Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари
ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село
1Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари
2ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ФудбалМеси на 39. роденден покажа како ја одржува завидната кондиција (ВИДЕО)Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, го слави својот 39-ти роденден, а е во средината на Светското првенство, каде што повторно импресионира со своите настапи. Во оваа пригода, тој сподели ретко видео од тренинг во теретана на социјалните мрежи и пријатно изненади милиони следбеници. Меси не е еден од спортистите кои често објавуваат слики од теретана, па видеото веднаш привлече големо внимание. Видеото го прикажува како изведува влечење без поголеми проблеми, како и голем број други вежби за сила за различни мускулни групи. Објавата собра милиони лајкови и илјадници коментари за многу краток временски период, а бројни следбеници ја пофалија неговата физичка подготвеност. View this post on Instagram A post shared by Leo Messi (@leomessi) Нов рекорд на Светското првенство Иако наполни 39 години, аргентинскиот капитен сè уште игра во врвна форма на ова Светско првенство. Во првите два натпревари постигна дури пет гола и напиша нова страница во фудбалската историја. Со вкупно 18 гола, тој стана најдобар стрелец во историјата на светските првенства, надминувајќи го претходниот рекордер, Германецот Мирослав Клозе, кој ја заврши кариерата со 16 гола на светските првенства. Легендарниот фудбалер е роден на 24 јуни 1986 година во Росарио, Аргентина.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денариОпштина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари.„Во предизборната програма ветив дека ќе ја удвоиме финансиската помош за пензионерите и тоа ветување го исполнуваме. Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат внимание, грижа и конкретна поддршка. Знам колку им значи секој денар во домашниот буџет, затоа продолжуваме со мерки што им ги олеснуваат секојдневните трошоци“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Право на финансиска поддршка од 5.000 денари имаат примателите на старосна, семејна или инвалидска пензија, како и корисниците на право на социјална сигурност за стари лица, кои имаат постојано живеалиште во Општина Центар и чиј месечен износ на пензија, односно право на социјална сигурност, не надминува 28.050 денари. За аплицирање е потребно да се достават пополнето барање, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка. Пензионерите треба да приложат и доказ за примена пензија за јули или август 2026 година, односно пензиски чек или потврда од банката во која ја примаат пензијата. Корисниците на право на социјална сигурност за стари лица треба да достават потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа – ЦСР Центар. Барањето може да се подигне во Архивата на Општина Центар, во барака 6, или да се преземе од општинската веб-страница. Документацијата се поднесува секој работен ден, од 08:30 до 13:00 часот, во барака 6 – Сала на Советот на Општина Центар, исклучиво во писмена форма. Барањата доставени по електронски пат или по пошта нема да се разгледуваат. Повеќе информации на следниот линк:ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик од Општина Центар-Скопје | Општина Центар Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново СелоНово Село продолжува да се развива. Се работи на многу нови проекти и инвестиции кои ќе им го олеснат животот на граѓаните и ќе допринесат за развој на локалната економија и создавање подобри услови за идните генерации. Во фокусот на општината се неколку значајни проекти кои претставуваат важен чекор кон посовремено, поуредено и поразвиено Ново Село. Еден таков проект е нов цевковод од 8,9 километри за сигурно водоснабдување. Еден од најзначајните инфраструктурни проекти е проектирањето на нов цевковод во должина од 8,9 километри, со планиран зафат во близина на Стиник, кој треба да обезбеди чиста вода за пиење за жителите на Ново Село и Самоилово. Реализацијата на терен е планирана да започне во средината на 2027 година. Со оваа инвестиција се поставуваат темелите за долгорочно и одржливо решение за водоснабдувањето и поголема сигурност за граѓаните. По три децении очекување, започнува реализацијата на проектот за целосно покривање на пазарот во Ново Село. Инвестицијата ќе овозможи подобри услови за земјоделските производители, трговците и посетителите, ќе ја поттикне локалната трговија и ќе придонесе за поголема поддршка на домашното производство. Овој проект претставува значаен чекор кон модернизација на пазарот и зајакнување на локалната економија. Во Ново село се асфалтираат 18 улици за подобра инфраструктура. Со потпишувањето на договорот за реализација на годишната програма за асфалтирање, предвидено е до крајот на 2026 година да се асфалтираат 18 улици во населените места во општината. Оваа инвестиција ќе придонесе за подобра поврзаност, побезбедно движење и поквалитетни услови за секојдневниот живот на жителите. Покрај овие приоритетни проекти, Општина Ново Село продолжува да инвестира и во развојот на туризмот, пешачките и рекреативните патеки, спортот, културното наследство и подобрувањето на комуналната инфраструктура. Со одговорно управување со општинските финансии, внимателно планирање и посветена работа, општината создава услови за нови инвестиции и рамномерен развој на сите населени места. Ново Село продолжува напред со конкретни проекти, нови можности и инвестиции за подобра иднина на сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаСДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓанитеСо новиот ребаланс арамијата Мицкоски повторно ги отпиша работниците, земјоделците, граѓаните. Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема мерки за заштита на стандардот, нема помош за земјоделците. Има нови долгови и високи камати што ќе ги плаќаат граѓаните и идните генерации. За 2 години Мицкоски натовари нови 4 милијарди евра долг врз грбот на народот, половина од вкупниот долг од независноста до денеска. Но тие пари не се за граѓаните туку за криминални тендери. Граѓаните арамијата ги остави сами. Секој месец нови поскапувања, а платите остануваат недоволни за живот. Од јануари трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари. Октомвриската синдикална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари. Ниту три минимални плати не ја покриваат основната потрошувачка кошничка. Работникот работи цел месец, а не може да ги плати основните потреби на семејството. Околу 180.000 работници примаат плата под 31.200 денари, додека минималната останува на 26.000 денари. За нив Мицкоски нема пари. Се најавуваат и нови поскапувања на струјата и парното, во Европа се кројат планови поради ризикот од поскапување на храната. Само арамијата Мицкоски ништо не прави. Цела година ги остави граѓаните сами да се справуваат со кризата, одбивајќи ги мерките што ги предложи СДСМ. Ова е свесен избор на Мицкоски: за работниците нема, за партиските тендери има. Долг врз долг, ребаланс по ребаланс, а сметката секогаш кај народот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59