Собраниска седница за реконструкција на Владата – разрешени се осум министри, Стоилковиќ со најмногу гласови – 95 „за“
1Собраниска седница за реконструкција на Владата – разрешени се осум министри, Стоилковиќ со најмногу гласови – 95 „за“
Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
2Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
Македонија„Фокус“: Во Скопје е запален автомобилот кој го користеше екс-судијата Ѓоко РистовВо скопската населба Тафталиџе ноќеска целосно изгоре патнички автомобил, кој, според неофицијални информации што ги објави Фокус, го користел судијата Ѓоко Ристов.Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска околу 02:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на територија на карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. „Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, патничко возило „сангјонг“ и деловен објект.. Огнот бил изгаснат од екипа на бригадата за противпожарна заштита Скопје. “ велат од МВР. Ѓоко Ристов е поранешен судија во скопска апелација, против кого се води судски случај за пронајдените 350.000 евра заѕидани во семејната куќа во Неготино. Само неколку часа пред опожарувањето на автомобилот, неговата сопруга Симона Зориќ Ристова која е државна правобранителка, имаше подолго интервју во кое зборуваше за предметот, но и за други состојби во судот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобраниска седница за реконструкција на Владата – разрешени се осум министри, Стоилковиќ со најмногу гласови – 95 „за“Во Собранието започна дводневната расправа за реконструкцијата на Владата, која ќе опфати 8 министри. Расправата ја следи Јана Јосифоска. Јана, како тече седницата, кога може да се очекува да бидат избрани новите членови на кабинетот на премиерот Мицкоски? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПропадна обидот на Левица за координативна средба на опозициските партии за Изборниот законикНа два дена до истекот на рокот во Собранието да се донесе Изборниот законик, опозицискиот блок остана без заедничка позиција откако пропадна обидот да се свика координативен состанок инициран од партијата Левица. Од СДСМ обвинуваат дека состанокот е како што велат, „класичен обид на Мицкоски, преку своите сателити„ , да создаде слика дека опозицијата ја блокира реформата на Изборниот законик. -Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра. Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски? СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби на Мицкоски. Нема да се собираме за да му правиме услуга во неговата кампања за предвремени избори. – Порачаа од СДСМ преку партиското соопштение. Од Левица обвинија дека одбивањето на СДСМ за координација околу изборниот законик е неодговорно опозициско однесување во момент во кој како што велат, постои реална можност за заедничко дејствување. За СДСМ, сепак, сегашниот изборен модел е прашање на политичко преживување. Затоа панично го бранат системот што произведува изгубени гласови, непропорционална распределба на мандати и вештачки политички кислород за партии кои одамна ја загубија довербата кај граѓаните. Се надеваат дека она што повеќе не можат да го добијат од граѓаните, ќе го добијат од изборната математика. – велат од Левица. Од ДУИ пак велат дека не ја прифатиле поканата од Левица за присуство бидејќи истата ја добиле само еден час пред започнување на состанокот. За ВМРО-ДПМНЕ денешниот пропаднат обид за опозициска координација е доказ дека опозицијата намерно го блокира овој чекор од реформската агенда. -Со месеци се преговараше, над 4 месеци, потоа кога требаше да се поднесе законот, се повлекуваа, со што директно одиме на тоа дека едноставно опозицијата нема интерес овој закон да биде донесен и да го исполниме последниот „benchmark“ што го имаме како врска од реформската агенда. Доколку тоа не се случи во текот на денешниот ден, а со оглед дека рокот е до 15 јули, уште еднаш ќе се покаже хипокризијата, каде што во првиот дел од денот не обвинуваат дека не сме ориентирани кон исполнување на реформите за приближување кон Европската Унија, во вториот дел од денот самите ги блокираат,- - Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. По ова станува се поизвесно дека по четиримесечни преговори во Министерството за правда и неколку обиди да се деблокира Изборниот законик кој е заглавен во Собрание со над 13 илјади амандмани, дека истиот нема да биде донесен до 15 јули кога треба да се испрати извештајот за реформската агенда до ЕК. Освен моделот на гласање на дијаспората, од партиите се чека и консензус за изборниот модел како и за и финансирањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка муЗапечатена капија, непријатна тишина и љубопитни погледи – нова семејна трагедија ја потресе јавноста, син синоќа си го уби татка си во скопски Чаир, откако убиениот во алкохолизирана состојба физички ја нападнал својата сопруга и мајка на убиЗа семејната драма со смртни последици, остана да сведочи крвта која се уште е свежа на плочникот во тесниот двор. Членовите на семејството што ги затекнавме на местото, не сакаа да говорат пред камера за семејната драма со смртни последици се случила околу 23 часот, но во разговор ни посочија дека 31 годишниот Бесар, прво му задал еден удар со нож на 52 годишниот татко Авни, кој успеал да стане за да побара помош, по што неговиот син се вратил и му нанел уште неколку смртоносни убоди. Ножот, со кој го извршил убиството во обид да го прикрие го фрлил во оваа шахта тука, излегол на одредено време, а кога се вратил дома, полицијата набргу го пронашла, а по кратко време било пронајдено и оружјето. Според нашите инфомрации, настанот во МВР го пријавил таткото на убиениот и дедо на убиецот околу полноќ, повикал и итна медицинска помош, но веќе било предоцна. -Полициски службеници од секторот за внатрешни работи Скопје, го лишија од слобода 31 годишниот Б.Џ од Скопје, затоа што според пријавеното со нож му нанел убодни рани на својот татко. Таа по настанот била пренесена во Градската болница, Св. Наум Охридски во Скопје каде и била укажана помош,- -Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Дел од соседите велат дека во овој дом имало историја на насилство и викотници, на што се жалела 54 годишната сопруга на убиениот, за кој велела дека често бил во под дејство на алкохол.. Дали досега имало официјални пријави за семејно насилство до МВР се уште одговор нема, а од ОЈО Скопје велат дека издадени се насоки за случајот и дека постапката е во тек, а телото на 52 годишникот, по нивна наредба, е дадено на обдукција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter