Нови линии улично осветлување на повеќе локации во општина Илинден - Канал 5

Нови линии улично осветлување на повеќе локации во општина Илинден

Општина Илинден продолжува со модернизација на системот за јавно осветлување, при што во изминатиот период поставено е ново современо ЛЕД улично осветлување на повеќе локации со вкупна должина од околу 1.500 метри.

Нови линии улично осветлување на повеќе локации во општина Илинден

Во рамки на иницијативата „Светла Општина Илинден“, Општина Илинден продолжува со модернизација на системот за јавно осветлување, при што во изминатиот период поставено е ново современо ЛЕД улично осветлување на повеќе локации со вкупна должина од околу 1.500 метри.

Инсталирани се нови метални канделабри и енергетски ефикасни ЛЕД светилки на улица „32“ во н.м Илинден, во должина од 450 метри, на патниот правец Бујковци – Мршевци во должина од 470 метри, на дел од улицата „500“ во должина од 120 метри. Дополнително, осветлени се потегот од Спортската сала „Гоце Делчев“ до СОСУ „Илинден“, улицата од плоштадот кон СОСУ „Илинден“, паркинг-просторот на училиштето, како и улицата и паркингот кај детската градинка, во должина од околу 450 метри.

Со поставувањето на новото ЛЕД осветлување значително се подобрува видливоста и безбедноста на пешаците и сите учесници во сообраќајот, а истовремено се обезбедува поекономично, поефикасно и поодржливо функционирање на системот за јавно осветлување.

Паралелно со поставувањето на нови линии, екипите на ЈКП „Илинден“ континуирано работат на докомплетирање на постојната мрежа за јавно осветлување со санација на оштетените светлосни места, при што се заменуваат дотраените светилки со нови, современи ЛЕД рефлектори.

Општина Илинден останува посветена на континуирани инвестиции во јавната инфраструктура, реализирајќи проекти што придонесуваат за создавање побезбедна, поуредена и енергетски поефикасна животна средина за сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хари Кејн зборува отворено за „Златната топка“, Меси и Роналдо: „73 гола зборуваат сами за себе“

Напаѓачот на Баерн Минхен, капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, разговараше со шпанскиот весник „Марка“ за трката за „Златната топка“, за своите амбиции во Лигата на шампионите, за Жозе Мурињо и за Лионел Меси.

Хари Кејн зборува отворено за „Златната топка“, Меси и Роналдо: „73 гола зборуваат сами за себе“

Напаѓачот на Баерн Минхен, капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, разговараше со шпанскиот весник „Марка“ за трката за „Златната топка“, за своите амбиции во Лигата на шампионите, за Жозе Мурињо и за Лионел Меси, како и за факторите што му овозможуваат да напредува и покрај годините.

Иако зад себе ја има сезоната од соништата во која постигна 73 гола на 65 натпревари, Кејн останува скромен кога станува збор за индивидуалните признанија.

„Никогаш не сум сакал премногу да зборувам за себе. Можам само да кажам дека минатата сезона беше неверојатна, како на личен план, така и за тимот. Тоа несомнено беше најдобрата сезона во мојот живот. Фактот е дека 73 гола – втор најголем број во историјата – зборуваат сами за себе. Исклучително сум горд на тоа, но ’Златната топка‘ не зависи од мене; таа зависи од луѓето што гласаат“, изјави англискиот напаѓач, додавајќи дека евентуална церемонија за доделување на наградата во неговиот роден Лондон би имала посебно значење.

Кога станува збор за европската елита, Кејн отворено призна дека трофејот во Лигата на шампионите претставува најголем преостанат предизвик за Баварците по болната елиминација минатата сезона.

„Минатата сезона беше навистина добра за нас. Завршивме како втори во лигашката фаза и одигравме одлични натпревари против Аталанта, Реал Мадрид и ПСЖ. Бевме многу блиску; имаме самодоверба и вистински тренер. Се работи за тоа да се направи тој последен чекор“, изјави Кејн, кој во елитното натпреварување ќе се соочи со Атлетико Мадрид токму на стадионот каде што го загуби финалето со Тотенхем.

Зборувајќи за својата форма и физичка подготвеност во најдобрите играчки години, тој особено ја истакна соработката со спортскиот лекар Алехандро Елоријага – со кого соработува веќе шест и пол години – посочувајќи го како клучен фактор за одржување на неговите настапи на највисоко ниво.

Кејн со голема почит се наврати на периодот кога соработуваше со португалскиот тренер Жозе Мурињо во Тотенхем, истакнувајќи дека Мурињо му давал целосна слобода на теренот и совршено го разбирал секој детал од играта.

Тој исто така се осврна на можноста да ја освои својата трета „Златна копачка“ – успех со кој би им се придружил на Лионел Меси и Кристијано Роналдо – и се присети на емотивната средба со Аргентинецот по елиминацијата од Светското првенство.

„Меси и Роналдо доминираа во фудбалот цела една генерација. Да се ​​биде дел од тој разговор е нешто посебно. Чувствувам огромна почит кон Меси; тој е неверојатен играч и многу скромен човек кој секогаш го ставаше тимот пред себе“, изјави Англичанецот.

На крајот, напаѓачот истакна дека најважниот столб на неговата кариера е семејната стабилност што ја има со сопругата, родителите и најблиските, нагласувајќи дека среќата надвор од теренот директно се одразува на неговите настапи за Баерн и за националниот тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна

Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење, подготовка на храна и послужување во јавни објекти, соопштија вчера попладне од Општина Струмица.

Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна

Одлуката е донесена од агенцијата за храна и ветеринарство, по спроведен вонреден инспекциски надзор.

Според информациите објавени од општината, при надзорот било утврдено отсуство на резидуален хлор, како и контаминација со бактерии кои се индикатори на фекално загадување.забраната не се однесува само на директно консумирање на водата.

Таа не смее да се користи ниту за подготовка на храна, како и за послужување во јавни објекти во засегнатите населени места.

Од Општина Струмица апелираат жителите на Рич, Попчево, Белотино и Вељуса строго да се придржуваат до изречената забрана.мерката ќе остане во сила сè додека надлежните институции не утврдат дека водата повторно е исправна и безбедна за употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешко повреден малолетник во тепачка во училиштен двор во Ѓорче Петров

Малолетник бил нападнат во школски двор во скопската населба Ѓорче Петров.

Тешко повреден малолетник во тепачка во училиштен двор во Ѓорче Петров

Во средата во 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дворот од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетникот бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал..

Во нападот, детето, чија возраст не е наведена во билтенот на МВР , се здобило со тешки телесни повреди.се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер