СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави
2СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави
Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
ФудбалСомнеж за „местенка“, Марез од Алжир „призна“ дека натпревар од Светското првенство бил наместен?! Најдобриот фудбалер на Алжир, Ријад Марез, се најде во центарот на скандал откако неговата изјава на крајот од натпреварот против Австрија ги разгоре сомнежите за договорот-,местенка.Мечот Алжир- Австрија по возбудливата завршница финишираше со реми од 3-3, што им гарантираше на Алжир и на Австрија место во осминафиналето на Светското првенство, но начинот на кој тоа беше постигнато предизвика бројни контроверзии. Натпреварот влезе во напната завршница откако Марез постигна гол во 93-тата минута за водство на Алжир од 3-2. Со тој резултат, Австрија ќе беше елиминирана од натпреварувањето, а Алжир ќе имаше исклучително неповолен ждреб во осминафиналето бидејќи ќе игра против Шпанија. Сепак, само три минути подоцна, во шестата минута од судиското продолжение, Австријците израмнија, а алжирската одбрана делуваше крајно пасивно. Сомнежите за регуларноста беа дополнително засилени откако се појавија видеа на кои се гледа како соиграчите на Марез се жалат и го критикуваат веднаш по постигнувањето на голот за 3:2. Наместо да ја смири ситуацијата, изјавата на Марез за медиумите практично ги потврди сомневањата дека постоел премолчен договор за резултат што им одговара на двата тима. „Ја раширивме играта, а тие се повлекуваа. Но, во последен момент некој ја турна топката низ средината. Морав да трчам, морам да го почитувам фудбалот. Знам дека е малку срамно, но вистина е. Топката дојде пред голманот и морав да шутирам, морав да се обидам да постигнам гол“, рече Марез, продолжувајќи со ист тон: „Знам дека беше срамно, но тоа е фудбалот. Морам да го почитувам. И добро е - добро за нив - што на крајот постигнаа гол и поминаа понатаму. И двата тима поминаа понатаму и тоа е најважното нешто.“Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморениАктивноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата.Вчера (07.08.2026) во рамки на летната кампања „Безбедно лето 2026 – Вози одморен“, на автопатот А1, на наплатната станица Романовце, во периодот од 17:00 до 18:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), спроведе превентивно-едукативна активност наменета за возачите. Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата, со посебен акцент на ризиците од управување со возило во состојба на замор, особено во услови на високи температури и зголемена фреквенција на сообраќај во летниот период. На возачите им беа поделени едукативни флаери, а преку непосредна комуникација им беше укажано да не управуваат возило доколку се чувствуваат заморни, да прават почести паузи при подолги патувања и да внесуваат доволно течности, особено вода, за време на патувањето. Министерството за внатрешни работи и РСБСП и понатаму ќе продолжат со превентивни активности насочени кон заштита на сите учесници во сообраќајот. Сообраќајната безбедност зависи од секој од нас – секој живот е важен.Тагови: РСБСП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријавиНа 07.08.2026 во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А.(76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор. По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со РоманијаБеспилотно летало влегло во воздушниот простор на Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ и експлодирало во близина на границата со Романија, изјави премиерот Румен Радев.Во инцидентот немало повредени, ниту материјална штета. Дронот експлодирал на бугарска територија, на околу 100 метри од романската граница, изјави Радев по состанокот на владиниот совет за безбедност во Софија и додаде дека тимови од бугарската гранична полиција и од министерството за одбрана работат на утврдување на потеклото на дронот.Тагови: Бугарија дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter