МакедонијаМногу дилеми во правната фела околу најавениот закон за рестриктивни мерки Калајџиев за Канал 5 вели дека се што е предвидено со овие измени е погрешно. Извршната власт преку Законот за рестриктивни мерки ќе го озакони влијанието врз судството, спротивно на уставот и загарантираните човекови права- вака дел од правната фела ги толкува законските измени кои вчера беа усвоени на владина седница, а предвидуваат американските и британските „црни листи“ да станат основа за санкционирање во Македонија. Универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев за Канал 5 вели дека се што е предвидено со овие измени е погрешно, почнувајќи од тоа што МНР и безбедносните служби ќе имаат одлучувачка моќ, бидејќи се предлага да се надлежни органи кои ќе доставуваат предлози за воведување на рестриктивни мерки. -Правната фела е изненадена, да не речам згрозена од незрелоста на овој пропис. Упаѓањето во оваа сфера од извршната власт со оставена можност пред Управен суд да се водат некакви управни спорови коишто долго траат би значело на некој начин неуставно зафаќање во во човековите права. - Гордан Калајџиев – универзитетски професор по кривично право Низа критики има и самото Министерство за правда во негативното мислење кое со потпис на министерот Кренар Лога било испратено до Влада уште кон крајот на декември. Таму пишува дека предлогот не е во согласност со Уставот и казненото право воопшто, спротивно на концептот на правна држава, има директна повреда на меѓународните стандарди, има сомнеж за злоупотреба за политички цели, се прекршува правото на сопственост, како и пресумпцијата на невиност... -Овие правни акти од странска држава прво директно никаде не се применуваат во трета држава, се мисли на црните листи, тие во суштина се една политичка одлука и тешко би можело било каква црна листа од една држава да има директни последици во друга, па макар и да се признае. Обврската за обвинителството да мора да поведе постапка е исто така спротивно на уставот и законот за кривична постапка. ЈО треба да поведе постапка, да, но тогаш кога има докази. - Гордан Калајџиев – универзитетски професор по кривично право Професорот Калајџиев оценува дека измените на овој закон имаат политичка цел, по бројните забелешки од јавноста дека домашните органи не преземаат ништо за лицата кои САД ги стави на нивната „црна листа“. -Многу е јасно, политички гледано е собирање на некои поени. Демек еве сега ние сме сериозни, на сите овие критики ќе одговориме со некоја мерка која ќе биде оригинална и ќе даде резултати, ама на погрешна патека е. Би било фино кога би нашле некое решение, меѓутоа ова сигурно не е такво решение. - Гордан Калајџиев – универзитетски професор по кривично право Пред да оди во собраниска процедура на гласање, според информациите, МНР како предлагач на предлог-законот треба да го испрати повторно за мислења од повеќе ресори. Во владиното образложение, стои дека на седницата вчера Законот за рестриктивни мерки бил изгласан со консензус и едногласно. Според најавите, со законските измени корупцијата и злоупотребата на службената должност ќе станат дополнителни основи за воведување рестриктивни мерки. Измените покрај конфискацијата на имот, би предвидувале и времено престанување на јавната функција и забрана за учество во процесите на јавни набавки на лицето за кое е покрената истрага сè до правосилна судска одлука. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТрамп ја продолжи вонредната состојба за Западен БалканАмериканскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан, потег што останува на сила поради, како што се наведува, заканите за националната безбедност и надворешната политика на САД.Според објавата во федералниот регистар, мерката се однесува на лица и групи кои поддржуваат екстремистичко насилство во регионот, како и активности што го попречуваат спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, Косово и Македонија. Вонредната состојба првпат ја прогласи американскиот претседател Џорџ Буш 2001-ва година, со извршна наредба која овозможува замрзнување на средствата на поединци и организации што ја загрозуваат стабилноста на регионот. Во документот се споменува и Охридскиот рамковен договор, кој беше вклучен во дополнителните мерки преку измените на извршната наредба од 2003 година.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоВо изминатите 24 часа најмногу дожд во ГевгелијаДадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 20 Гевгелија, 14 Претор, 4 Тополчани, 3 Скопје Петровец, 1 Охрид, Струмица, Штип, Кавадарци. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДва разорни земјотреси ја потресоа Венецуела се проценува дека бројот на жртвите ќе биде огромен (ВИДЕО)Два разорни земјотреси ја потресоа Венецуела загинаа најмалку 32 лица , а најмалку 700 се повредени,се проценува дека бројот на жртвите ќе биде огромен.Земјотресите соборија голем број згради. Луѓето во урнатините бараат помош. Во Каракас прогласена е вонредна состојба. Според официјалните податоци, првиот земјотрес бил со јачина од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, бил со јачина од 7,5 степени според рихтеровата скала. Главниот аеродром во Каракас е затворен, возовите не сообраќаат, обемот на штетата сè уште се проценува, но се верува дека е огромна. Зградите се без струја, а метрото е целосно затворено, јавува Ванеса Силва од Би-Би-Си од Каракас. Земјотресите, можеа да се почувствуваат дури до Богота, Колумбија. Венецуела славеше национален празник , а многу луѓе биле дома кога се случија земјотресите. Тагови: Венецуела земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter