3Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов
БалканТрамп ја продолжи вонредната состојба за Западен БалканАмериканскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан, потег што останува на сила поради, како што се наведува, заканите за националната безбедност и надворешната политика на САД.Според објавата во федералниот регистар, мерката се однесува на лица и групи кои поддржуваат екстремистичко насилство во регионот, како и активности што го попречуваат спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, Косово и Македонија. Вонредната состојба првпат ја прогласи американскиот претседател Џорџ Буш 2001-ва година, со извршна наредба која овозможува замрзнување на средствата на поединци и организации што ја загрозуваат стабилноста на регионот. Во документот се споменува и Охридскиот рамковен договор, кој беше вклучен во дополнителните мерки преку измените на извршната наредба од 2003 година.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 32 загинати во катастрофалните земјотреси во Венецуела (ВИДЕО)Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 700 беа повредени во два земјотреса, со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, кои ја погодија Венецуела утрово по средноевропско време.Се очекува бројот на жртви значително да се зголеми, а многумина се водат како исчезнати. Земјотресите го погодија северниот дел на Венецуела, западно од Каракас. Venezuela 🇻🇪: Entire homes collapsed in the town of Diego Ibarra in Carabobo state. pic.twitter.com/UsllX7YEsm — Thomas van Linge (@ThomasVLinge) June 25, 2026 Вршната претседателка Делси Родригез прогласи вонредна состојба откако два земјотреси и последователни потреси ја погодија земјата, соборувајќи згради во главниот град Каракас и на други места, и им изрази сочувство на семејствата на загинатите во обраќање на државната телевизија. Edificio Oasis, Playa grande La Guaira, Venezuela Totalmente colapsado ! Tremendo como se oyen los gritos!! pic.twitter.com/pY8pSy2SPr — Alerta Mundial (@TuiteroSismico) June 25, 2026 „Десетици згради се урнаа и во моментов спроведуваме многу интензивни спасувачки напори за да спасиме што е можно повеќе животи. Исто така, сакам да кажам дека ова е вистинска трагедија. Оттука испраќаме порака за солидарност и повторно изразуваме сочувство и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во овие тешки часови“, рече Родригез. Venezolano se graba corriendo las escaleras de su edificio mientras ocurría los dos terremotos que azotaron Venezuela, se pueden ver como las escaleras están agrietadas. pic.twitter.com/PWcRqTq87I — 🇻🇪 amilcarrock 🇺🇦 (@amilcarrock) June 25, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПССЕ: Фокус на демократијата, вештачката интелигенција и медиумските стереотипиПратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска остварија повеќе билатерални средби во текот на сесијата.Во текот на сесијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува во Стразбур и на која учествуваат Иванка Василевска, во својство на заменик-шеф и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, една од темите која предизвика големо внимание беше заштитата на демократијата од нарушувањата предизвикани од вештачката интелигенција. Во своето обраќање на оваа дебата, Иванка Василевска истакна дека вештачката интелигенција има потенцијал да ја зајакне демократијата преку подобрување на процесот на донесување одлуки и зголемувањето на учеството на граѓаните, но, таа исто така носи ризици како што се дезинформациите, лагите и мешањето во изборните процеси. Со цел да се обезбеди вештачката интелигенција да биде од корист за општеството, таа мора да се развива и користи одговорно, транспарентно, праведно и со почитување на човековите права. Василевска нагласи дека Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција е првиот правно-обврзувачки договор кој ја регулира оваа област и информираше дека државата стана потписник на оваа значајна конвенција на 8 мај 2026 година, со што ја демонстрира својата посветеност кон етичкиот развој на вештачката интелигенција. Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, во име на партиската група на социјалистите, демократите и зелените, се вклучи во расправата за елиминирањето на родовите стереотипи во медиумите, нагласувајќи дека често во медиумите се даваат поедноставени и погрешни прикази на жените и мажите што ги зајакнуваат традиционалните родови улоги и придонесуваат за нееднаквост. Таа истакна дека жените често се прикажани како лица кои се грижат за другите, додека мажите се прикажани како силни, успешни лидери. Според Костадиновска Стојчевска, овие стереотипи ги обликуваат јавните ставови и можат негативно да влијаат врз самодовербата на децата, изборот на кариера и разбирањето на родовите улоги. Таа заклучи дека елиминирањето на родовите стереотипи во медиумите е од суштинско значење за промовирање на еднаквоста и создавање поинклузивни општества. Пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска остварија повеќе билатерални средби во текот на сесијата, активно учествуваа во работата на комисиите и на поткомисијата за Западен Балкан, како и во специјализираните иницијативи на Парламентарното собрание, како парламентарната алијанса за слободни и фер избори, комитетот за новиот демократски пакт и други. Тагови: ПССЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНов кинески електричен автомобил ќе се натпреварува со популарните европски брендови„Geely EX2“ би можел да биде еден од најпристапните електрични автомобили во Европа. Во Кина чини само 9.000 евра, но не очекувајте да биде толку достапен на европскиот пазар.Кинескиот производител на автомобили „Geely“ се подготвува да лансира нов електричен модел „EX2“ на европскиот пазар. Станува збор за компактен градски кросовер кој треба да се натпреварува со модели како „Renault 5 E-Tech“ и „Volkswagen ID. Polo“. „Geely EX2“ користи електричен мотор сместен на задната оска, кој развива 114 КС и 150 Nm вртежен момент. Енергијата ја обезбедува „LFP“ батерија со капацитет од 39,4 kWh, а проценетиот досег според „WLTP“ стандардот е до 325 километри. Моделот поддржува брзо полнење со моќност до 70 kW, што не е меѓу најдобрите резултати во својата класа, но е доволно за секојдневна употреба. Со должина од 4,13 метри и волумен на багажникот од 375 литри, „EX2“ ќе биде најмалиот модел во европската понуда на брендот „Geely“. Внатрешноста има два дигитални екрани интегрирани во контролната табла, во согласност со современите трендови. Продажбата во Велика Британија треба да започне кон крајот на годината, по што моделот ќе стигне и на другите европски пазари. Во Кина, почетната цена е околу 9.000 евра, но во Европа се очекува да чини приближно 18.000 евра поради трошоците за транспорт, царината и прилагодувањето кон локалните прописи. Доколку овие проценки се покажат како точни, „Geely EX2“ би можел да стане еден од најпристапните електрични автомобили во Европа и сериозен конкурент на веќе воспоставените европски модели. Извор: Б92Тагови: електричен автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter