филм.

„Одразот во мртвиот дијамант“ во режија на Елен Кате и Бруно Форцани публиката на фестивалот „Преку езерото“ можеше да го види синоќа во рамките на главната селекција.

-Многу сум среќен што сум овде. Ова е прв пат да дојдам во Македонија и многу ми се допаѓа, рече Јаник Рение синоќа по проекцијата на филмот во кој ја толкува главната улога.

Денеска во рамките на програмата на фестивалот се одржа работилница за регулирање на авторските права на Катерина Антевска.

-Работилницата беше посветена на унапредување на знаењата за заштитата на авторските права во современото опкружување. Учесниците имаа можност да се запознаат со основните принципи на авторското право, правата и обврските на авторите на аудиовизуелните дела, значењето на договорите во филмската продукција, како и најчестите предизвици поврзани со користењето на делата. Посебен акцент беше ставен на заштитата на авторските права во дигиталната средина. Злоупотребите, механизмите за отстранување на нелегално објавени содржини и европските стандарди за заштита на креативците, вели Антовска и посочува дека целта на работилницата е да се поттикне развојот на култура на почитување на авторските права, како и да се охрабрат младите режисери и филмски автори навреме да ги препознаваат и заштитуваат своите права во текот на целиот креативен процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јувентус се откажува од ангажманот на голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус одлучи да не го ангажира аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, пренесе Фабрицио Романо.

Јувентус се откажува од ангажманот на  голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез

Италијанскиот великан процени дека цената што ја бара Астон Вила за 33-годишниот аргентински репрезентативец е превисока.

Мартинез е дел од клубот од Бирмингем од 2020 година, неговите одлични настапи во Премиер-лигата му ја донесоа улогата на прв голман во националниот тим. Тој беше клучен играч во походот на Аргентина кон титулата на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Инцидент на рели, светскиот шампион излета од патеката, со хеликоптер пренесен во болница

Актуелниот светски шампион во рели, Себастиен Ожие, доживеа сериозна несреќа на Релито во Финска, но кратко по неа потврди дека и тој и неговиот совозач Жилиен Инграсија се надвор од животна опасност.

Видео: Инцидент на рели, светскиот шампион излета од патеката, со хеликоптер пренесен во болница

Французинот излета од патеката со голема брзина на претпоследниот саботен тест за брзина, додека водеше во генералниот пласман.

Неговата Тојота се преврте неколку пати и заврши целосно уништена, но Ожие и Инграсија успеаја сами да излезат од автомобилот.

Како мерка на претпазливост, двајцата биле однесени со хеликоптер во болница, каде што им биле извршени детални прегледи.

Заменик-шефот на тимот на Тојота, Јуха Канкунен, потврди дека двајцата возачи по инцидентот за среќа завршиле без сериозни повреди.

„Стапивме во контакт со нив и разговаравме. Себ беше повеќе во шок, но немаше скршеници. Со хеликоптер беа пренесени во болница на прегледи, што е рутинска и исклучително важна процедура по ваква несреќа. Сè уште не знаеме дали причината за несреќата беше технички дефект или нешто друго“, изјави Канкунен за „Rally.tv“.

Набргу потоа се огласи и самиот Ожие; им се заблагодари на сите за поддршката и истакна дека ќе остане во болница преку ноќ од претпазливост.

„Најважно е што и двајцата сме добро. Се разбира, ова не беше исходот на кој се надевавме, особено по фантастичниот почеток на викендот. Сакам да му се заблагодарам на целиот тим на „Тојота“ за изработката на толку издржливи и безбедни автомобили, како и на Жилиен, кој веднаш го извести моето семејство дека сè е во ред.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алкараз за Ѓоковиќ: Тука нема простор за дебата

За еден од најдобрите светски тенисери во моментов, младиот Шпанец, Карлос Алкараз нема дилема:  славниот Србин Новак Ѓоковиќ е без конкуренција кога станува збор за движењето на теренот и карактеристичниот стил на лизгање ...

Алкараз за Ѓоковиќ: Тука нема простор за дебата

За еден од најдобрите светски тенисери во моментов, младиот Шпанец, Карлос Алкараз нема дилема: славниот Србин Новак Ѓоковиќ е без конкуренција кога станува збор за движењето на теренот и карактеристичниот стил на лизгање што стана негов заштитен знак.

Младиот шпански ас јавно му оддаде признание на српскиот тениски ас, ставајќи го на самиот врв во оваа категорија.

Оваа реакција беше поттикната од објава на официјалниот профил на АТП на Инстаграм, каде што од навивачите се бараше да го изберат играчот со најдобро движење на турнејата.

Покрај Ѓоковиќ и Алкараз, меѓу кандидатите беа и Рафаел Надал и Енди Мареј.

Меѓу илјадниците одговори од навивачите, посебно внимание привлече коментарот на шпанскиот тенисер; без двоумење, тој го даде својот глас за Ѓоковиќ.

„Ѓоковиќ. Тука нема простор за дебата“, напиша шпанскиот тенисер.

Српскиот тенисер го планира својот следен настап на турнирот „Мастерс“ во Синсинати, кој ќе му послужи како последна подготовка за „Ју-Ес Опен“. Од друга страна, Шпанецот исто така се подготвува за остатокот од сезоната и се очекува да биде меѓу главните фаворити на последниот грен-слем турнир оваа година, покрај Ѓоковиќ и Јаник Синер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер