Шантел Џонсон и Колин Нулџит тргнале на викенд во националниот парк Кип Ривер во Западна Австралија , сакајќи да бидат поблиску до природата. Но , целата забава била прекината , кога џипот им се заглавил во кал , а околу нив имало само огромно пространство на мочуриште преполно со крокодили. Тие не носеле мобилни , зашто сакале да бидат целосно изолирани , а само на родителите им кажале дека викендот ќе го минат во националниот парк.
Кога не се вратиле , росдителите пријавиле во полиција , па сепак во големиот парк не можеле да ги лоцираат од хеликоптер. Момчето и девојката за тоа време се обидувале на секој начин да го придвижат џипот , но попусто. Кога почнала да надојдува морето во крајбрежниот мочуришен предел, се соочиле со огромните крокодили и се скриле во џипот , не знаејќи што да прават .
Но , вториот ден дошле до оригинална идеја. Во калта напишале со големи букви ,,Помош” , а од гранките запалиле оган . Токму тоа ги довело спасувачите со хеликоптер до нив , бидејќи не очекувале дека двојката ќе отиде толку далеку во националниот парк.
По спасувањето , полицискиот наредник Дин Анджејчак ги посоветувал следниот пат ако планиртаат авантура , да се опремат со средства за комуникација и со помошни алатки за оф роуд за нивниот џип.