Мицкоски од Гази Баба: Пуштена е во употреба новата детска градинка „Кокиче“ - Канал 5

Мицкоски од Гази Баба: Пуштена е во употреба новата детска градинка „Кокиче“

Општина Гази Баба доби нова градинка. 

Мицкоски од Гази Баба: Пуштена е во употреба новата детска градинка „Кокиче“

Секогаш кога пуштаме еден ваков објект во функција, јас сум посебно задоволен и среќен, бидејќи на овој начин ќе го подобриме квалитетот на живот на многумина, се разбира најмногу на најмладите, на дечињата. Впрочем, намената на ваквите објекти е токму за нив, да почнат да другаруваат уште од најрани години, да стекнуваат знаења, пријателства, да се формираат како личности.

Првите 6-7 години во животот се секогаш најзначајни, и тие не пратат до крајот на животот. Вредностите коишто во првите 6-7 години ќе ги стекнете, вредностите со коишто ќе другарувате и ќе ги споделувате, тие вредности понатаму најверојатно ќе ве пратат до крајот на вашиот живот.

Така што, јас пред сѐ би сакал да им посакам на нив многу нови другарства, многу знаење, коешто понатаму во животот, живот ќе им значи.

Истовремено би сакал тука исто така да ги потенцирам квалитетот на живот на родителите, коишто сега имајќи ги овие објекти на располагање, ќе знаат дека нивните дечиња се во сигурни раце. Дека се во сигурни раце кај воспитувачите, кај оние коишто ќе се грижат за нивното образование и за нивниот живот и на тој начин ќе можат да се посветат на реализирање на своите професионални обврски и реализирање професионално како личности.

И на крај би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот на Општина Гази Баба, на пратениците коишто доаѓаат од регионот на Општина Гази Баба, на советниците, на администрацијата, којашто ги поддржува ваквите објекти, бидејќи ова се навистина објекти како што кажавме од капитално значење, градиме автопати, градиме булевари, градиме градинки, градиме училишта, градиме игралишта. Сѐ се тоа капитални инвестиции, коишто за жал, со децении не биле изградени или да бидам уште подиректен и попрецизен, за жал, многу пати во минатото биле украдени.

Истовремено, му се заблагодарувам и на министерот за социјална политика, демографија и млади и заменикот за целокупната поддршка, којашто ја даваат при реализацијата на ваквите објекти, институционалната поддршка на централно ниво е исклучително значајна и важна и затоа мојата голема благодарност и почит како тим ја имаат сите учесници во реализирањето на овие проекти. И конечно на крај, на жителите коишто имаа трпение во целиот овој период.

Се надевам дека многу скоро ќе зазелени и партерното уредување околу објектот и навистина ќе го добие својот полн сјај и изглед онака како што го замислуваме.

Им благодарам и на крај и на воспитувачите, на директорката, на сите оние коишто ќе се грижат за образованието и воспитувањето на најмладите, коишто доаѓаат од ова населено место, изјави во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши на Парламентарниот Самит на ПС на НАТО во Истанбул: НАТО мора да остане силен и подготвен за брза реакција

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обрати на Парламентарниот Самит на Парламентарното Собрание на НАТО (ПС на НАТО), што на 28 и 29 јуни 2026г. се одржува во Истанбул, Турција. 

Гаши на Парламентарниот Самит на ПС на НАТО во Истанбул: НАТО мора да остане силен и подготвен за брза реакција

Во делегацијата што ја предводи претседателот Гаши, се и пратеникот Драган Ковачки, шеф на Делегацијата на Собранието на РМ во ПС на НАТО, како и Ибуш Јусуфи, заменик генерален секретар на Собранието.

Парламентарниот Самит на ПС на НАТО, на кој учествуваат претседатели на парламенти на земји членки на НАТО, како и шефови на парламентарните делегации во ПС на НАТО, се одржува во пресрет на Самитот на НАТО, што наредната недела ќе се одржи во Анкара, Турција.

Воведно обраќање на Самитот имаше претседателот на Големото Народно Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш, кој е и домаќин на Самитот на ПС на НАТО. Тој истакна дека се соочуваме со еден од најранливите периоди од безбедносен аспект, но потенцираше дека НАТО сојузниците остро ќе се спротивстават на агресорите и дека ќе го бранат секој метар од територијата на сојузниците. Претседателот Куртулмуш, во своето обраќање, ја реафирмираше поддршката на Украина, се осврна на состојбите на Блискиот Исток и го нагласи значењето на парламентите на земјите членки во јакнењето на НАТО.

Пред присутните се обрати и претседателот на ПС на НАТО, Маркос Перестрело, кој изрази благодарност за ангажманот на Турција во ПС на НАТО и за одличната организација на Самитот. Тој потенцираше дека НАТО гради посилна и поотпорна Европа како основа за посилно трансатланско сојузништво. Воедно, изрази убедување дека НАТО сојузниците на Самитот во Анкара ќе демонстрираат подготвеност да ги реализираат обврските и заложбите што ги имаат преземени за посилно НАТО.

Свое обраќање имаше и заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, која оцени дека безбедносните закани и инциденти кои изминатиов период беа успешно превенирани се доказ дека НАТО е силен и ја брани сопствената територија. Затоа, додаде таа, мора да се осигураме дека НАТО одбраната ќе остане силна. Таа изрази очекување на Самитот на НАТО во Анкара, Турција, сите сојузници да дојдат со реални планови за исполнување на обврската за пет проценти од БДП да бидат инвестирани во одбраната.

Претседателот Гаши во своето обраќање истакна дека во денешниот свет, обележан со неизвесност, дезинформации и геополитички турбуленции, улогата на парламентите е поважна од кога било. Тој потенцираше дека Самитот во Анкара мора да испрати силна политичка порака: НАТО е обединет, трансатлантската врска останува силна, а членот 5 и понатаму е темелот на нашата колективна безбедност.

„Светот брзо се менува. Затоа НАТО мора да остане не само силен, туку и агилен и подготвен за брза реакција, со стратешка визија и процеси на спроведување кои ќе одговараат на темпото и сложеноста на заканите со кои се соочуваме “, истакна претседателот Гаши и додаде дека Македонија е сојузничка членка на НАТО, лоцирана во стратешки чувствителен регион и затоа е од суштинско значење да продолжат инвестициите во Западен Балкан преку понатамошно проширување, продлабочување на партнерствата и зајакнување на иницијативите за безбедносна соработка.

Претседателот нагласи дека Македонија продолжува да ја поддржува Украина, но додаде дека и случувањата на Блискиот Исток имаат значајни последици врз меѓународниот мир и безбедност, енергетските пазари и хуманитарните услови и затоа мора да продолжат дипломатските напори за деескалација и промовирање на дијалогот.

Во своите обраќања, претседателите на парламентите и претставниците на парламентите на НАТО сојузниците ја реафирмираа нивната поддршка кон Украина.

На свечениот ручек се обрати претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој истакна дека одржувањето на овој Самит на ПС на НАТО, особено во овие тешки безбедносни времиња, е симбол на соработката и сојузништвото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мачадо најави враќање во опустошената Венецуела: „Дојде време“

 Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо објави дека наскоро ќе се врати во земјата за да им пружи поддршка на граѓаните погодени од разорните земјотреси во кои загинаа повеќе од 1.450 луѓе.

Мачадо најави враќање во опустошената Венецуела: „Дојде време“

Добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо, денес објави дека наскоро ќе се врати во Венецуела за да им пружи поддршка на граѓаните погодени од разорните земјотреси, нагласувајќи дека нејзина должност е да биде со својот народ. Таа во интервју за Фокс њуз изјави дека „дојде време“ да се врати во земјата.

„Моја должност е да бидам со мојот народ. Треба да бидеме заедно, да се прегрнеме, да тагуваме и да тагуваме заедно“, рече Мачадо. Таа нагласи дека спасувањето човечки животи е апсолутен приоритет, како и обезбедувањето утеха и помош на сите погодени од последиците од земјотресот.

„Ќе се вратам во Венецуела многу наскоро и ќе бидам заедно со венецуелскиот народ“, рече Мачадо. Мачадо, која се криеше од властите по спорните претседателски избори во 2024 година, ја напушти Венецуела во тајна операција во декември 2025 година.

Венецуела беше погодена од два исклучително силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: За 34% е зголемен буџетот во културата, фокусирани сме на реализирање на капитални проекти

Оваа година ако се спореди со 2023 ќе дојдеме до заклучок дека 34% е зголемен буџетот во културата, посебно со фокус кон реализирање на капитални проекти. 

Мицкоски: За 34% е зголемен буџетот во културата, фокусирани сме на реализирање на капитални проекти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа до каде е реализацијата на голем број на капитални проекти најавени во наредните години, до каде е реализацијата на капиталните проекти во културата со оглед на тоа дека и министерот Љутков спомна дека буџетот за културата во овој дел е зголемен, изјави:

„Да, благодарам на прашањето, тоа е така. Оваа година ако се спореди со 2023 ќе дојдеме до заклучок дека 34% е зголемен буџетот во културата, посебно со фокус кон реализирање на капитални проекти. Тука пред сѐ се оние тековни, како што Библиотеката во Тетово, Универзалната сала во Скопје, Турскиот театар, Џез салата и така натаму, сега да не ги редам еден по еден, тоа се многу проекти коишто се во фаза на реализација или ќе отпочнат со фаза на реализација. И очекувам дека овие средства ќе бидат доволни за да оваа година се засилат градежните активности на нови објекти и ако е потребно на крај на година, при таа конечна прераспределба, ќе додадеме и дополнително. Важно е да се трошат пари за капитални инвестиции, бидејќи тие создаваат додадена вредност и тие се тие кои што влијаат врз квалитетот на граѓаните. Да не се трошат за друг тип на трансфери или како што веќе споменав, наместо да се гради, да се краде. Така за жал имавме случаи во државата со децении во минатото.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер