Муцунски најави уставни измени со одложено дејство, ставот на владата наишол на разбирање - Канал 5

Муцунски најави уставни измени со одложено дејство, ставот на владата наишол на разбирање

Во неформалните разговори со дипломатите министерот за надворешни работи Тимчо Мунцуски наишол на разбирање за ставот на македонската влада, уставните измени да се со одложено дејство. 

Муцунски најави уставни измени со одложено дејство, ставот на владата наишол на разбирање

Во „Само Интервју“ на Канал 5 рече дека овој предлог не излегувал од преговарачката рамка и на тој начин ќе се обезбеди гаранција за Македонија дека нема да има ново вето од Бугарија во текот на преговорите само поради билатерално прашање. Во спротивно сценарио со усвоени уставни измени од Собранието и нова блокада на евроинтеграциите, Муцунски оценува дека ќе се наруши легитимитетот на Европската Унија. Сепак овие прашања тој смета дека може да се отворат само кога соседите ќе добијат стабилно политичко раководство.

-Првото што треба да го почекаме е да се формира политичка влада кај нашиот сосед, но некогаш времето може да биде и во наш интерес. Ако ме прашувате за ставот на соговорниците со кои разговарав, не би цитирал никој поединечно, но би рекол дека има едно размислување дека има логичност во тоа што го кажуваме и дека ја заштитуваме и самата ЕУ со овој модел. Никој не може да ни гарантира дека другата страна ќе го прифати тоа, но јас верувам и во разумноста на бугарската страна,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи.

Министерот кој беше дел од делегацијата на НАТО самитот во Вашингтон вели дека таму многу малку се зборувало за Преспанскиот договор, но со Грција вели дека мора да има дијалог со ладни глави на страна од предизборната реторика. Иако средба Мицкоски-Мицотакис не се оствари, Муцунски рече дека во идниот период ќе мора да се реализира. Ние немаме проблем со Грција бидејќи го почитуваме Договорот од Преспа, а доколку се отворат канали на комуникација ќе ги убедуваме дека целта ни е заедничка и треба да соработуваме, оценува тој.

-Колку и да не ми се допаѓа тоа, мислам дека е навредувачки и потврдувам. Свесни сме, апсолутно сме свесни дека уставното име на државата е Република С. Македонија, но истовремено да не заборавиме дека во самиот договор има членови коишто регулираат како може да се користат термините „Македонија“ и „македонски“. Дали личните карти и возачките ни се со Република С. Македонија - се е сменето, дали комуникацијата меѓу институциите е со тоа име, дали ние сме свесни кога објавуваме прес релисови се користи тоа име.. Е сега прашањето е дали некој во 21 век ќе ми забрани што јас да говорам? - Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи.

Во однос на амбасадорот Љубомир Фрчкоски кој е повикан на консултации во МНР, Муцунски ги отфрла наводите дека зад случајот има идеолошки причини.. Рече дека фактите поврзани со овој случај биле застрашувачки, со сериозни индиции за недостаток на финансиски средства, но разврската се очекува за еден месец.

Министерот добил информација од негов колега во друга држава за несоодветно постапување на уште еден македонски амбасадор, а за амбасадор во Албанија Данчо Марковски кој беше повикан за Пописот таму, рече дека вината била лоцирана во претходното раководство на МНР во Скопје кое не презело мерки за надминување на проблемите, па тој ќе се врати во Тирана да го заврши мандатот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Али Експрес продавал небезбедни играчки и козметика- ЕУ го казни со 550 милиони евра

Европската комисија го казни AliExpress со 550 милиони евра бидејќи платформата не спречила ефикасно продажба на нелегални, небезбедни и фалсификувани производи. 

Али Експрес продавал небезбедни играчки и козметика- ЕУ го казни со 550 милиони евра

Овој потег е дел од пошироките мерки на Европската Унија насочени кон кинеските онлајн продавници, кои вклучуваат построги проверки и нови увозни такси за платформи за брза мода како Temu и Shein, пишува Euronews.

Контекст на одлуката

Одлуката е донесена само неколку дена откако ЕУ воведе фиксна давачка од 3 евра за пакети во вредност до 150 евра. Ваквите пратки претходно влегуваа на пазарот на Унијата без царина, а се очекува новата такса значително да влијае на деловните модели на кинеските онлајн трговци на мало.

Казната е резултат на официјална постапка започната во 2024 година за сомнителни прекршувања на Законот за дигитални услуги (DSA). Комисијата утврди дека Aли Експрес не воспоставил ефикасен систем за откривање и отстранување на нелегални производи. Исто така, беше заклучено дека компанијата го потценила вистинскиот обем на работа на модераторите на содржини во однос на нивниот број.

Пропусти утврдени од истрагата

Истрагата, исто така, откри дека постојните проверки за усогласеност на производите се отворени за злоупотреба. Утврдено е дека некои трговци намерно погрешно класифицирале производи за да ги искористат поопуштените регулаторни барања.

Според наодите, големи количини на нелегални производи, вклучувајќи небезбедни играчки и опасна козметика, продолжиле да се продаваат на AliExpress и покрај напорите за модерирање. Во некои случаи, ваквите производи останале достапни со недели откако биле пријавени.

Комисијата, исто така, откри дека AliExpress не ја спроведувал доследно својата политика за казни. Ова им овозможило на продавниците што нуделе нелегални производи да останат активни дури и по воведувањето на санкциите. Системот за овластување на брендот, дизајниран да спречи продажба на фалсификати, бил оценет како неефикасен бидејќи продавачите успеале да го заобиколат.

Рок за корекции

AliExpress има рок до 20 октомври 2026 година да презентира акционен план со мерки за решавање на идентификуваните проблеми. Комисијата потоа ќе одлучи во рок од два месеци дали се потребни понатамошни чекори.

Во одговор на Euronews, AliExpress изјави дека инвестирале значителни ресурси во проценка на ризикот, безбедност на производите и заштита на потрошувачите. „Не се согласуваме со денешната одлука и непропорционалната казна.

Веруваме дека таа не ја одразува нашата воспоставена рамка и значајните, проактивни подобрувања што ги направивме“, се вели во соопштението на компанијата. „Внимателно ја анализираме одлуката и ги разгледуваме сите достапни опции.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија нападна товарен брод во Црното Море, загинаа десет члена на екипажот

Најмалку десет члена на екипажот загинаа, осум беа спасени, а по петмина сè уште се трага откако руските сили денеска погодија меѓународен товарен брод во Црното Море во близина на украинското пристаниште Одеса.

Русија нападна товарен брод во Црното Море, загинаа десет члена на екипажот

Бродот што пловел под знамето на Гвинеја-Бисао го напушти пристаништето натоварен со пченка и превезувал 17 морнари од Индија и Сирија и еден украински државјанин, изјави украинскиот премиер Сергеј Коретски. Москва сè уште не го коментирала нападот.

„Бродот е цивилен, екипажот е меѓународен“

Русија ги засили нападите врз главните украински пристаништа на југот од земјата во последните недели, преку кои се извезува голем дел од житото и друг важен товар на земјата.

„Ова е цивилен брод, меѓународен екипаж и рута важна за глобалната безбедност на храната. Путин повторно избра цел“, напиша украинскиот вршител на должноста министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалната мрежа X.

Еден ден претходно, едно лице беше убиено во руски напад врз пристанишната инфраструктура во Одеса, погодувајќи брод што пловел под знамето на Антигва и Барбуда.

Во петокот, три лица беа убиени во руски напади врз Одеса и Николаев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)

Повеќе медиуми јавуваат дека полицијата денеска ја уапсила директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар.

Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)

Според информациите, заедно со директорката уапсени се и две лица, нејзини соработници во „Комуналец“.

Претходно, директорката беше суспендирана од страна на градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани.

Инаку, Асани, откако избувна епидемијата, тврдеше дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негираше информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот. Асани велеше дека „меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода“ и според неа причина за заболувањата на над 1.200 граѓани била храната што ја јаделе или високите температури.

„Полициски службеници од ПС Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод. Лишени од слобода се А.А. од с.Здуње – в.д. Директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од с.Форино шеф на „Водовод и канализација и Л.Н. од с.Вруток – технички директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар. Надлежните институции продолжуваат да преземаат дејствија за прибирање докази во предистражна постапка.“, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер