Антонела на Меси му испрати посебна порака, откако сопругот ја испиша историјата на СП (ФОТО) - Канал 5

Антонела на Меси му испрати посебна порака, откако сопругот ја испиша историјата на СП (ФОТО)

Лионел Меси повторно влезе во историјата на светските првенства. 

Антонела на Меси му испрати посебна порака, откако сопругот ја испиша историјата на СП (ФОТО)

Со два гола против Австрија, тој стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства и достигна вкупно 18 гола, надминувајќи го претходниот рекордер Мирослав Клосе.

Меси промаши пенал во натпреварот, но брзо се искупи. Тој постигна гол во 38-та и 95-та минута, со што достигна пет гола на ова првенство. Во првиот натпревар против Алжир, тој постигна хет-трик.

Неговиот рекорд предизвика бројни реакции, а особено се издвои објавата на неговата сопруга, Антонела Рокуцо. Таа го гледаше натпреварот од трибините на стадионот во Далас со нивните три сина, Тијаго, Матео и Чиро, кои ги носеа дресовите на нивниот татко.

По натпреварот, Антонела објави порака за Меси на Инстаграм, каде што ја следат 40 милиони луѓе.

„Каква привилегија е да те гледам како ја препишуваш историјата“, напиша таа. Меси ѝ одговори кратко: „Те сакам“.

Објавата брзо собра бројни коментари од навивачите. „Го сакам ова семејство кое секогаш ни носи среќа“, напиша еден следбеник. „Каква привилегија е за сите нас да бидеме сведоци на историјата, одново и одново. Бог навистина го благослови“, додаде друг.

Меѓу коментарите беа и пораките: „Светот гледа легенда, но ова семејство помогна да се создаде“, „Неверојатно семејство“ и „Вашиот сопруг има дар од небото“.

Трка за најдобар стрелец

Меси сега има 18 гола на светските првенства, а Килијан Мбапе е најблиску до него меѓу активните играчи. Францускиот напаѓач досега постигна 14 гола на светските првенства, од кои четири на тековниот турнир.

Љубовта се роди пред славата

Љубовната приказна на Меси и Антонела трае уште од детството. Тие се запознале во Росарио кога имале само неколку години, а Антонела е братучетка на пријателот на Меси, Лукас Скаља. По врската на далечина и годините во кои Меси ја градеше својата кариера во Барселона, двојката јавно ја потврди својата врска во 2009 година.

Тие се венчаа во 2017 година во нивниот роден Росарио, а денес имаат три сина, Тијаго, Матео и Чиро. Антонела е една од неговите најголеми поддржувачи со години и редовно е на трибините за време на најважните натпревари на аргентинската репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-буџетот за 2027 година, по кој се поднесени над 300 амандмани.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Владата планира приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП.

За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува економски раст од 3,8 проценти во 2027 година.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека буџетот обезбедува финансиска стабилност и средства за инфраструктурни проекти.СДСМ, пак, ги оспорува економските проекции и предупредува дека задолжувањето не го подобрило животниот стандард.Опозицијата ги критикува и поскапувањата на енергијата и отсуството на зголемување на минималната плата. Расправата може да трае до десет дена, од кои шест се предвидени за разгледување на амандманите.

По завршувањето на комисиската расправа, буџетот ќе продолжи во собраниска процедура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ограничената брзина на американскиот сателитски систем „Старшилд“ ја отежнува одбраната на Украина од руските напади.

Зеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските напади

Тој побара од САД и компанијата на Илон Маск да ги укинат ограничувањата, нагласувајќи дека од тоа зависи заштитата на животите и енергетската инфраструктура пред зимата. Проблемот со брзината на системот, кој го развива „Спејс Икс“, трае веќе неколку недели.

Украина го користи „Старлинк“ за комуникација на бојното поле, додека „Старшилд“ е наменет за воени потреби, вклучително и заштита од ракети и беспилотни летала.Ограничувањата првпат беа забележани во октомври, по што следуваа спротивставени изјави од Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп. Маск тврдеше дека одговорноста е на американската влада, бидејќи таа управува со системот, додека Трамп негираше дека Вашингтон е одговорен.

Зеленски побара украинските власти да соработуваат што поблиску со американската администрација и компанијата на Маск за надминување на проблемот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази.

Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески.

Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси.

Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер