СДСМ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб - Канал 5

СДСМ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

Владата на Мицкоски го доведе во ризик еден од најважните столбови на социјалната сигурност – пензискиот систем.

СДСМ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

Нема пари во државната каса за исплата на пензии, а власта го загрози и вториот пензиски столб.

Дупката во ПИОМ се продлабочува и достигна речиси 40%. Ова е резултат на расипничките политики на ВМРО и јасен доказ дека Владата нема решение како да обезбеди долгорочна стабилност на пензискиот систем.

Изјавата на гувернерот Трајко Славески, дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030 – 2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија, е потврда на катастрофалната состојба во пензискиот систем.

Наместо сериозни реформи и стабилизација, Владата посегна по уште поопасен чекор – го доведува во прашање и вториот пензиски столб.

Вториот столб кој се воведе за да се намали притисокот врз државниот фонд и да се обезбеди дополнителна пензија за идните генерации, сега Мицкоски најавува негово можно укинување или сериозно слабеење.

Парите во овој столб се лични средства кои работниците ги издвојуваат со години за сопствената пензиска сигурност.

Укинување или слабеење на овој столб значи уште поголем притисок врз ионака ослабнатиот државен пензиски фонд.

Дополнително, неговото укинување значи дека идните пензионери ќе зависат исклучиво од државниот буџет – кој е пред колапс.

Во отсуство на правилни политики, власта планира и зголемување на стапката за придонесот за задолжително пензиско за пренасочување на пари кон ПИОМ.

Ова е опасна политика. Кога Владата ги гледа парите на граѓаните како решение за својата неспособност да управува со јавните финансии, тогаш никој не може да биде сигурен дека неговите заштеди ќе останат заштитени.

Ова не е пензиска реформа, туку признание дека власта нема капацитет да го одржува пензискиот систем и да им гарантира сигурна пензија и на сегашните и на идните пензионери.

Фондот за пензиско и државниот буџет немаат доволно пари за исплата на пензиите.Јавниот долг неконтролирано расте – само за две години ВМРО создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, буџетскиот дефицит на средина од годината е потрошен.

И ова не се пари за стабилни пензии и плати, за подобро здравство, образование и повисок животен стандард – туку милиони евра за криминалните партиски тендери на ВМРО.

За две години Мицкоски и неговата Владата не само што ја загрозија сигурноста на сегашните пензионери, туку ја доведоа во прашање и иднината на генерациите што допрва треба да се пензионираат.

Прес-конференција, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитровски од Софија: Бугарите во уставот не се проблем, но потребен е дијалог со заемно почитување

Македонците и Бугарите не ја изгубиле меѓусебната доверба, меѓутоа, ни треба подадена рака од Софија за воспоставување на постојан политички дијалог за надминување на разликите – изјави заменик шефот на дипломатија Зоран Димитровски во Софија.

Димитровски од Софија: Бугарите во уставот не се проблем, но потребен е дијалог со заемно почитување

Пред својот говор, Димитровски ја поздрави публиката на бугарски јазик, притоа нагласи дека секој што сака да зборува на мајчиниот македонски или бугарски јазик треба да ја има слободата во тоа. Во овој контекст, Димитровски изјави дека вклучувањето на бугарите во македонскиот Устав никогаш не било проблем, меѓутоа, како што рече, добрососедските односи мора да се двонасочна улица.

-Прашањето за вклучување на Бугарите во нашиот устав никогаш не било проблем и никогаш немало спротивставување на вклучувањето на Бугарите и почитувањето на нивните права.// Но, она што би сакале да видиме е потег и од бугарска страна - почитување на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за регистрација на организациите на Македонците во Бугарија,- -Зоран Димитровски Заменик-министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Димитровски изрази надеж дека во следните месеци ќе се подобри дијалогот на релација Скопје – Софија со што Брисел ќе донесе одлука за отворање на преговорите за членство. Лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче пак без оптимизам за европската иднина на државава. Тој стравува дека Македонија, во група со Косово и Босна и Херцеговина, како што вели, ќе остане слепо црево во Европа.

-За прв пат, како еден дополнителен сигнал за волјата на ЕУ да се проширува е дговорот кој што се спрема за придружно членство на Канада. // Притоа најавува дека за четири земји ќе се изгради точна стратегија, пат во чекори до крајот на мандатот на оваа Европска Комисија, како тие ќе станат земји членки на ЕУ. За жал ние не сме во таа група,- -Венко Филипче, претседател на СДСМ.

И покрај политичкиот проблем, Димитровски најави дека на 8 октомври во Софија ќе се одржи Самит посветен на стартешкито коридор 8, откако со посредство на ЕК се постигна договор за заедничка игзрадба на железничкиот тунел што ќе ги поврзува двете земји.

Во меѓувреме, директорот на МЖ Инфранструктруа, Ивановски инфромриаше дека со залисилена динамика се работи на втората фаза на пругата Бељаковце – Крива Паланка и веќе се реалзиирнаи околу 40 проценти од проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и Израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат структура која треба да опфати огромен број доброволци.

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат структура која треба да опфати огромен број доброволци низ земјата.

Според Associated Press, повеќе од 600.000 Иранци се пријавиле во иницијативата „janfaday-e iran“, односно „оние кои го жртвуваат животот за Иран“, преку која доброволците треба да добијат воена и цивилно-одбранбена обука. Иранските власти очекуваат бројот на пријавени да надмине еден милион.

Размерите на мобилизацијата станаа особено видливи денес во Техеран.

Стотици илјади луѓе учествуваат на голем собир организиран со поддршка на властите, кој Ap го опишува како најголема јавна демонстрација на поддршка за иранската држава од почетокот на американско-израелските напади во февруари.

Басиџ претходно најави дека само во техеран на 18 септември се планира масовна вежба со 313.000 учесници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех на државата, а не трепна кога заедно со Заев го продаваа името

Филипче денес се најде да зборува за распродавање, а не трепна кога Заев го распродаваше името, јазикот и Уставот на државата.

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех на државата, а не трепна кога заедно со Заев го продаваа името

Селфито во авионот на пат кон „брзата ЕУ интеграција“ ја турна државата во ќорсокак, а што е до него и одма би потпишал нов бланко лист.

Селективната принципиелност на Филипче е смешна, му пречат дата центри, не му пречат провизии од вакцини. Неговиот мандат како министер јасно покажа дека му одговара само некој тендер, провизија од вакцина, па дури сакаше и да одземе болница со уцени за судски спорови.

Јасно ни е, на Филипче му пречи секој успех на Македонија, му пречат економските политики на Владата оти ја движат земјата во правилна насока, а за тоа говорат 8-те последователни квартали со раст на БДП од над 3%.

Филипче да се преиспита што точно му одговара, дека до сега знаеме оти не му пречат висококатниците во Дубаи, златни визи, јахтите во Грчка, знаеме дека е фан на Џиновиќ и на Заев, ама не знаеме зошто му пречат сите неуморни напори на Владата да ја води државата напред и да го подобри животот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер