Фото Атрактивната водителка „гори“ во бикини,таа е секс-бомба и има 55 години - Канал 5

Фото Атрактивната водителка „гори“ во бикини,таа е секс-бомба и има 55 години

Мегапопуларната водителка и членка на светски познато музичко шоу, 55-годишната Аманда Холден со години плени со својот изглед на малите екрани, но и на социјалните мрежи, а нејзините фотографии во бикини се секогаш главна тема.

Фото Атрактивната водителка „гори“ во бикини,таа е секс-бомба и има 55 години

Водителката Аманда Холден често воодушевува со својата прекрасна фигура и смели модни изданија. Со почетокот на летото, Аманда ужива да носи бикини и редовно објавува фотографии на социјалните мрежи.

Во интервју за „Дејли мејл“, водителката ја откри и „својата тајна“, со оглед на тоа што, секогаш кога ќе ја видат, сите прашуваат само едно – како е можно да изгледа толку добро во својата шеста деценија.

Како што самата истакна, таа го следи советот на Елизабет Харли за еден квалитетен оброк дневно. За појадок обично јаде омлет од белки со спанаќ, фета-сирење и авокадо, пие зелен сок, а потоа не јаде ништо сè до вечерата.

„Јас сум вегетаријанка, па мислам дека веројатно затоа сум прилично здрава; ја сакам храната и го сакам алкохолот, особено Аперол во вакво време“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот

На четири средби пред крајот на 23 Светски фудбалски шампионат четирите полуфиналисти покажаа дека со право се избориле за место меѓу четирите најдобри репрезентации на Мундијалот .

Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот

Во досегашниот тек од шампионатот според ,многумина Франција е најубедлива, Аргентина е најефикасна, Шпанија непобедлива, а Англија – најупорна.

На Светското првенство останаа само четири репрезентации, а секоја од нив стигна до полуфиналето на сосема поинаков начин. Статистиката покажува дека Аргентина и Франција ги имаат најопасните напади, Шпанија ја контролира играта и создава голем број шанси, додека Англија својата сила ја црпи од физичката моќ, дисциплината и неверојатниот борбен дух.

Актуелните шампиони постигнаа 17 гола на шест натпревари, што е просек од речиси три гола по натпревар. Франција постигна еден помалку на патот до полуфиналето, Англија има 13, а Шпанија е последна меѓу полуфиналистите со 11 гола.

Тимот предводен од Лионел Меси покажа најголема ефикасност кога се појавуваат можности, додека Французите продолжуваат да го одржуваат својот углед како тим способен да ги казни противниците во секој момент.

Шпанија останува најголемата енигма меѓу последните четири тима. Тимот на Луис де ла Фуенте испрати огромен број шутеви кон противничките голови, предводејќи го тимот заедно со Франција во однос на вкупниот број обиди. Сепак, завршувањето останува проблем.

Шпанците имаат упатено 112 шутеви, но само 40 биле во гол. Нивниот процент на реализација е само десет проценти, што ги става меѓу помалку ефикасните тимови на турнирот.

За разлика од другите полуфиналисти, Англија не импресионира со својата напаѓачка статистика. „Трите лава“ имаат забележано најмалку шутеви и најмалку прецизни додавања меѓу првите четири екипи.

Екипата на Томас Тухел покажува огромна физичка сила, агресија и подготвеност да се бори за секој сантиметар од теренот. Англискиот тим е меѓу екипите што прават најмногу фаули, а се издвојува особено по интензитетот на трчање и бројот на спринтови.

Интересно е што Аргентина помина најголемо вкупно растојание меѓу преостанатите екипи, а Англија е веднаш зад нив. Иако Аргентинците немаат највисока просечна брзина на движење, нивната игра се потпира на искуство, контрола на темпото и индивидуален квалитет.

Од друга страна, Франција и Шпанија се помалку зависни од физички дуели, компензирајќи за ова преку техничка супериорност и организација.

Бројките нема да одлучат кој ќе биде светски шампион, но јасно ги покажуваат различните идентитети на четирите преостанати тима. Аргентина има моќ на постигнување поени, Франција ширина и квалитет, Шпанија контрола врз играта, а Англија менталитет на тим кој одбива да се откаже.

Сега доаѓа моментот кога статистиката се става во втор план - бидејќи еден натпревар одлучува кој ќе го направи последниот чекор кон светската титула.

Секако полуфиналните пресметки ќе бидат интересни и поради четирите големи ѕвезди на полуфиналистите, неверојатните стрелци Меси, Мбапе, Кејн и волшебникот со топката Јамал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Дизелот поскапува за 5,5 а бензините за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република  Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59%.

РКЕ: Дизелот поскапува за 5,5 а бензините за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59% во однос на одлуката од 06.07.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,467%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 11,010%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 9,189% и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,604% поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,2765% %

Од 8.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 87,00 (денари/литар)

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 89,00 (денари/литар)

- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 88,00 (денари/литар)

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 86,00 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС - 42,168 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 4,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,938 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.7.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов Програмата за претприемачи

Повик за компании: Искористете бесплатна експертска поддршка од канадски советници.

Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов Програмата за претприемачи

Македонија2025 објавува повик за апликации за македонски микро, мали и средни компании заинтересирани да добијат бесплатна експертска поддршка преку Битов програмата за претприемачи.

Битов програмата за претприемачи се спроведува во партнерство со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization), канадска организација со повеќе од 50 години искуство во поддршка на економскиот развој и јакнење на приватниот сектор на глобално ниво.

Преку оваа програма, Македонија2025 и Catalyste+ заеднички работат на подобрување на конкурентноста и развојот на македонските компании. Програмата се реализира во Македонија од 2018 година, а досега поддршка добиле повеќе од 30 македонски компании.

Избраните компании ќе имаат можност да соработуваат со искусни канадски советници, професионалци со долгогодишно меѓународно искуство, кои ќе обезбедат практични совети и насоки за конкретни деловни предизвици и развојни можности, согласно потребите на компанијата.

Македонија2025 целосно ги покрива трошоците за ангажманот на советникот, како и неговото патување до Македонија. Компанијата учесник има обврска да обезбеди сместување, оброци и локален транспорт за советникот, доколку е потребно.

Кој може да аплицира?

Програмата е наменета за микро, мали и средни компании кои ги исполнуваат следните услови:

Компанијата постои најмалку една година;

Сопственикот и управителот на компанијата се македонски државјани и жители на Македонија;

Компанијата има лице кое ќе биде директно вклучено во процесот, достапно за советникот и ќе соработува со него за време на посетата, со добро познавање на англиски јазик;

Постои висока посветеност од страна на менаџментот за спроведување на препораките и промените;

Компанијата е финансиски стабилна и има капацитет за имплементација на предложените активности;

Компанијата ги исполнува критериумите за микро, мала или средна компанија.

Предност ќе имаат компании кои работат во следните области:

туризам и угостителство;

финансиски услуги;

агро-бизнис;

информатичко-комуникациски технологии (ИКТ);

управување со природни ресурси;

обновливи извори на енергија;

прехранбена индустрија;

и други сектори со потенцијал за раст и развој.

Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани, имаат потенцијал за раст и развиваат иновативни производи или услуги.

Краен рок за аплицирање: 31.08.2026 година

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер