2Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026
МакедонијаСДСМ: Ако ВМРО е толку силна, зошто инсистира на кражба на гласовите од дијаспората?ВМРО-ОКГ обвинува дека опозицијата се повлекува од преговорите за Изборниот законик затоа што се плаши од избори и пораз. Но оваа теза е нелогична и лесно разоткриена.Ако ВМРО-ОКГ и Мицкоски се толку силни како што тврдат, зошто толку инсистираат на закон кој овозможува неконтролирана кражба на гласовите од дијаспората? Ако се толку убедени во својата победа, зошто им е потребна изборна манипулација? Фактите се јасни: ВМРО изгуби над 150.000 гласови на последните избори. Рејтингот на Мицкоски е на историски минимум поради секојдневните лаги и неисполнети ветувања. Ако навистина беа толку силни, немаше да се фаќаат за вакви методи. Единствените кои се плашат од пораз на изборите се токму ВМРО и Мицкоски. Тоа не е страв само од опозицијата - тоа е страв од одговорност пред законот. Страв од тоа што ќе се случи кога ќе треба да одговараат за криминалните тендери, за кражбата на парите на граѓаните и за систематската корупција. Затоа и се брза со предвремени избори. Падот на рејтингот и загубата на стотици илјади гласови го притискаат Мицкоски да ги распише што поскоро. Веќе ниту пропагандата, ниту 40 отсто од орбановите медиуми не можат да ги сокријат неуспесите на оваа влада на сите полиња - економскиот колапс и празниот буџет се видливи за секој граѓанин. Овие „големи патриоти“ со бугарски државјанства, европски пасоши и фирми во Бугарија, сега се загрижени за сопствената судбина. Не за иднината на Македонија, туку за сопствената одговорност. Затоа сакаат да ги наместат следните избори - за да ја одложат правдата што неизбежно доаѓа. Народот не е наивен. Лаги, манипулации и изборни кражби повеќе не поминуваат. Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Шоу бизЗапален автомобилот на познат српски пејач Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип. Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец. Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.Тагови: пожар Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 процентиЈануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година. На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица со шункаВо вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.Состојки за денешниот рецепт: 1 готово тесто за пица 100 гр. доматен сос 150 гр. шунка 150 гр. кашкавал 150 гр. печурки 50 гр. маслинки без семка малку оригано и др. зачини по избор. Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter